Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Целото интервју е полно емоции, а и целиот вчерашен ден. Иако секогаш е зафркнато кога напушта менаџер (дури и Мурињо), за прв пат после 8 години, после мај 2013, повторно се чувствував грозно на моменти и со навлажнети очи. Можеби затоа што знаев дека човекот го сака клубот со целото срце и беше единствен после САФ кој 24/7 работеше само со една мисла - да го направи најдоброто за клубот.
Верувам дека не постои човек на кого му е покриво што не успеа од самиот Оле.
Welcome backЦелото интервју е полно емоции, а и целиот вчерашен ден. Иако секогаш е зафркнато кога напушта менаџер (дури и Мурињо), за прв пат после 8 години, после мај 2013, повторно се чувствував грозно на моменти и со навлажнети очи. Можеби затоа што знаев дека човекот го сака клубот со целото срце и беше единствен после САФ кој 24/7 работеше само со една мисла - да го направи најдоброто за клубот.
Имав некоја надеж до утакмицата со Сити дека може да се пренасочи ситуацијата на подобро, но после таа утакмица се беше јасно. Можеби му веруваше на погрешни персони, можеби беше премногу мек, со денешните играчи мораш да си големо копиле за да ги држиш под контрола, нарочито кога во тим имаш играчи како Роналдо и Погба. Колку и да не ми се допаѓа стилот на игра на Конте, таков тип на личност е потребна тука, да им еби се по список на секоја грешка.
Како и да е, имаше многу моменти кои ќе ги паметам за целиот живот, како ноќите во Париз, газењето на Сити и Челзи, безбројните пресврти, моментите кога го игравме најдобриот фудбал во пост Ферги ерата (налик тимот 2010, 2013) и најбитното - после бројни сезони, за прв пат го осетивме духот на стариот Манчестер Јунајтед.
Сега останува да свртиме нова страна и да го поддржиме новиот менаџер. Според информациите најверојатно ќе е Покетино (најверојатно тука игра улога и тоа што едино тој би можел да превземе што побрзо). Ги прочитав мислењата околу него, во добар дел се сложувам со истите.
Доколку биде тој, би посакал да го свлечишта Верати со него (ова е моја желба до Дедо Мраз, знам дека ќе остане само желба)
Сега реално, доколку е Почетино, сите знаеме која ќе биде главна трансфер цел на лето, се работи за шпиц, погодете кој.![]()
Остај го Оле.Што има Оле?