goodlife_filipsis
Believe
Одлична победа издвојувавме вчера, баш го искористивме тоа што го пишав во претходниот пост слабата одбрана на Њукасл и голманот. Ги нападнавме од прва минута и тоа целосно се исплатеше, ми се допаѓа тоа што даде штопер гол од корнер. Тоа кај нас минатата сезона го немаше и доста фалеше.
Катастрофалниот Еванс
Минатата сезона кога Видиќ се повреди искрено пола од форумов беа попарени исто како и јас, капитенот човекот во кој го гледавме Господ ќе го немаше цела сезона но Ферги како вообичаено имаше џокер. Еванс и претходно прикажуваше одлични партии за Јунајтед но искрено да не беше онаа повреда на Немања минатата сезона можеби немаше да созрее во играта и да стане играчот што го имаме денес. Еванс денес како резултат на таа ужасна повреда на Видиќ стана класа играч во одбраната во кого јас верувам и вие ја имате целосната доверба кога игра во одбраната. Сите што толку го плукаа Еванс може само да му се поклонат сега и заблагодарат за одличните партии во дресот на Јунајтед.
Ефектот на Александар Бутнер
Со доаѓањето на Бутнер и неговото деби за Јунајтед уште одма се гледаше дека Евра доби јака конкуренција за левата бековска позиција. Евра во изминативе 2 - 3 сезони немаше таква конкуренција и играше преку 60 натпревари во сезона и немаше одмор. Бутнер му е конкуренција на Евра но исто така и му пружи одмор и гледаме дека тоа се исплати. Евра е повторно човекот кој го знаеме кој ора по левата страна и напред и назад. Среќен сум што Евра е повторно во својата добра форма и верувам дека тоа ќе биде голем плус за тимот. Вчера Евра го одигра 300-от меч во дресот на Јунајтед.
Дебелиот Руни
Во изминативе неколку недели кога беше повреден Руни топ вест во Англија беше тежината на Руни и тоа како тој не е веќе стариот и никогаш нема да биде. Руни откако се врати го демантираше секој новинар во Англија и секој човек во светот кој го мислеше истото. Откако се врати Ферги го врати Руни поназад и играше и како крило и како полушпиц. Руни ораше на теренот и против Клуж и вчера против Њукасл. Го имаше насекаде на секоја позиција и доби повторно 2 асистенции исто како против Клуж. Само така нека продолжи, одлично му лежи оваа позиција а и тој самиот е среќен што повеќе е топката во негов посед.
Снајдер
Том Клеверли играчот во кој пола и повеќе не веруваа дека може да игра на ниво и да биде играч во Јунајтед. Сите пекаа за Снајдер и го исфрлија Клеверли пред да му дадат шанса, минатата сезона ја почна одлично но се повреди и не го видовме оној Клеверли што знаеме скоро цела сезона. Ова лето работеше напорно за ВБ и за Манчестер и прикажува одлични партии во дресот на Јунајтед.
Добро е што победивме пред одморот кој следи за играчите, следен меч ни е на 20 октомври против Стоук.