Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Добар состав само не знам зошто Лисандро не стартува.:cautious: Се надевам Шо ќе одигра како на претходните зошто тешко ќе биде да се чува Халанд.
 
Или Мартинез не е целосно фит, или му е напизден Тен Хаг зашто не се врати порано од Аргентина. Многу губиме на лев бек играјки го Шо централен.

Втора работа, Шо на таа позиција можеби функционира против Евертон, Бормут и останати помали екипи, ама за воиграна екипа, мислам дека требаше да си стартува Лисандро.

Сега кога гледам, премногу компромиси. Маласиа на лев, Бисака на десен, Фернандес крило.
 
Искрено очекував Мартинез да стартува, ама со Чарлтон дуото беше Мегваер - Мартинез и уште од тогаш мислев дека ќе ротира за со Сити назад.

Предноста на Шо е што може подобро да се вклучува во офанзивата и неговата брзина при евентуални тркачки дуели со Халанд.

Во офанзивата очекував друго решение, ама мислам дека ќе се обиде со дијамант формација со Бруно на нешто поофанзиван улога во средината на нешто поповлечена лажна 9ка, а со тоа да шират бочно Марсиал и Рашфорд.

Тежок меч, ако издржиме добро во првите 45 минути и да не ни се случи серија грешки на стартот како прошлиот меч со нив, тогаш ќе можеме да се носиме.
 
Ваљда Тен Хаг најубаво знае, да се надеваме на најдобар можен резултат ГГМУ:gjavol:
 
Рашфорд мораше подобро и за двете шанси што ги имаше.
 
Рашфорд мораше подобро и за двете шанси што ги имаше.
На празниот гол да, на втората шанса Родри го измести од рамнотежа. Само да не е нешто сериозно со Рашфорд.

Фред и Каземиро до сега одлични.
 
Бевме многу подобри од Сити но за жал немаме водство при првото полувреме..
 
Штом не дадовме првото гол, готово сега. Голот на душа на Каземиро.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom