Слободно можам да кажам дека ова е најдобар меч од турнејава и нејсериозна контрола за моменталната форма...
Овие канзас се ептем типичен претставник на екипи со кои оваа сезона ќе играме можда 70 посто од натпреварите...
Играат прилично цврсто ,со интересни акции и добри контри...кои еве засега ги валоризираат во водство, во одбрана играат густо и прилично се насочени кон чување на водствотот (ова после првиот гол важеше)...
Нашиве прилично слабо се покажуваат засега, ама тоа е веројатно одраз на ептем слабиот ден на Амос и Рафаел ,мада и гибсон не брилјира многу...
Е сја колку шо е добар мечов ,толку слаб е судијава.....просто неверојатно....
Џену за САФ незнам дали е “фрлен“ ама судијава сто посто е на некои “опојни дроги“

Ептем е загубен и дефинитивно ужива да биде центар на внимание на натпреваров...
Берба и Нани некако најсолидни , а машала и Гигс се движи многу добро...Диуф малце топки имаше да употреби ,но добар е во скок играта,неприметив да изгуби дуел и прилично добро асистира ...
Е да...и Еванс е доста добар ,али тоа се очекува од него кога околу него во одбраната сите се помалце изгубени...
Со овај состав толку музика, со напомена дека Канзас воопшто не се наивен противник и штеша што судијата им исклучи играч ,нема реално да знаеме колкава “ни е чергата“ на оваа утакмица ако игравме до крај 11 наспрема 11.
Во второ полувреме се надевам дека ќе притиснеме од почеток , можеби шанса ќе добие експолозивниот Дени Велбек па очекувам брзо да израмнеме па потоа да крунисаме нова победа!
Иако е пријателски натпревар ,иако често се говори дека резултатот не е во преден план......никој несака да губи,особено тоа нетреба да си го дозволуваат играчиве во нашиот дрес...па затоа без калкулации треба да одговориме на фрлената ракаввица од Канзас и да изиграме на повисоко ниво ако сакаме да победиме !