- Член од
- 21 ноември 2007
- Мислења
- 10.851
- Поени од реакции
- 9.763
Проблемите на Јунајтед се повеќе оваа сезона, ама јасно е дека датираат долго време. Можеби и очекувани за нас уште од тоа како се движеше преодниот рок, а и настаните околу продажбата ба клубот пред преодниот рок.
Факт е дека има токсична атмосфера во сите сфери во клубот и од ден на ден е се повеќе јасно тоа. Факт е дека се нема јасна стратегија во клубот како треба да изгледа во моментов, ниту во иднина. Се инстант одлуки и билдање на лажни очекувања.
Прв проблем е сеуште нејасната состојба околу сопственичката структура. Тоа е знак на нестабилна и неконстантна политика на краток и среден рок. Да не зборувам за тоа дека на долг рок не се гледа, поготово во оној фудбалски аспект. Овие златни финансиски денови во моментов кои ги бележи клубот во поглед на приходната страна е поради комерцијалниот потенцијал кој го обезбеди САФ со неговите резултати. Таа фан база што го стави Јунајтед како еден од клубовите со најмногу фанови во светот е баш благодарение на генерациите кои ги предводеше САФ и играа допадлив фудбал за око и носеа победи и трофеи на теренот, а надвор од него клубот се идентификуваше по неговата традиција и култура која имаше особена вредност. Сме биле авторитет и на терен и надвор од него. Ретко сме преплаќале за играчи како што е случајот сега секој трансфер период. Миксот од одлични таленти од академијата, додадена со најдобрите млади таленти кои прераснувале во лидери и играчишта бил рецептот за успех. Впрочем, тоа беше и идентитетот на клубот кој не има привлечено нас како фанови, идентитет со особена вредност на кој сме биле горди. Некој ќе кажи дека се менале времињата па мора и Јунајтед да го следи трендот. Фудбалот постојано се менувал и Јунајтед се прилагодувал на него, но почитувајќи ја основата на која е поставен клубот.
Е сега тој финанасиски и комерцијален потенцијал е плод на работата на САФ и луѓето околу него. А ние тој потенцијал не го коростиме и постојано се носат лоши одлуки и страшни непродуктивни трошоци. Идентитетот на Јунајтед е целосно нарушен и наместо да се продолжи каде што застана САФ, клубот забега во еден лош правец.
Наместо прилагодување на новото време врз основа на идентитетот на Јунајтед, средствата да се концентрираат на тоа што го красеше Јунајтед преку подобрување на условите во младински категории со најсовремени услови, тренери, развиен и раширен скаутинг систем по најсовремени стандарди и јасна политика за развој на еден млад фудбалер во иден првотимец во Јунајтед, дојдовме до ситуација млади таленти да ја избегнуваат нашата академија и истата да произведува се помалку квалитетни првотимци. Академиите на Сити и Челзи на пример се полни со таленти. Од друга страна младите играчи кои имаат страшен потенцијал да бидат играчишта веќе не го гледаат Јунајтед како тим каде би прогресирале и го избегнуваат. Белингам, Адејеми, Халанд, Сузуки, Каиседо... од оние помладите во последниве години, а да не ги спомнам оние играчи на 22/3 години како Мане на пр. кога го избра Ливерпул. Еден Мартинели стручњаците наши го одбиле кога бил на проба кај нас. Доволно говори зошто не избегнуваат младите таленти после низа лоши одлуки.
На пр. наместо да го имавме еден Хојлунд, Каиседо и слични уште од помлади години години, сега на пазарот немаше панично да преплаќаме.
Мора да се врати тој идентитет на Јунајтед прилагоден на новото време.
Се надевам дека ќе се изберат вистинските фудбалски личности за тоа во блиска иднина, инаку лошо ни се пишува.
Втор проблем - тренерот. Моменталните резултати одат на вина на Тен Хаг. Мислам дека имавме просечни припреми како прво. Второ, имам впечаток дека му е доделен преголем авторитет од челниците и трансферите се генерално негов избор. Колку и да е добар Онана и дека треба да се прилагодиме на новите потреби на фудбалот, мислам дека е луксуз неговиот трансфер. Да беше последно делче од сложувалката ќе се сложев, но имаме еден куп дупки. Јасно беше дека Маласиа ќе отсуствува доста долго, се продаде и Телес и мораше да крпиме до последен момент со позајмица на лев бек зошто само со Шо за очекување е дека не може да се помине цела сезона. Е кога се повреди Шо, панично се позајмуваше Регилон кој има исто историја со повреди. Амрабат искрено не ме импресионира нешто посебно досега. Ајде принудно на лев бек играше, ама на негова позиција кога беше поставен не добив некој посебен впечаток. Маунт исто за формацијава што ја планирал со една 6ка и две 8ки покажа дека нема резултат. Заедно со Онана не чинеа 100+м евра. Ете Рајс ќе ни ја решеше средината со тој износ за години...Се носи голман за да се игра од назад по земја, а тие пред него освен Мартинез никој не знае да игра со топка. Ете негова повреда и се доведуваме да крпиме со Еванс. Стратргија и концепт: купи ден - продај.
Хојлунд има потенцијал да биде врвен голгетер, но треба постепено да се интегрира во форот. Се гледа дека има желба, но далеку е од воигран со тие зад него.
Третманот кон ДДГ не ми се допадна и мислам дека конците тука ги има помешано ЕТХ. Проблемот со Санчо отиде исто предалеку и мислам дека има и други нарушени односи во тимот. Ноншалантноста на Рашфорд има тука некоја поврзаност. Баш од Арсенал навака гледаме еден друг Рашфорд.
Тактички сме инфериорни и имам впечаток дека не го чита доволно мечот за навреме да преземе некоја акција.
Наметна очекувања минатата сезона и оваа сезона требаше да биде подобрување, но друга е сликата.
Мислам дека авторитетот што му е доделен од челниците не е стекнат од играчите и тоа е уште поголем проблем. Некој што мисли дека има сила, а во пракса ја нема може да биде погубно.
Нека ја истурка сезонава и посакувам да ја сврти во своја корист зошто има квалитети и ги докажа претходната сезона. Против сум чести промени на менаџерите и затоа сакам да ја истурка сезонава до крај.
Трет проблем - играчите.
Како да подзаборавија кој е беџот на дресот и да не знаат дека тој беџ на терен значи пожртвуваност. Не гледам желба, не гледам разочарување од резултатите, од лошите перформанси. Ниту еден досега не се издвоил со перформансите на терен, а веќе одиграа 15 натпревари. Тотално дефокусирани.
Многу ме потсеќа сезонава на сезоната кога Оле доби отказ. Тешки победи на мускули без никава игра. Против ривалите сме полесен плен од тимовите што се борат за опстанок.
Sent from my SM-A750FN using Tapatalk