А ти мислиш дека Снајдер беше поквалитетен играч од Андерсон кога беше на негова возраст. И, според мене Јунајтед загуби од Барса бидејќи немавме разбивач од класата на Кин и Макелеле, а не заради плејмејкер. Јас сум поборник на тезата дека за секоја техника постои тактика, па така ние треба да ја надмудриме Барса, а не да ја надиграме. Кога би се прашувал јас, би купил разбивач, пошто офанзивни фудбалери имаме и во младиот состав. Според мене Снајдер само би му зафатил позиција за долго на некој талентиран младинец. Така, ако Фергусон е задоволен со ова што го има на располагање (а не гледам зошто не би бил), незнам зошто ние како фанови не сме.