Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Hellz Guardian
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Одлично ми почна денот, тепаше и Манчестер но не доволно :( . Каков почеток на натпреварот 3:0 и маестрална игра на Јунајтед, еднаш поминаа центар од мртов агол постигнаа гол. Некој стручњак нека ми одговори дали при првиот картон на Рафел немаше фаул врз него? Вторио според мене беше заслужен иако имаше и неколку недоделени и за Баерн, Ван Бујтен 5 пати стартуваше врз Руни, да не кажам намерно. Прегазениот од воз Рибери многу јадеше ..... и вршеше притисок врз судијата, па има судија бе алоо, кој си ти да изиграваш петел? Рафаел одигра добро, но нервозата и неискуството како што кажавте погоре беа пресудни. Така ќе учи од грешките и ќе стане голем играч. Како излезе со наведната глава...којзнае после елиминацијата го фатило срце...

Изиграа машки момците, јас сум задоволен од прикажаното, испаднавме со резултат 4:4, сепак тоа се дешава во фудбалот, не победува секогаш подобриот. Се работи за големи екипи, нијанси, ниво на концентрација итн. За Нани и Валенсија неам зборови, Нани не знам дали изиграл подобра утакмица, најмногу ми е жал за него имаше и шанса за хет трик, после не можеше да се соземе, ќе паднеше пред да изведе корнер. Сите играа со срце за Јунајтед, секоја чест, +10 за постот на Хулиган. Нека се тепаат малку и тие што 9 години не поминале, па не може секоја година ние финалисти да бидеме...glory, glroy man united!
 
Фергусон... пензионирај се.... очаен си.... толку од мене...
 
Фергусон... пензионирај се.... очаен си.... толку од мене...
dude_wtf.png


Бриши додека можеш, тоа е грев да го кажеш.
 
грев?? ај објасни ми зашто е грев???
Оти освои 11 титули у Премиер Лигата, 2 у ЛШ, а има шанси да ја освои и 12тата оваа сезона.
Не е ни најмалку крив Фергусон за неискуството на Рафаел. Да не сакаше со тројца у одбрана и да не распне Рибери?
 
I posle vi Anglija najdobra bila atmosferata ova ona ne se slusnaa navivacine na manchester celo vtoro poluvreme celo vreme BAYERN se slusase ne se naviva za timot samo koa napaga i koa vodi tuku i koa gubi
 
И да заборавив да се пофалам, 16 место у свет на фентази-то, за малку ќе лапнев Плеј Стејшн :pos2:, ама Евра......барем го има македонското знаме, меѓу тие ѓупските ако не друго...

http://en.uclfantasy.uefa.com/M/stats.mc?stat=table&event=10
 
Оти освои 11 титули у Премиер Лигата, 2 у ЛШ, а има шанси да ја освои и 12тата оваа сезона.
Не е ни најмалку крив Фергусон за неискуството на Рафаел. Да не сакаше со тројца у одбрана и да не распне Рибери?


ОСВОИ... минато свршено време.... и нема да ја освои 12-тата оваа сезона... толку беше од негоо.. истрошен е сакале да признаете или не сакале... јас не го спорам тоа шо го направил за Манчестер ама готов е... и немој Рафаел да го наоѓаш крив во оваа ситуација.. немој те молам...
 
Незнам од кога влечење за дрес на 30+ метри од гол е за втор жолт и уништување натпревар. И да немаше пред тоа жолт, требаше да си биде класичен фаул без картон воопшто.
Пред недела дена не поеба линискиот, примивме гол од чист офсајд кој се гледа оддд Андромеда, а можеби да не чини титула(недај боже)
Не ми е целта да барам причина за поразот во судиите, туку ќе бидам максимално изнервиран ако било кој тим се пожали на судиски одлуки во наша корист во иднина. Во една недела не уназадоа колку што Мурињо персонално не бил оштетен цел живот.
Сепак , по овој пораз ќе се концентрираме на ПЛ, и со Руни ќе испотепаме се до крај.
ПС Честитки за Нани, човекот е во неверојатна форма. Редно беше. И мора да го споменам ВДС, навистина човек кој неможе никогаш да те изневери.
 
Абе ок е биде што биде.... ми идеше да се утепам после утакмицата но тоа е тоа прифаќам и порази но посе оној педерски гол на Дрогба од 1 метар во офсајд и сега повторно да губиме во утакмица што можевме да ги наполниме до даска не можам да издржам веќе Руни незнам што да кажам за него ме остави без зборови, излезе да игра и покрај големата повреда. Нани ако продолжи вака да игра кој Роналдо кој сини очи ќе биде 3 пати подобар а пак Валенсија.... ме чуди како го добивме за толкава скромна сума :) Рафаел тој што ќе биде еден од најдобрите бекови ќе биде но неискуството си го прават своето јбг од вакви утакмици најмногу се учи :) аххх само едно незнам зошто Керик беше подолго на земја отколку да си ја одигра неговата игра :toe:
П.с не ми замерувајте за сликата со Роналдо немам се уклучувано овде мноооооооооооооооооооооогу време :kesa:
 
Арни сте? Јас да, како изигравме можеме да сме среќни и што не ни начукаа уште 2-3 во второто полувреме после сите грешки кои ги направивме, ги чекавме на контра и ги дочекавме - без напаѓач... алал да ни е. Здравје ќе имаме уште шанси да се докажуваме понатаму, имаме супер состав кој се покажа (недоволно вечерва) за жал на сите вистински навивачи но тоа е тоа, сега можеме да се фокусираме на останатите натпревари за одбрана на она што остана, титулата во Англија, со среќа ѓаволи.

Димчеј, смири се бате... утре денски пиши :smir:
 
ОСВОИ... минато свршено време.... и нема да ја освои 12-тата оваа сезона... толку беше од негоо.. истрошен е сакале да признаете или не сакале... јас не го спорам тоа шо го направил за Манчестер ама готов е... и немој Рафаел да го наоѓаш крив во оваа ситуација.. немој те молам...
Грешка си брате, грешка си.
Ама ај нека е, секој си има различни сфаќања и желби.
 
ОСВОИ... минато свршено време.... и нема да ја освои 12-тата оваа сезона... толку беше од негоо.. истрошен е сакале да признаете или не сакале... јас не го спорам тоа шо го направил за Манчестер ама готов е... и немој Рафаел да го наоѓаш крив во оваа ситуација.. немој те молам...

Друже, ко што вика Дено, човеков е институција. Со толку многу повреди сезонава и ослабен тим успеа да го догура Јунајтед до тука. Гледај ги Ливерпул без Арбелоа и Чаби каде се...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom