Негде прочитав дека за наредните 4 утакмици, рачунајќи ја и вчерашната, Керик ќе биде, а после тоа некој интерим менаџер до крај на сезоната. Тоа им било планот на управата. Не би ме чудело само да пуштаат од клубот шпекулации околку Покетино, да не го зголемуваат бесот кај навивачите. Не верувам дека некој сериозен менаџер, со педигре, би се нафатил да го води клубов, без цврсти гаранции за квалитетот на тие над него. Сите гледаат како функцијонира клубов. Покетино долго време не се поврзуваше со клубов, сега наголемо се зборува за него. Ми делува ко на попиваат корпи кај кој и друг квалитетен менаџер да тропнат.