Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Епа исти таков е и милеников твој Смојлинг.
Не зборувам за бековската негова позиција. Ако зборувам за таа игра, не треба ни во Вардар да игра.
Смојлинг игра топло ладно, а такви играчи ги има со лопата да ги риниш. И лескот беше солиден едно време, па гледаме сега кај е. Компани (мада поискусен е) скроз исто.

А ако мислите дека Хитлер ќе го чека да созрее за да има стабилност и добри утакмици, сте се зезнале...
ти донесуваш заклучок врз тоа што изиграл ко десен бек факт е тоа, зашто ко цд играл месецов па да речеме поооослем 5 месеци пак и сеа ти неможеш ради тоа да го шутираш од тим а иначе според мене кога игра цд е сосема топ и треба да изигра едно 5 по ред као цд за да правиме муабет. Хитлер да не гледа на гравчиња? нормално ке им даде шанса на сите па кој се докаже кај него ке игра, значи никој не отпишувај пред време
 
абе не тресете зелени вчера видал умре 75та минута не можеше да оди повеќе а башка тоа фризурата такви лампиони во тим НЕ !!!!

Па реално после 60-та минута сите паѓаат ако не си приметил,кој сака нека е ама не се трпи таа топлина, башка вчера играа отприлика околу 12-1 саат на пладне у бразил па сега види си....
 
Еве ви ја причината за кондиционата неспремност на Видал. Не е ни сонцето, ни што е слаб, ни интензитетот на мечот. Имаше повреда и беше опериран во Мај-от. Сеуште не е 100% фит.
 
абе не тресете зелени вчера видал умре 75та минута не можеше да оди повеќе а башка тоа фризурата такви лампиони во тим НЕ !!!!

Фризурата му била ружна?! А бе, ми се повраќа кога ќе го видам (карактер, однесување...), најискрено, НО Видал е одличен фудбалер.

Тактички дисциплиниран, игра многу зрело, добар е офанзивно и дефанзивно. Одлично чита игра, добар е во дуел, но што е најдобро кај него, не само кога треба да одземе топка, но и кога треба да се организира напад.

Изминативе неколку сезони додека е во Јуве, ме изненади колку има креативност и визија во него. Не велам дека е Иниеста и Чави, кога се во прашање визија и креативност, но убавото кај него е што тој ги има тие карактеристики, како надоградба на неговите добри дефанзивни способности, на неговата физичка сила и агресивност. Сега на првенството не е 100% спремен, па не можеш да добиеш вистински впечаток.

Што му недостига?

Комплетен играч од среден ред. Погба е добар, но не е на ниво на Видал, барем сега така стојат работите. Погба моментално има предност пред Видал само доколку се работи за средина со тројца, тогаш тој има предност да игра прв човек пред одбрана.


Видал е заокружен фудбалер, знаеш што добиваш, околу Погба има многу прашалници.
 
Затоа и од Јуве преферираат да го продадат Погба пред Видал.
 
Смолинг да игра десен бек ќе биде просечен и во Чемпионшип, но Смолинг е стопер. Кога дојде прва сезона одличен како замена при повредата на Видич и Рио. Дојдовме таа сезона до финале на ЛШ и освоивме ПЛ како на шала. Сега е во најдобрите години и го има со сето искуство, па со редовно партнерство може да стани столб. Но јас предност им давам на Џонс и Еванс, а Смолинг би бил од втор план, но немам ништо против да биде и во првотимскиот одбранбен тандем, само им давам предност на Џонс и Еванс затоа што првиот го има потенцијалот да стане најдобар бек што заиграл во Јунајтед и е на добар пат за тоа, а Еванс прераснува во лидер во одбраната и има големо искуство зад себе. Сепак ЛВГ сеуште не ги има видено ни на тренинг па камо да оцени на кого ќе се ослони во следна сезона.



Зависи кои се плановите на ЛВГ. Искрено Вермален не би го ставил во прв план покрај Смолинг,Еванс и Џонс во моментов. Да беше тој Вермален од првите 2 сезони во Арсенал ќе беше друг муабет, но му падна формата реално, но исто така не значи дека нема да му се врати. ЛВГ сака доста да ротира од тоа што го имам следено и сметам дека го има Вермален на око да го надохнади искуството при отсуство на Еванс.

Сега и ти се праиш не знам шо.
Вермален сака да игра фудбал. Он да не е од Зимбабве да оди од клупата на Арсенал на клупата на Јунајтед? Ако дојде кај вас тоа е зошто ќе му гарантираат вашите првотимски статус,а тоа е тоа што он го бара. А плус и ич нема да му биде тешко покрај Џонс,Смолинг и Еванс да фати прв тим :)
 
Сега и ти се праиш не знам шо.
Вермален сака да игра во фудбал. Он да не е од Зимбабве да оди од клупата на Арсенал на клупата на Јунајтед? Ако дојде кај вас тоа е зошто ќе му гарантираат вашите првотимски статус,а тоа е тоа што он го бара.
Он не е од Зимбабве да седи на клупа ама не е ни некојси принц да има обезбедено првотимски статус. Бидејќи со ЛВГ како што беше со Ферги, никој нема да го има тоа. Освен РВП можеби, се разбира.

Ќе си има фер шанса да се покаже и докаже и да си го заслужи местото. Како и сите останати.
 
Сега и ти се праиш не знам шо.
Вермален сака да игра фудбал. Он да не е од Зимбабве да оди од клупата на Арсенал на клупата на Јунајтед? Ако дојде кај вас тоа е зошто ќе му гарантираат вашите првотимски статус,а тоа е тоа што он го бара. А плус и ич нема да му биде тешко покрај Џонс,Смолинг и Еванс да фати прв тим :)

Тој Вермален од пред неколку сезони со овај сега има голема разлика. Еден Кошчелни дојде од нигде никаде и го седна на клупа што е зборот...И повредите си имаа свој придонес кон тоа, но далеку е Вермален од ниво на топ стопер во моментов зборвам. Но како што кажав, има искуство големо и тоа нас ни треба во последната линија. Е сега што бил порано е друг муабет, исто како да кажвиме сега за Нани колку беше јак, а сега да го преценвиме.

Се сложувам дека Вермален би пристигнал на ОТ само ради поголем број на натпревари. Моја прва опција во одбрана како што кажав се Еванс и Џонс, но се зависи што е во главата на ЛВГ, како ќе биде на првите тренинзи. Напоменав претходно, со оглед на тоа што ЛВГ сака да ротира, Вермален може да добие далеку поголема минутажа во однос на што може да ја добие во Арсенал.
 
Стандардни за наредната година мислам дека ке бидат Шо, Давид, Ерера, Робин, Руни и Џонс..
 
:pos:
10511283_834739733210651_7815224015109711874_n.jpg
 
за веродостојноста на новинарот незнам, ама приказната делува веродостојна зашто како што ни е на сите познато мојс не наметна АВТОРИТЕТ туку им се улижаваше на веќе постоечките и тоа дека ги прашал 92' и овие дале нивно мислење и дека мојс ги послушал ми е верно.(за тиаго).

Да мојс ја дава листата, само што листата веројатно му била со играчи кои ги планирал за во евертон, па затоа на ед му давал листа со играчи на кои им се клањал пред спиење т.е. Роналдо, Бејл и Фабрегаз ( играчи кои во тој период беа невозможни за купување).
Не се согласувам, Мојс можеби не се покажа добро али тоа дека Мојс е крив за трансферите не е. Вудвард е единствениот виновник, Мојс и да бил неодлучен ќе имал силен притисок од газдите па и Вудвард за да се одлучи. Бар за трансферите и играчите кои ги сакаше беше одлучен и цело лето се преговараше за нив пример за Бејнс, Фабрегас па и за Тиаго повеќе од еден месец. Тоа што Вудвард не успеа да ги купи играчите е друга песна, како што кажав сигурно добил совети од Гил и најверојатно Ферги.
абе не тресете зелени вчера видал умре 75та минута не можеше да оди повеќе а башка тоа фризурата такви лампиони во тим НЕ !!!!
Видал на мундијалов играше по операција по брза постапка на колено и со инекции за да издржи. Може да се каже дека играше со едно колено а беше одличен. Кога е фит е најдобриот играч на неговата позиција, издржува притисок се истакнува на големи натпревари и е константен.
Сега и ти се праиш не знам шо.
Вермален сака да игра фудбал. Он да не е од Зимбабве да оди од клупата на Арсенал на клупата на Јунајтед? Ако дојде кај вас тоа е зошто ќе му гарантираат вашите првотимски статус,а тоа е тоа што он го бара. А плус и ич нема да му биде тешко покрај Џонс,Смолинг и Еванс да фати прв тим :)
Баш ќе му биде тешко да фати место во тимот зошто сите играчи што ги наведе во последниве две сезони повеќе покажале од Вермален посебно Џонс и Еванс па и Смолинг. Исто така сака да игра за Ван Гал и знае дека ќе добие шанса во ротацијата за разлика од Арсенал каде Венгер не е миленик на ротација и ги преферира Мертесакер и Лоран. Плус добри пријатели со РвП и истиот агент мислам.
 
Епа ај нека е честито нов играч, едвај чекам да заврши светсково па да почне Ван Гал со работа.
 
Родригез имал многу интересен животен пат. Ми се свиѓа што сите го претставуваат како многу скромен, човек кој воопшто не сака да се експонира во јавноста.

Штета што не го земавме кога имаше прилика.
 
Измешани чувства за натпреваров, во исто време сакам да победи холандија,а и да изгуби за побрзо да Дојде ЛВГ и компанија. Вие?
 
^Исто исто. Сакам да освојат светско само да им се дигне самодовербата и на играчите на Јунајтед а и на него. Сакам да испаднат од иста причина ко твојата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom