Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Криминал беше што не му даваа шанса на Гомез а Переира и Лингард добиа. Ќе покажеше повеќе од нив ама до менаџерот е тој ја има крајната одлука кој игра а кој не да му се даде шанса ќе има инпакт во резултати.
Инаку не го споредувајте со Гринвуд не е ист калибар на играчи повеќе е сличен на Бруно.
 
Па дека Чонг не добил минутажа, не се согласувам. Кога и да влезеше, ништо посебно не правеше. Спореди ги учиноците со Гринвуд, Рашфорд, па и наназад, Јанузај, во првите неколку утакмици и станува јасно зошто не добиваше повеќе шанса.

Се согласувам дека требаше повеќе Гомес да го форсираат место Лингард, полош и да сака, не може да биде.
 
Па дека Чонг не добил минутажа, не се согласувам. Кога и да влезеше, ништо посебно не правеше. Спореди ги учиноците со Гринвуд, Рашфорд, па и наназад, Јанузај, во првите неколку утакмици и станува јасно зошто не добиваше повеќе шанса.

Се согласувам дека требаше повеќе Гомес да го форсираат место Лингард, полош и да сака, не може да биде.
Ne se soglasuvam za Januzaj. Prvata sezona imase preku 40 natprevari. Edna sezona ne e malku.
 
Сите зборевте тука дека има простор за ротација , и во куп и со нисколигаши , требаше да ротира и со Гомес чисто да се уверат со што располага дечкото, за да не се случи да изгубат талент па друг клуб да ни го шитка за 100м, вака имаат 3ца на негова позиција и кој свесен би го ставил него место Бруно. Едноставно нема место за него во овој тим.
 
Јанузај не дека е дрво тој е еден од најдобрите крилни играчи во Сосиедат кој помага на тимот и е еден од најдобрите десно орјентирани офанзивни играчи во Шпанија да го имавме оваа сезона во тимот во поинаква состојба ќе беше клубот.
 
И што ако добивал шанса повеќе? Тоа ќе променеше нешто во играта на Гомес во моментов? Не верувам. Има уште многу многу да работи на себе и Гомес и Чонг за да дојдат до статус да се размислува дека се опции на кои може да се смета на нив. Реални да бидеме. Имаат талент и посакувам еден ден да го реализираат тој талент во Јунјтед, но премногу се далеку во својот развој за да добиваат реална шанса. Исто така и премногу е да не условуваат клинци кои можеби имаат вешти агенти и го условуваат клубот со плата и минутажа (само ради тоа што се потенцијали и талент), а реално не ја заслужуваат затоа што кога и да добиле шанса тие потфрлиле. А Оле им даде до знаење дека ќе рачуна на нив и ги вметна во тимот. Тие треба да му возвратат со трпение,напорна работа, посветеност и карактер...Кога Оле ќе види дека се спремни и може да се ослони на нив, сигурен сум дека ќе ги пушти во оган. Тие само треба да му возвратат на довербата.

Нека земат пример од МекТоминеј. На 20 ипол години дебитира. Сега има 23. Пример за посветеност, трпение, работа, тренинг, карактер. Договорот во втор план... Можеби не е ниво на Сколс, но ги има сите белези за играч на Јунајтед и нема вистински фан кој не му е еден од поомилените играчи од новава генерација.
За Вилиамс не се крена никаква галама како за Гомес и Чонг изминатиов период...Имам читано дека на тренинзи гризел, со прв тим на високо ниво и уште од прв натпревар се виде тоа дека има нешто во него. Договорот исто така во втор план...Сите заборавивме за алтернативен лев бек.
Факт е дека ќе имаат падни-стани периоди...што е нормално зошто се млади. Но овие двајца докажаа дека се опции на кои што можеме да сметаме во моментов.

Рашфорд и Гринвуд се друга класа на млади играчи и според мене спаѓаат во калибарот на Руни и Роналдо на нивни години. Се надевам дека ќе имаат слични кариери како нив, а зошто не и подобри. Нема лимити затоа што се млади...Ќе има можеби некоја неконстантност од време навреме што е нормално за нивната возраст.

Не знам дали е мана на Оле, но човекот сака да дава шанса и доверба на повеќе играчи кои потекнуваат од академијата. Можеби и на некои што не заслужиле. И таква прилика имаа и Переира и Лингард. Добија шанса, но мислам дека ја загубија довербата кај Оле по укажаната шанса и по враќањето на Скот, Матиќ од повреда, извонредниот Фред и носењето на Бруно не ни помирисаа ни клупа.
 
