Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Изгледа дека го добивме Сабицер, приватниот авион треба вечер да слета во Манчестер па ќе стави потпис.

Од тоа што читам на нет и по Твитер бил подобар од Ериксен, искрено не ми е гледан како игра, но времето ќе покаже..
 
Еве го, доаѓа.

Добро реагиравме по повредата на Ериксен. Мислам дека ќе биде квалитетна опција во средината. Од тоа што сум го гледал, тоа што ми се допаѓа е неговата визија која и те како ќе ни треба при отсуство на Ериксен. Има добра десна нога, при прекини е одличен. Знае да поентира од слободни, а и да дели асистенции.
Добро делуваме на пазаров под Тен Хаг и ми се допаѓаат овие позајмици (мислам дека ќе има можност за откуп) во период кога нема адекватна можност на пазарот, а тимот мора да се засили и во квантитет и квалитет.
 
Изгледа дека го добивме Сабицер, приватниот авион треба вечер да слета во Манчестер па ќе стави потпис.

Од тоа што читам на нет и по Твитер бил подобар од Ериксен, искрено не ми е гледан како игра, но времето ќе покаже..
Мислам дека не е подобар од Ериксен, али подобар пас играч е и од Фред и од Мектоменеј.
 
Изгледа дека го добивме Сабицер, приватниот авион треба вечер да слета во Манчестер па ќе стави потпис.

Од тоа што читам на нет и по Твитер бил подобар од Ериксен, искрено не ми е гледан како игра, но времето ќе покаже..

Teшко дека е подобар играч од Ериксен, гледано во целина. Можеби е само подобар дефанзивно.
 
И јас мислам дека дефанзивно е подобра верзија од Ериксен, а офанзивно е подобра верзија од Фред. Ќе го видиме баш...
 
Добар трансфер. Ваков профил на играч ни требаше и пред повредата на Ериксен со оглед на тоа што замената беше Фред.
Нека изгурат до топ4 и еве мики маусот да го лапнеме, чисто некои играчи да осетат трофеј и на коњ сме. Се повеќе од тоа би било бонус.
 
Утре знаете отприлика со шо состав ќе излезете?
 
Автоматски споено мислење:

Утре знаете отприлика со шо состав ќе излезете?
Би требало со доста комбиниран. Со оглед на тоа што ова е единствен начин да одморат некој играчи, очекувам да ги одмори Рашфорд, Бруно, Варан, Шо, Мартинез.
 
Бруно Гимараеш добил црвен, ќе паузира во ПЛ и ќе му помине суспензијата или ќе биде казнет за финалето? Одамна немам играно фудбал менаџер :ROFLMAO: добро би било и на нив да им фали важен играч во финале. Какви комплекси имам набиено последниве 10 години, дојде време да се тресам пред Карабао Куп финале со Њукасл. Ич не сакам да изгубиме, се може да тргне наопаку после тоа земајќи во предвид какви баксузи сме и како се носи тимот со притисок после Фергусон.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom