Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Да се случи такво нешо во кое сметам дека е крајност, има сите лоши зборови за Мурињо да се повлечат и има нозете да му ги бакнува клубот!
Ни да го видам арогантното копиле.
 
Имаме доста играчи кои што се „добри“ ама не се на ниво кое е потребно за Јунајтед. Продавање на неколку вакви ќе донесе кеш шо ќе може да се искористи за засилувања кои ќе ги сака Тен Хаг. Формата на тимот и таквите играчи е во нагорна линија и мислам дека ќе може да се реализират продажби (нешто слично на Дан Џејмс, Џејмс Гарнер и сл), а да не ги даваме за семки.

Хендерсон - Пред викендот излегоа вести дека Форест ќе сака да го купи ако останат во ПЛ. Мислам дека Хендерсон не е голманското решение што ни треба, така да, може да се искешира. Под договор е до 2025, веројатно некои 20М ќе може да се земат за него.

Ван Бисака - Иако се врати од мртвите овие месец - два, Ван Бисака нема квалитет за да игра за Јунајтед. Има добри елементи, ама како целосен пакет не е на потребното ниво. Јас лично мислам дека влијае на играта на Антони, со Далот во тимот играме подобро, ама тоа е друга тема. Сигурно ќе добие интерес за продажба на лето. Под договор е до 2024 и веројатно ќе може да се земат 15-20М за него.

Алекс Телес - Лук Шо и Маласија изгледаат добро како пар за левата бековска позиција. Телес веќе со едната нога беше на заминување кога го донесоа Маласија, ама изгледа не можеше да се најде клуб за продажба. Под договор е до 2024. Не следам како игра во Севиља, ама ако може да се продаде за 10-15М ќе биде добро.

Брендон Вилијамс - Кога сме кај левите бекови да го ставиме и него тука. Поради повреди го нема никаде цела сезона. Има 22 години, на лето ќе полни 23. Веројатно е време за трансфер. Под договор до 2024, може да извадиме 7-8М.

Фил Џонс - Крај на договор на лето, заминува без оштета.

Ерик Беји - Нема доволно квалитет, му поминаа шансите. Направивме добар upgrade со Варан и Мартинез. Треба ослободување од вишокот. Под договор е до 2024. Прави циркузи во Франција, мислам дека го суспендираа на 7 утакмици ради брутален црвен картон. Ако му извадиме 10тина милиони сме супер.

Скот МекТоминеј - Дојде до израз неговиот слаб квалитет оваа сезона со донесување на вистински ЦМ во Ериксен и Касемиро. Најслаб ЦМ од сениорите што ги имаме во тим моментално. Начука веќе 26 години, веројатно сака да игра редовно. Под договор е до 2025 и мислам дека може да се извадат 20-30М од него.

Ентони Марсијал - Денеска читав, има пропуштено 20 од 34те утакмици на Јунајтед оваа сезона. Нема никаква рационална причина да се чува во тимот. Под договор е до 2024, така да, ова лето е право време да се извади некоја пара од него (ако се може). Веројатна сума 10-15 милиони.

Аксел Туанзебе - Вака така, стигна до 25 години, а ништо не исполни од потенцијалот. Му истекува договорот на лето, ќе прави трансфер без оштета.

Дискутабилни:
Некаде се споменува дека и Мегваер ќе е за продажба, ама мислам дека е добра опција да се има во тимот. Варан, Мартинез, Мегваер и Линделоф се добра четворка за централната одбрана. Оваа сезона игра добро кога игра, мислам дека кога не е притисокот врз него може да игра подобро. Јас не би го продавал, евентуално ако тој сака да замине да игра некаде повеќе.
Еланга/Пелистри/Амад - Тројцата конкурираат за иста позиција, а пред нив ги имаат Антони, Санчо (и Гринвуд?). Нема место за сите тројца јуниори. Тен Хаг работи со Еланга и Пелистри оваа сезона, веројатно има увид кој колкав потенцијал има. Мислам дека еден оваа тројка треба да се продаде.

Има доста време до лето, многу работи може да се сменат. Тен Хаг досега направи добри трансфери, така да со продажба на неколку од овие горе ќе може да си донесе играчи што ќе се вклопат во неговите планови. Постои можност за влез на 60-70 милиони со продажба на маргинални фудбалери и плус ќе се ослободи буџет за плата и квантитативно ќе се растерети екипата од ликови кои многу малку придонесуваат.

Брату, Јунајтед е ова. Овие цифри се максимум што може да се извади за овие играчи. Јунајтед ги продава за минимумот.

Инаку се согласувам со тебе.
Мегваер, Ван Бисака, Ван де Бек, Мектоминај, Марсијал, Eланга треба да си одат и да се извади некоја паричка од нив. На Санчо би му дал уште една шанса, ако продолжи вака отворена му е вратата.
 
Ако се сложи да седи на клупа, не би го продавал Мегваер. Останатото, чисти.
 
Ако се сложи да седи на клупа, не би го продавал Мегваер. Останатото, чисти.

Со оглед на тоа што Варан е стаклен тоа би можело да значи доста натпревари за Мегваер во стартни 11. Подобро нека земат некој млад штопер за трет избор. Но прво шпиц и везњак.
 
Ако се сложи да седи на клупа, не би го продавал Мегваер. Останатото, чисти.
Мислам дека он нема да прифати да седи на клупа и ќе си бара трансфер.
 
Со оглед на тоа што Варан е стаклен тоа би можело да значи доста натпревари за Мегваер во стартни 11. Подобро нека земат некој млад штопер за трет избор. Но прво шпиц и везњак.

Шо го играат пред него, така да, далеку дека ке е автоматски избор.
 
Шо го играат пред него, така да, далеку дека ке е автоматски избор.
Во тој случај што ке ти е капитенот на клупа? Да го праиме Џонс број2? Братот не е ни 3 опција така да нека си фаќа патот бар да се извлече некоја пара дур се може
 
Во тој случај што ке ти е капитенот на клупа? Да го праиме Џонс број2? Братот не е ни 3 опција така да нека си фаќа патот бар да се извлече некоја пара дур се може

Мислењето ми идеше од тоа дека нема никој да сака да го искешира, со оглед на тоа дека го плативме 80 милиони фунти. Како таков, подобро нека седи на клупа, зашто далеку е од Џонс, на кој не можеш да се потпреш да биде здрав ни 2 недели за време на трансфер рокот, како би го продале на некој. Овој не кубури со повреди, и за утакмици како против Рединг и остала боранија е измислен. Ако даде некој за него 40-50 милиони фунти, пакуј одма.
 
Имаат англичаниве пари сигурно ке фрлат 50м плус и репрезантативец е што му крева цена
 
Брату, Јунајтед е ова. Овие цифри се максимум што може да се извади за овие играчи. Јунајтед ги продава за минимумот.

Инаку се согласувам со тебе.
Мегваер, Ван Бисака, Ван де Бек, Мектоминај, Марсијал, Eланга треба да си одат и да се извади некоја паричка од нив. На Санчо би му дал уште една шанса, ако продолжи вака отворена му е вратата.

Точно, плус тешко дека ќе успееме да продадеме 7-8 играчи у еден рок. Најдоброто сценарио е тоа, и опците за продажба би биле тие.

Со Де Јонг и Кејн би биле сериозен конкурент за титула. Дај боже да ги земат, но не сум баш оптимист.

До лето треба да се случуваат доста промени. Сите најавуваат продажба на клубот на пролет, ама ништо конкретно нема низ медиумите. Ако се реализира продажбата, кои ќе бидат плановите на новите сопственици? Колкав буџет ќе има на располагање тен Хаг? Дали ќе се работи на нов стадион или на реновирање на Олд Трафорд (трошоци кои потенцијално влијаат на буџетот за трансфери)? Дали ќе играме ЛШ и дали ќе завршиме сезоната со некоја титула? Има доста опции и одговори кои треба да се одговорат, дај Боже до Мај, за од Јуни да си почнеме нова сезона без прашалници.
 
На крај на месецот треба да почнат да разгледуваат понуди.
 
..
e718a961ee83b0a71de40c41e459cf40.jpg

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 
Утре нема да настапат Антони, Марсијал и Мектоминеј.

Уште не ми се верува Марсијал се повреди во рок од 30 минути против Форест, каков мизерен стаклен играч имаме тоа не е можно.. Би го продал уште првиот ден од преодниот рок, Ќе биде тешка утакмицата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom