абе не тресете зелени вчера видал умре 75та минута не можеше да оди повеќе а башка тоа фризурата такви лампиони во тим НЕ !!!!
Фризурата му била ружна?! А бе, ми се повраќа кога ќе го видам (карактер, однесување...), најискрено, НО Видал е одличен фудбалер.
Тактички дисциплиниран, игра многу зрело, добар е офанзивно и дефанзивно. Одлично чита игра, добар е во дуел, но што е најдобро кај него, не само кога треба да одземе топка, но и кога треба да се организира напад.
Изминативе неколку сезони додека е во Јуве, ме изненади колку има креативност и визија во него. Не велам дека е Иниеста и Чави, кога се во прашање визија и креативност, но убавото кај него е што тој ги има тие карактеристики, како надоградба на неговите добри дефанзивни способности, на неговата физичка сила и агресивност. Сега на првенството не е 100% спремен, па не можеш да добиеш вистински впечаток.
Што му недостига?
Комплетен играч од среден ред. Погба е добар, но не е на ниво на Видал, барем сега така стојат работите. Погба моментално има предност пред Видал само доколку се работи за средина со тројца, тогаш тој има предност да игра прв човек пред одбрана.
Видал е заокружен фудбалер, знаеш што добиваш, околу Погба има многу прашалници.