Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Јбг тоа е, колку пати па ние сме победувале вака со гол(ови) во 90+...само да не ги сецне киксов, да паднат психолошки за в недела. Сакам да изиграат јако на Емирати в недела и да го победат Арсенал. Подобро овде кикс и победа со Арсенал, отколку обратно, верувајте! А тоа што жолт собра Каземиро па ќе паузира в недела, е составен дел од фудбалот, не можеш се да исконтролираш.
 
Јеби га, утакмица 100 пати видена во последниве години. Колку ли само бодови има Јунајтед изгубено поради ваков пристап, каде има еден гол предност и на крај прима некој ваков гол? Буквално пресликана игра, однесување, од пред 1-2-3 години. Никакво залагање. Бруно проби дно во второ полувреме. Рашфорд тотално надвор од утакмица. 90 минути во дефанзива одлични, ама се е тоа џабе. Мек Томинеј не смее да заигра повеќе ни ко резерва да влегува. Пре би го играл Мартинез на ДМ против Арсенал. Тен Хаг ја промаши денес, поготово што кога веќе си решил да се браниш, бар извади го Бруно кој цело второ полувреме не може 5 метри да истрча. Иначе кога ќе видиш дека место Касемиро дефазива у средина треба да ти играат Мек Томинеј и Фред, не е чудно што го играше до крај. Овие до толку се лоши во тој сегмент, поготово кога се заедно на терен, што и 5 минути да се само, се огромна предност за противникот.
Нека носат некој во средина мора да има замена за Бруно и Ериксен. Аренал минатата ги тепавме без Касемиро ми се чини, може и во недела, ама презначајни бодови изгубија денес, тотално без врска, каде противникот не постоеше, а ни зема бодови од слободен у 90-та. Вегхорст не се виде, дали 7-8 пати допре топка, мада само 1-2 тренинга имаше со тимот.
 
Уште кога видов дека ни ја протнаа оваа со Палас меѓу Сити и Арсенал знаев дека тука ќе го јадеме стапот.

Изигравме убедливо најмногу утакмици после рестартот на сезоната. Прво, нормално и очекувано е да падне тимот при ваков распоред. Второ, Арсенал ќе биде далеку поодморени и знаев дека ќе се оди на минимална победа.

А очигледно паднаа и психички после жолтиот на Касемиро. Тука Бруно ја еба работата до неговата навика безвеза да губи топка во ситуации кога противниците може да креираат контра. На крај и спортската среќа ни го заврте грбот, ама доволно не служеше претходните неколку утакмици.

Јебига, да не беше мечов (како што требаше да биде пред недела дена), ќе одевме на Емирати како конкуренти за титула. Вака одиме во прилично поволна позизија во борбата за пласман во ЛШ. Здравје со поширок состав наредна сезона, можеби и ќе се бориме за титула.

П.С. Не е незалагање, туку е чување за дербито во недела, кое потенцијално можеше да значи пресвртница на сезоната. Одевме на ризик - се или ништо. Останавмр со ништо најверојатно, ама тоа е.
 
Очигледно е дека ни треба уште еден сличен на Каземиро за пред одбрана, да сум на место на Тен хаг би вршел притисок да се бара холдинг везњак.
 
Уште нешто ако излезеше Каземиро ја губевме 90% многу работа заврши штета што прокоцкаа 2 бода.
Буквално топките кои ги пресече и ги покри дупките во второ, Мек Томинеј и Фред не можат да ги покријат за 100 години.
 
Кога губиш топка на секои 30 секунди, и така 15-20 минути по ред, редно е да примиш гол. Бруно и Ериксен клапнаа денес во второ. Рашфорд не знам во кој филм беше утакмицава. Не боли толку ремито колку жолтиот на Касемиро, посебно што го доби не по негова вина, туку стандард, од средина изгубија топка.

И ако претходните утакмици ги приведувавме кон крај порутинирано, оваа беше прав хаос. Очигледно беше дека на Касемиро ги дозираше стартовите, за да не направи жолт, и се ке си беше во ред да не го насадија каде што мораше да го сруши Заха. Права штета што нема да игра против Арсенал.

Се надевам на победа против Арсенал, ама поова што се случи денес, и со реми ке сум задоволен. Играчи психички истрошени, неиграње на најдобриот средњак, утакмица плус.

Не разбрав само она на МекТоминеј зошто не беше пенал. И не зезајте со вадење на Касемиро, ни висеше голот уште пред да го направи жолтиот.
 
само едно не ми е јасно... дали Де Геа очекуваше центар шут кога го примивме голот?? зошто постави само 3ца прилично ниски играчи во жив ѕид?

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 
Ништо не е изгубено, личиме на нешто последниве 10 утакмици. Арсенал има две утакмици со Сити ама како знаат и умеат мора да се побрдат у недела
 
само едно не ми е јасно... дали Де Геа очекуваше центар шут кога го примивме голот?? зошто постави само 3ца прилично ниски играчи во жив ѕид?

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
Каземиро беше во ѕидот кој и не ич низок.
 
@DimceY Не гледам што ќе сменеше 10 Варана да беа у жив ѕид. Шутот беше перфектен. Буквално никаква вина нема кај Де Геа, така да нема ни потреба ова како некаков проблем да се истакнува кога не е.
 
споредбено со Мектоминеј и Варан?! а другите двајца кој беа?

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
Небитно тоа сега. Она едноставно не се брани, јбг. Имаше две неверојатни одбрани, премногу ќе беше и она. Кошмари последни 10-15 минути, жолт за Каземиро кога никој не очекуваше, онаков гол, и промашена шанса за победа.
За 3 дена имаат доста битна утакмица, треба да смислат нешто за Арсенал. Ќе треба да се зацврсти доста средината, некоја варијанта како со Сити 4 3 1 2 би било ок.
 
@DimceY Не гледам што ќе сменеше 10 Варана да беа у жив ѕид. Шутот беше перфектен. Буквално никаква вина нема кај Де Геа, така да нема ни потреба ова како некаков проблем да се истакнува кога не е.
апсолутно... муабетот ми беше дека најверојатно Де Геа очекуваше центар шут и затоа сакаше Варан и Мек Томинеј да ги има внатре у 16ик...

иначе утакмицава денес едноставно покажа и докажа дека Тен Хаг едноставно нема никаква доверба во играчите шо ги има на клупа.... иначе зошто би ги чувал Рашфорд (кој ми делува преморен), Бруно и би ризикувал со Касемиро...

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 
Штета, да свирнеше пенал што реално и можеше имавме 2 -0 и Касемиро внедела.
Вака шипак..
Дефанзивно беа ок, сепак гол примија од слободен не од игра. Единствено Рашфорд можеше подобро денес па да дадеме плус гол. Антони не го коментирам, до сега е слаб и ни најмалку не го оправдува трансферот воопшто.
Искрено Повеќе жолтиот ме нервира него нерешениот резултат.
Ама фак ит, ко што пиша некој горе не можеш да контролираш се.

Само машки настап вНедела, па шта буде нека буде, сепак тоа е само Арсенал.
 
споредбено со Мектоминеј и Варан?! а другите двајца кој беа?

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
Мора да имаш високи да покриваат позади ако одеше на нафрлена а ние ги ставевме сите високи у ѕид.
Нема грешка кај Де геа денеска.
Заборавив да спомнам Бисака изигра маестрално денес, со Каземиро беа најдобри вечерва.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom