Фан Клуб: Манчестер Јунајтед


Штета, по 2 пат го испуштаме братов, еднашка пред да отиде во Лил, сега 2 пат.Типот е залужен за фамозната генерација на Монако, Мбапе и новата генерација на таленти во Лил.
 
Го пецна Санчез.
 
Санчез која дефиниција за пијаница е страшна работа. Бараше скап договор му дадоа и ништо не покажа. Сега у Гетафе нека иде
 
Такви се Норвежаниве, не ќутат, покварени се, мене само ме изнервира што се чекаше толку долго за некои работи да се пресечат.
 
Ед јавно излегол со изјава дека долгот на клубот е зголемен и дека ситуацијата со вирусот ја комплицирало ситуацијата во клубот,
како што реков пред некој месец ќе бидеме среќни ако направиме 1 до 2 трансфери.
 
Изгледа дека сите карти ќе ги фрлат на Санчо, Грилиш е знак прашалник.Доколку замине Погба ќе остави простор за маневрирање.
 
Ед јавно излегол со изјава дека долгот на клубот е зголемен и дека ситуацијата со вирусот ја комплицирало ситуацијата во клубот,
како што реков пред некој месец ќе бидеме среќни ако направиме 1 до 2 трансфери.
Нема везе, остави ги нашите новинарчиња, прочитале некој наслов, па цел ден вадат наслови ,,Аларм во Јунајтед" и слично
Ете за шо се работи точно. Нема никаков проблем, мислам дека ќе бидиме во пол позиција во престојниот прелазен со уште неколку клубови. Јас реков во оваа ситуација задоволен ќе бидам и само со еден трансфер (Санчо)

 
Не следам македонски портали информацијата излезе на скајспорт и на еспиен каде да читам на нашите портали на спортклуб пола од постовите ги пишувал некој неписмен или не разбрал добро.
Сето тоа што кажа е вистина дека има 90 мил резерви и уште 150 мил ако затреба али треба и да се мисли на платите ако дојде Санчо
платата ќе му е огрома а и овака имаме најголеми плати у англија мислам дека околу 150 мил годишно беше.
Сакав барем да се обезбеди и холдинг мидфилдер али изгледа само Санчо ќе биде останатото ќе зависи од тоа кој ќе си оди само да не направат глупост како минатото лето за 3 дена откачија 3 играчи а не ги заменија.
 
Се знај ова лето кој е на ред да лета. Џонс, Рохо, Смолинг (барем 2 од овие), еден од Лингард/Переира, Санчез... Само од Санчез ќе се ослободи платата за Санчо и за уште некој играч :)
 
Kaко тоа предлагате да се откачиме од платата на Санчез? Не можеш да кажеш, од утре не му плаќам повеќе. Ниту пак ке сака трансфер на таа плата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom