Само што се вратив од одмор долг 7-8 дена, и без никаков интернет, ко изгубен сум

А и има што да прочиташ во последниве 30 страни.. Еве мои мислења:
Лукас - Ми отидоа олимписките натпревари, али според клипчето што го оставивте Лукас вс Велика Британија, многу пробивен дечково бе

Како машина е у пм. Околу суми не се замарам, зашто нема никогаш да знаеме колку точно сме понудиле или ни одбиле. Ама клипчињава, годините, настапите за репрезентација и огромната заинтересираност на Ферги, ми се доволни за да сум ЗА за овој трансфер. Па ќе му најдеме место во тимот.
Бејнс - Врска немам ова до кај е, ама само да се заврши што побрзо. Нема шанси да останеме на Евра плус Еванс/Блекет, колку и да го фалите вториот ( не сум го гледал, али младо си е младо ).
Ван Перси - Ова па колку ме изненади. Читам на официјална, Ферги признал BID за играч! Па ова до сега го немам видено. Ама ако, ако може да го земе за разумна цена - супер. А и треба да е разумна со оглед што му е последна година од договор. А за тоа дека сме имале 6 добри напаѓачи немој некој да ме цитирал и да ми го повторува тоа.

Руни е класа. Велбек е многу покомплетен од Чичарито, ем Англичанец. Ама што да кажеме за Чичарито? Не можеме да кажеме лош збор зашто имаше повреда и зашто немаше одмор неколку лета? Многу предвидлив ми е, првата сезона пукна само кога не го знаеја. Прием на топка нула, центаршут нула, проаѓање еден на еден нула

Поставеноста го извади прва сезона, сега само офсајд дреме. Али таква му се фацата и карактерот, не е за мавање. Ама ќе седи на клупа како и да е, зашто Велбек игра многу подобро во тандем со Руни. Евентуално ако игра како сам напаѓач во групи ЛШ или купови, во некоја си 4-2-3-1 и да има зналци позади него за да даде гол. За Бербатов незнам што сакате повеќе, мислам дека 99% ќе си оди. А и си заслужи да си замине. И моментално, не го споредувајте со РвП, ве молам

Независно колку години има РвП, ако не се повредува, по класа и по докажан напаѓач добивање - здравје
Едит,
Бебе го заборавив

. Значи океј е да се дава втора шанса на слаби играчи, ама што бидна со муабетите дека трансферов е кражба и подарок на тој агентот што ни доведе многу играчишта??

Нели тоа беше работата, а сега ќе го правдаме со толку крила и офанзива. Гитлаа
