Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

406139_588605434499535_124668188_n.jpg

A be ova deka bil vo drushtvo so igrach na barsa, zatoa ne sum go prepoznal ...
hehehe
 
Според мене нашата понуда треба да биде 12м фунти со 3-4м додатоци во исплатата во зависност од перформансите и Пауел на позајмица што мислам дека добро би дошло за играчот, ќе игра далеку поредовно во еден од подобрите тимови во Чемпионшип, плус ќе се воигрува со Заха. Треба да се обидеме да го земеме одма, ама претседателот на Палас е доста цврсто решен да се избори за промоција во ПЛ, а Заха е можеби главната алка во тимот и играч на кој најмногу сметаат во таа нивна намера.

Видеото подоле е од гостувањето на Палас кај Чарлтон од оваа сезона и знам дека едно видео од еден меч е премалку за да се извлекуваат некои заклучоци за Заха, ама неколку работи ми го привлекоа вниманието. Освен очигледната брзина, се работи за доста пргав играч што се бори за секоја топка до крај. Напаѓа по двете крила (на конкретниот меч повеќе по десната страна) и втората работа - во најголем дел од времето кога е со топката најчесто е удвојуван или со дури тројца играчи околу него, што значи дека тоа е однапред утврдена тактика на менаџерот на Чарлтон зошто го смета Заха за доста голема закана штом поставил такви инструкции на своите играчи.

 

Седи кец:P

Погба ќе ви биде голем играч во иднина, ама уште е рано да го споредувате со Клеверли според мене...Само да не го пцуете во иднина како што го пцуевте Ибра ко ви ојде во Интер, зошто истиот човек му е агент, така да полека, уште е рано:)
 
Клеверли има 23 год, Погба на 23 год ќе биде WC player...

Секој играч до 24 години според мене има простор за развој...Чист пример земи го Зидан кога беше кај вас, т.е на која возраст се разви како играч.
Погба досега има изиграно 3-4 натпревари каде што се покажал, но уште има фурни леб да јаде. Клеверли лани добро изигра, само повредата го зафркна.Разликата е во тоа што Клеверли е послушно момче во вистински клуб под палка на САФ и верувај дека ќе биде легенда на клубот во наредниот период и ќе остане вечно запаметен, а Погба е уфилмано момче кое има талент и потенцијал да стане голем играч, само што ќе изигра кај вас можеби 2-3 сезони, ќе му ја дигнете цената и ќе ви ја сјури можеби во некој лут ривал па после сите ќе го плукате како Ибра како што напоменав претходно.
 
А на 25 ќе смени боја на кожа.

Aбе јас just saying (мејби џаст тролинг :P )
--- надополнето: 22 јануари 2013 во 20:04 ---
Секој играч до 24 години според мене има простор за развој...Чист пример земи го Зидан кога беше кај вас, т.е на која возраст се разви како играч.
Погба досега има изиграно 3-4 натпревари каде што се покажал, но уште има фурни леб да јаде. Клеверли лани добро изигра, само повредата го зафркна.Разликата е во тоа што Клеверли е послушно момче во вистински клуб под палка на САФ и верувај дека ќе биде легенда на клубот во наредниот период и ќе остане вечно запаметен, а Погба е уфилмано момче кое има талент и потенцијал да стане голем играч, само што ќе изигра кај вас можеби 2-3 сезони, ќе му ја дигнете цената и ќе ви ја сјури можеби во некој лут ривал па после сите ќе го плукате како Ибра како што напоменав претходно.

Се е тоа ок, свесен сум каков е и што ќе биде понатака, али додека е кај нас сакам да си остане ѕвер и на висина на задачата .. А верувам за неколку години ќе го шитнеме минимум за 30 милки ... Како и да е 30 милки поклон од Фергусон не се малце ...
 
Колку од тие 30 милки ќе одат за развој на нов вкус на сладолед ?
 
Колку од тие 30 милки ќе одат за развој на нов вкус на сладолед ?

Maлку , пошто тука кај мене има секаков вкус ... Има дури и вкус на мастика (без зафрканции), диња, ф'стак и многу други каде што ги нема на ниедно место ....
 
Се е тоа ок, свесен сум каков е и што ќе биде понатака, али додека е кај нас сакам да си остане ѕвер и на висина на задачата .. А верувам за неколку години ќе го шитнеме минимум за 30 милки ... Како и да е 30 милки поклон од Фергусон не се малце ...
Абе сега 30 милки или ќе ве остави како што не остави нас уште е рано да се дискутира. Според мене уште подобро што си замина од Јунајтед, не ни требаат играчи како него. Го зедовме Пауел оваа сезона, негов врсник, тој ќе биде иднината на тимот.
Нејќам да сватиш дека Погба во Јуве не би можел да прерасне во голем играч, зошто и Конте се покажа добар со младите, а и го има Пирло крај себе како ментор, но неговиот карактер уште од оваа возраст покажува друг знак.
 
Едно е што сакаат навивачите, друго е реалноста. Пошо на крај може да испадне нешо мангупско ко Пауел на позајмица и Пауел да се "повреди" :свиркам:


Сладоледџијо што 30 милки, и да ви ги дадевме пак ќе немавте пари за РвП :D
 
За две години Раиола кога ќе сакат на швалерката да и купит една куќа со поглед на Охридско езеро ќе го натерат црниов да плачит за трансфер и одма ќе го смести во новиот омилен клуб на сите играчи ПСЖ.
 
Го гледам Пауел е со тимот во Катар тоа е добро и искрено очекувам да добие добра минутажа против Фулам во ФА Куп, беше повреден претходно и затоа не играше верувам дека Ферги ќе го игра.

Не можам да отворам англиски сајт поради ова критикиве за Де Геа, кога читам дека можда и титула ќе не коштал зашто слабо бранел ми се повраќа. Де Геа одлично се снајде кај нас толку млад голман со толкав притисок поради сумата платена за него доаѓа во земја каде што никој не знае а не го знае ни јазикот, има солидна прва сезона додека во втората продолжува како уште подобар. Не знам искрено што бараат повеќе од него. А што е најтрагично нашиот поранешен играч Пол Паркер кој сега работи како колумнист за Еуроспорт најмногу го критикува дури и тој ја има напишано статијата De Gea could cost Manchester United the title. Само искрено многу се плашам од интерес за него од Барса и Реал, како сакате кажете али ќе дојде и тој ден кога Валдез ќе си замине од Барса и Де Геа ќе биде една од опциите ако тогаш не успеат да го убедат дефинитивно доаѓа моментот кога Касиљас ќе се пензионира и кога ќе тргнат по Де Геа. Верувам дека Де Геа ќе се развие во уште подобар голман ќе ги демантира критикиве како што знае и дека ќе го гледаме уште 10+ сезони во Јунајтед. :)

Заха само што твитна нешто интерсно.

I put my life in Gods hands from the beginning and look how far it got me #Godisgood
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom