Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Нема шанса да го даде Мурињо Фелаини без да има договорено некој дефанзивен играчи од средниот ред. :)
 
Јес да е жута штампа, ама ако Барса по некоја логика го земат Гризман, колективно нека се самоубијат сите по 3 пати.
 
Тоа ќе биде најдобриот трансфер на Јунајтед летово.
Само штета што нема да се оствари. Изјави Спалети дека ќе проба со сите сили да го задржи плус вашите не го даваат Марсијал така да најверојатно хрватот останува кај нас. (y):D
 
Нема шанси да не се земе ДМ, посебно ако си замине Фелаини. Да бидеме искрени нема кој не сака од нас тука да си замине, никогаш нема да биде сериозен тим за титула со него. Сигурно ќе играме со двајца во средина и со 10ка формација, така да за тие две позиции ќе ги имаме Погба, Керик, Ерера, Переира(играше на пријателските на таа позиција), нов играч. Јас баш би сакал Переира да добие солидна минутажа на 10ка, има ептен талент, се надевам ќе експлодира.
 
Ако е вистина тоа со Фелаини,побрзо нека го продават додека сеуште има заинтересирани за него.Инаку Матич мора да се зима и крило мора ама кое.Интер несака ни да чуе за продажба на Перишич..
 
Само штета што нема да се оствари. Изјави Спалети дека ќе проба со сите сили да го задржи плус вашите не го даваат Марсијал така да најверојатно хрватот останува кај нас. (y):D

Знаеш и самиот дека ако Јунајтед го искешира колку што бара Интер, дека Спалетиво ништо се прашува. Смешно е што се натегаат за 5 милиони фунти.
 
Знаеш и самиот дека ако Јунајтед го искешира колку што бара Интер, дека Спалетиво ништо се прашува. Смешно е што се натегаат за 5 милиони фунти.
Да, ама и на вашите некако не им се даваат толку иначе не верувам дека ќе се кочеа за 5 мил. Ова со Марсијал ја укочи целата работа, Сабатини му рекол на вашиот дека само со Марсијал во понудата може да се преговара пак.

Земете си го Бејл ај не кур замарајте. :D
 
Дај Боже да сте во право :)))) ДМ ни треба повеќе од крило, барем според мене. Потенки сме таму, немаме некој ногокршач а греота е Погба на оние скилови да се троши таму. Средина од Матиќ, Ерера и Погба личи веќе на нешто. За крило ќе скрпиме, ако ништо друго има талентирани деца во младите, ете и Переира може да игра, Мичел исто.
 
И јас мислам дека ДМ ни е далеку покритично од крило. Макар и останал Фелаини. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom