Сега да напишам за утакмицата, малце покасно.
Значи толку бев среќен, што менаџерот наш направи конечно нешто, да ја забрза играта, да бидеме позаинтересирани за противничкиот гол, што кога на полувреме беше 1-0, ВООПШТО не бев нервозен, бев среќен што конечно нешто се промени, играта беше добра иако резултат не беше таков.
Со самото тоа што играчи како Кагава, Валенсија, па и еден Велбек ги седна на клупа а стаи 18 годиншно дете, докажа дека има ЈАЈЦА и е спремен да ризикува, а тоа многу ме смири и ако во еден момент бев несигурен дали тој е ПРАВИОТ избор, сега СУМ сигурен
Е сега имам и замерка, несакам да има играчи кои се заштитени како бели мечки.

Ван Перси, Руни на мечот со Сандарленд беа наши најслаби играчи, фино лепо ако не играат ништо до 60-65 минута, извади ги стај го Велбек, Чичарито, па и еден од двајцата нека излезе нека влезе Кагава и нека игра 10ка.
Сега за херојчето наше.Ајде на 0-0 што одеше сам, шутираше, пробуваше нешто да смени, се смени резултат и тоа негативно за нас, а тој продолжи по негово.Како КР7 наш да го гледав, жими се

Најбрзо што може да се потпише 20 годишен договр, со откупна клаузула од 1 000 000 фунти.
И да, на тој тежок старт со нов менаџер после цели 25 години, на недоволната самодоверба и се тоа, ние имаме само -6.И 4 бода од 2 меча во ЛШ.СУПЕР, сега само самодовербата да се крене на ниво погоре, дека до сега проблемите беа психички, а не нешто друго.Неможе истите играчи пред 3 месеци да знаат да играат фудбал, сега да незнаат

И се ќе биде во ред, на крај сите хејтери ќе се кријат, како секогаш
GGMU !