Не знам колку го имаш следено Де Геа последниве месеци од минатата сезона, и сега на почетокот на новата, ама прави грешки кои ни како почетник не ги правеше.
Ова е мое непопуларно мислење, и ке наиде на хејт, ама давање на долгогодишен договор на Де Геа со оваа форма во која е моментално, е меч со две острици. Доколку не ја поврати формата, клубот би заглавил со играч на подолг рок на ненормална сума од плата, со придонес кој би не чинел бодови заради негови грешки.
Не би имал против доколку го пуштат да си оди, ако го заменат со Облак. Ама да го пуштат да си иде и да брани Хендерсон, што е на позајмица во Шефилд е уште поголема коцка...
Mи делува дека и онака нема да потпише нов договор, па ке видиме. Ако отиде во Јуве и брани во формата од сега, и нема да е голем минус. Но, ако си замине, и ја врати формата, тогаш Јунајтед би бил во огромен минус ако евентуално не го сменат со Облак.