Секоја чест на само залагањето на Мектоменеј сакам да успее во клубот али тоа што доби толку минутажа е до тоа што бевме слаби со играчи во средина и тој си ја искористи но Мектоменеј е играч за замена не е играч за во стартниот состав на јунајтед али ништо не се знае Хендерсон во Ливерпул сите го исмеваа а сега е на пат да земе играч на сезоната (дали е заслужено или не тоа е дискутабилно али го изгласале)
А тоа дека Оле има дава шанса на младинците е 50 50 повеќе им дава кога нема друга опција и со Вилијамс беше така и со Гринвуд али факт е дека Чонг и Гомез не добиа сериозна шанса Чонг играше малку повеќе од Гомез кој имаше премалку минутажа за да го оценуваме кој гледал утакмица на разервите знае колку вреди играчот.
 
И јас се согласувам дека Чонг и Гомес го немаат Х факторот да почнат да играат за прв тим во клуб со повисоки амбиции како Рашфорд, Гринвуд, Вилијамс итн. Треба да си ја бараат среќата како што веќе пишавте во Шефилд, Вотфорд, Палас, Брајтон итн.
 
Секоја чест на само залагањето на Мектоменеј сакам да успее во клубот али тоа што доби толку минутажа е до тоа што бевме слаби со играчи во средина и тој си ја искористи но Мектоменеј е играч за замена не е играч за во стартниот состав на јунајтед али ништо не се знае Хендерсон во Ливерпул сите го исмеваа а сега е на пат да земе играч на сезоната (дали е заслужено или не тоа е дискутабилно али го изгласале)
А тоа дека Оле има дава шанса на младинците е 50 50 повеќе им дава кога нема друга опција и со Вилијамс беше така и со Гринвуд али факт е дека Чонг и Гомез не добиа сериозна шанса Чонг играше малку повеќе од Гомез кој имаше премалку минутажа за да го оценуваме кој гледал утакмица на разервите знае колку вреди играчот.

За МекТоминеј клучни ке бидат наредните 2 години. Ако продолжи да се развива како досега... :love:

За мене, едно од најпријатните изненадувања што изглегле од академијата, заедно со Вилијамс.
 
Кога Јанузај со 4 гола во цела сезона со Мојс ни изгледал како супер талент јaсно е каква била таа сезона. :D
Пишав во првите неколку утакмици :), не за цела сезона.
Viduk pisa deka dobil sansa nekolku natprevari, a potoa ne, sto ne e tocno poso izigra golem broj na natprevari vo debitantskata sezona.

Brojot na golovi, performansii i negoviot ucinok ne go komenriram, ne e biten vo muabetov. :)
 
Така е Брајтон, Шефилд а во реалноста, Јувентус го сакаше Чонг, а Барселона еве и Челзи Гомес.
 
Така е Брајтон, Шефилд а во реалноста, Јувентус го сакаше Чонг, а Барселона еве и Челзи Гомес.

Со резерва прифаќај ги тие вести. Агентиве денес ќе направат секакви приказни за да лапнат подобар договор.
Ако му е на Гомес за минутажата проблемот, со сигурност во наредниот период дека ќе ја добие повеќе кај нас отколку во Челзи или Барса. Истото и за Чонг со Интер и Јуве. Сигурно дека тие два клуба немаше поголема минутажа да му издвојат во наредниот период. Очигледно финансискиот дел играл улога

За споредба, приказната за Чонг упали да зема 30к фунти неделно, а Гринвуд околу 18к (му подготвуваат нов договр) и Скот зема 10к...
Сигурен сум дека и Гомес е тргнат по истата насока.
 
Чонг не отиде у Интер само ради тоа што сакаа одма да го пратат на позајмница у Hellas Verona ако добро памтам, додека батево сакаше да остане у Интер и да игра.За него сум 100% сигурен дека интересот беше конкретен има и повеќе слики како агентот се сретнува со челниците на Интер.

За Гомес стварно нема што да се коментира, премногу е ситен да се снајде во премиер по мене, ептен ко дете е.Нека си ја бара среќата во Шпанија и Германија кај што не е толку доминантна физичката разлика.

Како и да е, и тој и Чонг ја утнаа работата, место да потпишеа договори прошло лето и да ги игра повеќе Солскер, они изграваа лудило.Верувам да имаа потпишано договор ќе изиграа повеќе во Европа Лига и куповите, ако им тргнеше можда и повеќе ќе играа.Мада ми се свиѓа политиката на Оле да не ферма деца што ќе си одат или не се посветени према клубот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom