Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Chombe_United
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Абе луѓе што е ова за клубов што се пишува по интернет. Почна паника да ме фаќа! Те сме биле во долгови, те Руни ќе си одел во Реал после СП. Па после и други фудбалери ќе се распродавале. Го напраја Манчестер ко цела вечност да живеел од кредити, а ен освоил ниедна титула. Што е работава? Некој заговор против клубот или...:toe:
 
Штета што нема да го има форумов. Инаку се надевам на победа и ништо друго. Очекувам овој состав отприлика да излези:

- ВДС/Кушчак -

- Рафаел - Браун - Еванс - Евра -

- Валенсија - Керик - Андерсон - Гигс -

- Бербатов/Овен/Диуф - Руни -

Кој било да игра од тројцата напаѓачи важно да играме со 2 напаѓачи, зошто само со Руни во нападот не оди. Мој тип: 3-0.
 
Глејзерс бараат начин како да се извадат од гомната во кои влегоа, па затоа и вакви шпекулации следат. Знаат и самите дека ако не купат играчи, а го продадат Руни, ќе ги горат живи на клада, а и стадионот ако се осмелат да го продадат, мислам дека 30% од навивачите на Јунајтед ширум светов (читај пациенти) ќе тргнат во поход по нивен линч (на глејзерс). Затоа нека го продадат на азиската корпорација која и да беше или нека вработат сметководители, еве мене на пример :icon_lol: За подолг живот...:pos:

Glory Glory !!!
 
Одлично!!!Немам зборови:tapp:Добро бе што планираат тие Глејзеровци мамето нивно:nerv::nerv::nerv:па зар сеуште се сопственици на клубот?Не ми се верува:kesa:Ме плаши оваа ситуација.Ливерпул се исто така во долгови а купуваат играчи.Зошто не го продадат клубот на оние кои беа заинтересирани а тие во долгови и ич уво не ги боли:jaj:

Незнам што да кажам повеке.Крајно разочараност од целава оваа ситуација.

Се надевам дека денес ке победиме со 3-4 гола разлика и нормално revenge за поразот од второто коло:devil3::devil3::devil3:
 
Руни бара рекордни 140.000 фунти неделно


Агентите на напаѓачот веќе побарале нов 5-годишен договор со заработувачка која е за 50.000 фунти поголема од сегашната


Или ќе му понудат нов договор со рекордна годишна плата или во летниот преоден рок ќе се пресели во Барелона или во Реал (М). Ваква е ситуацијата кога е во прашање иднината на репрезентативецот на Англија и најголема ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни.

Како што информираат блиските извори од таборот на "црвените ѓаволи", агентите на Руни веќе побарале нов 5-годишен договор и неделна заработувачка од 140 илијади фунти, што е за 50.000 поголема од онаа што сега ја заработува брзоногиот голгетер.

Моментално најплатен фудбалер во редовите на англискиот премиерлигаш е капитенот Рио Фердинад со неделна заработувачка од 110.000 фунти, сума која клупските челници веднаш се подготвени да му ја понудат на Вејн Руни.

Во случај да не најде заеднички јазик со сопствениците на "ѓаволите", Руни својата среќа ќе ја побара во Шпанија, а како најголеми фаворити за неговиот потпис се големите ривали од Примера дивизион, Барселона и Реал (М).

Освен дека се подготвени да му ја понудат бараната плата, раководните лица на каталонскиот гигант и "кралскиот клуб", се подготвени да одвојат околу 70 милиони евра за обесштетувањето на репрезентативецот на Англија.

Во исто време за клупскиот сајт менаџерот сер Алекс Фергусон изјави дека очекува Руни да биде ѕвезда на претстојното светско првенство во Јужна Африка налето. Според него тој ги има сите квалитети да биде следниот број 1 на светот.
- Сигурен сум дека Руни ќе биде ѕвезда на Мундијалот. Тој е извонреден фудбалер и докажан голгетер. Знам дека тој ќе ги оправда очекувањата и ќе и помогне на Англија да се претстави на најдобар начин, изјави Фергусон.
 
Уште Руни да замине и му ја плукнавме:tapp:
btw: Едно видео што ме наежи
 
До кога со воа простиве вести да го ебам. Само се отвара непотребна дискусија. Руни би играл за Јунајтед и за 4 фунти...
 
Фенербахче се интересира за Бербатов:
Бербатов се повеќе се наоѓа на излезните врати од „Олд Трафорд“.
berbatov002.jpg
.
овој играч мислам дека е единственотто трансфер промашување на ферги.
 
До кога со воа простиве вести да го ебам. Само се отвара непотребна дискусија. Руни би играл за Јунајтед и за 4 фунти...

НЕ сум баш сигурен. Денес се се врти околу парите :nenene:
 
Одлични вести за Сер Алекс Фергусон:




Јунајтед ќе може за брзо време да смета на Рио Фердинанд и Едвин Ван дер Сар откако двајцата започнаа да тренираат со Црвените Ѓаволи оваа недела.

Рио Фердинанд отпатува со тимот во Катар на подготовки, додека Едвин Ван дер Сар се врати од Холандија поради здравствената критичната здравствена состојба на својата сопруга.

Сер Алекс не даде до знаење дали ќе може да смета на двајцата играчи за дуелот со Барнли во сабота на Олд Трафорд но додаде дека Фердинанд "најверојатно нема да настапи". Тој изјави: "Искуството на Ван дер Сар ќе му помогне на тимот".

Сеуште има добри вести за Јунајтед оваа недела Димитар Бербатов најверојатно го надмина проблемот со коленото кој го имаше. Бугаринот тренираше во Катар секој ден и изјави дека не чуствува никава болка во коленото и нема да биде потребна додадна операција која беше препорачана од специјалист.

Овен Харгривс исто така се доближува до враќањето на терените после тренинзите во Катар со целиот тим и Сер Алекс вели дека тој може да ја види "светлината на крајот од тунелот". Харгривс нема настапено за Јунајтед од Септември 2008.

Извор!

Треба да победиме денес сеуште немаме победа во новата 2010 година се надевам дека денеска ќе биде првата!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom