Имаме доста играчи кои што се „добри“ ама не се на ниво кое е потребно за Јунајтед. Продавање на неколку вакви ќе донесе кеш шо ќе може да се искористи за засилувања кои ќе ги сака Тен Хаг. Формата на тимот и таквите играчи е во нагорна линија и мислам дека ќе може да се реализират продажби (нешто слично на Дан Џејмс, Џејмс Гарнер и сл), а да не ги даваме за семки.
Хендерсон - Пред викендот излегоа вести дека Форест ќе сака да го купи ако останат во ПЛ. Мислам дека Хендерсон не е голманското решение што ни треба, така да, може да се искешира. Под договор е до 2025, веројатно некои 20М ќе може да се земат за него.
Ван Бисака - Иако се врати од мртвите овие месец - два, Ван Бисака нема квалитет за да игра за Јунајтед. Има добри елементи, ама како целосен пакет не е на потребното ниво. Јас лично мислам дека влијае на играта на Антони, со Далот во тимот играме подобро, ама тоа е друга тема. Сигурно ќе добие интерес за продажба на лето. Под договор е до 2024 и веројатно ќе може да се земат 15-20М за него.
Алекс Телес - Лук Шо и Маласија изгледаат добро како пар за левата бековска позиција. Телес веќе со едната нога беше на заминување кога го донесоа Маласија, ама изгледа не можеше да се најде клуб за продажба. Под договор е до 2024. Не следам како игра во Севиља, ама ако може да се продаде за 10-15М ќе биде добро.
Брендон Вилијамс - Кога сме кај левите бекови да го ставиме и него тука. Поради повреди го нема никаде цела сезона. Има 22 години, на лето ќе полни 23. Веројатно е време за трансфер. Под договор до 2024, може да извадиме 7-8М.
Фил Џонс - Крај на договор на лето, заминува без оштета.
Ерик Беји - Нема доволно квалитет, му поминаа шансите. Направивме добар upgrade со Варан и Мартинез. Треба ослободување од вишокот. Под договор е до 2024. Прави циркузи во Франција, мислам дека го суспендираа на 7 утакмици ради брутален црвен картон. Ако му извадиме 10тина милиони сме супер.
Скот МекТоминеј - Дојде до израз неговиот слаб квалитет оваа сезона со донесување на вистински ЦМ во Ериксен и Касемиро. Најслаб ЦМ од сениорите што ги имаме во тим моментално. Начука веќе 26 години, веројатно сака да игра редовно. Под договор е до 2025 и мислам дека може да се извадат 20-30М од него.
Ентони Марсијал - Денеска читав, има пропуштено 20 од 34те утакмици на Јунајтед оваа сезона. Нема никаква рационална причина да се чува во тимот. Под договор е до 2024, така да, ова лето е право време да се извади некоја пара од него (ако се може). Веројатна сума 10-15 милиони.
Аксел Туанзебе - Вака така, стигна до 25 години, а ништо не исполни од потенцијалот. Му истекува договорот на лето, ќе прави трансфер без оштета.
Дискутабилни:
Некаде се споменува дека и Мегваер ќе е за продажба, ама мислам дека е добра опција да се има во тимот. Варан, Мартинез, Мегваер и Линделоф се добра четворка за централната одбрана. Оваа сезона игра добро кога игра, мислам дека кога не е притисокот врз него може да игра подобро. Јас не би го продавал, евентуално ако тој сака да замине да игра некаде повеќе.
Еланга/Пелистри/Амад - Тројцата конкурираат за иста позиција, а пред нив ги имаат Антони, Санчо (и Гринвуд?). Нема место за сите тројца јуниори. Тен Хаг работи со Еланга и Пелистри оваа сезона, веројатно има увид кој колкав потенцијал има. Мислам дека еден оваа тројка треба да се продаде.
Има доста време до лето, многу работи може да се сменат. Тен Хаг досега направи добри трансфери, така да со продажба на неколку од овие горе ќе може да си донесе играчи што ќе се вклопат во неговите планови. Постои можност за влез на 60-70 милиони со продажба на маргинални фудбалери и плус ќе се ослободи буџет за плата и квантитативно ќе се растерети екипата од ликови кои многу малку придонесуваат.