Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

И покрај нашите дефазивци колку страшно изгледаат напаѓачите на другите тимови. После утакмиците со нас вредат по неколку милиони повеќе. Воздушни дуели, пенали, топки во празно :tapp:
 
никој не вика за играта, само штета што изгубивме три бода од нигде. Но ок, офанзивата ни е супер, уште одбраната да се воигра, не е ова фудбал менаџер да купиш 5 нови и одма резултати да има. Дури и таму па сеа време ти треба. Јас сум презадоволна од Блекет, сто топки загради и исчисти денес, само Ван Гал и Гигс да поразговараат со него да не му падне самодовербата. Рохо ќе се научи со тек на време и са центрира и одличен ќе биде.
Не, не и не. Немаме капацитет во одбрана. Не Блекет, не Шо. НИКОЈ.
Да, потенцијални ѕверови се, но ПОТЕНЦИЈАЛНИ. За да станат ѕверови треба многу. И ако станат каласа играчи, е тогаш можи да се прави тој муабет.
Реално, одбраната ни е 3+ класи подолу од нападот.
Што ако Блекет исчисти многу топки ко исто толку и изгуби.
 
Абе игрaчиве не се рoбoти пoгoтoвo кoпиљи кo Блекет и Рoхo вo први нaтпревaри...нoрмaлнo е при психички пaд пo глупaв пенaл.Дa ви пуштaм кaкo игрaa Видa и Еврa вo први нaтпревaри кoгa дoјдoјa...
 
И покрај нашите дефазивци колку страшно изгледаат напаѓачите на другите тимови. После утакмиците со нас вредат по неколку милиони повеќе. Воздушни дуели, пенали, топки во празно :tapp:
Баш. Треба од клубовите процент да земаме. Им го качуваме рејтингот :pos:
 
Не, не и не. Немаме капацитет во одбрана. Не Блекет, не Шо. НИКОЈ.
Да, потенцијални ѕверови се, но ПОТЕНЦИЈАЛНИ. За да станат ѕверови треба многу. И ако станат каласа играчи, е тогаш можи да се прави тој муабет.
Реално, одбраната ни е 3+ класи подолу од нападот.
Што ако Блекет исчисти многу топки ко исто толку и изгуби.
Ама друже и Видиќ и Евра беа само потенцијални ѕверови нели? Епа сеа молим, ќе си почекаме, ќе се понервираме. Објаснував досеа во ПЛ, запнаа стопер не сме зеле, стопер не сме зеле. Па ај Апсон да го земеме и после да се молиме да му пројде наредна сезона трансферот во дванаес навечер на 1ви.
 
Точно, ама го имавме Фердинанд, така?
Значи Видич имаше од кого да учи (иако подоцна стана подобар и од самиот учител).
Проблемот кај нас е што нема кој од кого да црпи. Блекет ќе учи од Еванс или Смојлинг?
Да имаме класа стопер, лидер, да видиш како ќе се понашаат и другиве на терен. Еве еден прост пример. Самите играчи изјавуваа дека се чуствуваа многу посигурно кога го вративме Сколс од пензија за разлика од предходно, иако ништо посеризно не допринесуваше на теренот. Многу е битно психички да бидат смирени. Овие а дојде токата кај нас в половина, нозе им се тресат.
 
По нашата одбрана, ова е откако го примивме третиот гол.
 
Ги погледнав головите, и навистина Клатенбург наклонет кон домаќините. При првиот пенал можеше да свири фаул во напад и пеналот беше смешен. :)

Овој Рохо не ги знае ни оние основните работи дека при корнер и сите играчи ти се во напад ти не можеш да проигруваш на мал простор, зад себе само еден свој играч.
А и за првиот гол не реагирал баш најдобро, сепак трагичар на утакмицата.
 
We had the game in our pocket, and WE gave it away, not because of Leicester City, no, we gave it away, and that's the difference.
 
Ама озбилно на 1-3 идат напред, оставаат многу простор не знам што им беше филмот. Требаше на 1-3, Фалкао да го смени со Флечер и готова ќе беше утакмицата. Уште не ми се верува ејјјјјјјј, 9 гола за 180 минути од Лестер и МК Донс.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom