Не е Роналдо проблемот, колку што е проблемот кој го нагласува и Рангник а тоа е не постоење баланс помеѓу офанзивата и дефанзивата.
Со Роналдо го доведовме тоа што баш ни фалеше, еден таков финишер во казнениот простор. Лани со Кавани видовме што значи да се има квалитетен стрелец. Ниту Марсиал, ниту Рашфорд, ниту Гринвуд можат да се носат чисто на 9ка.
Што е крив Роналдо кога не може течно да се изнесе топката од одбрана до последна зона. Да го хранат Роналдо со топки, со квалитетни центаршутеви ќе има уште поголем импакт во поглед на погодоци. Впрочем и досега го докажа тоа, поготово во ЛШ. Во последен период многу ретко добива добра топка од која би поентирал.
Проблемот според мене е што имаме среден ред кој нема капацитет да се носи подеднакво добро и во офанзива и во дефанзива. Односно имаме среден ред кој воопшто не е креативен офанзивно. Со Погба на терен се балансираше тој недостаток зошто знае да подели пас напред, да издрибла. Сега со Фред-Скот, Скот-Матиќ го нема тоа. Затоа нека разгледа на пазрот Рангник.
Има неколку интересни играчи на кои им истекува договорот во Јуни и може да се направи добар пазар. Кеси, Камара, Кантвел, Брозовиќ...