Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Chombe_United
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
EnergieNo.1 и mans се банирани по три дена од форум заради мешање мајки во постови. Алал вера момци.

Иначе честито победа. Заслужена или незаслужена е друг муабет, сум рекол сто пати и пак ќе повторам - три бода си се три бода.
 
Честитки за победата,каква и да е 3 те бода се најважни,тоа е фудбалот секогаш имало грешки:toe:иако баш играта и не ми се допадна и жалам за пропуштените шанси.
 
:olee::olee::olee:

Пресреќен сум!!!!! Честито победа!!!

Убав фудбал гледавме,се потрудија и двете екпи да дојдат до 3-те поени,дадоа се од себе,сепак победија посреќните(мое мислење)...

А крајот беше многу заебан..Бербатов и Нани што промашија..:tapp:

И после на 10 секунди до крај топката оди кај Руни и викам КРАЈ!!! ама како само наивно ја изгуби и за беља ни шибнаа гол...Ми идеше да се убијам,ама глеам ОФСАЈТ!!!

Честито уште еднаш и честитки до фановите и играчите на Арсенал за добро прикажана игра!!:smir:

П.С. Одбраната на Фостер на почетокот на вториот дел,кога беше 0:1 :drk:
 
најслатка победа после победата над челзи во лига на шампиони :smir:
 
Типично англиско дерби во кое беа фузирани сите потребни елементи за, пред се добар фудбал. Видовме 3 гола, пресврт, 10ина жолти картони, пенал ..

Е сега околу победата. Пред се честитки за освоените 3 бода, кои какви и да се, заслужени или не, против еден најголемите ривали на Манчестер во последнава деценија, се секогаш слатки.

Првото полу-време Јунајтед подобро стоеше на теренот од Арсенал, а гостите сепак поведоа на 5 мин. пред крајот на првиот дел. Е сега пред да голот да падне, имаше очигледен чист пенал за нив, но таа грешка на Дин (една од неколкуте) не ја сметам за толку голема и трагична за Арсенал, бидејќи ако досудеше пенал, Аршавин немаше да го постигне тој одличен гол, а Топчиите МОЖЕБИ ќе го реализираа пеналот. Така да целиот сплет на околности отиде, сепак во корист на Арсенал и мислам дека околу таа ситуација не треба мн. да се жалат. Во вотриот дел ако ван Перси погодеше уште на почетокот, ќе беше се готово. Но за среќа Фостер инстинктивно одбрани, а Ман.Јун. го наплати ДЕБЕЛО тоа промашување со 2 гола за само 5 мин. со што си ја заврши работата на овој натпревар.

А во моментите кога го славеа нашиве вториот гол, се потсетив на натпреварот против Арсенал пред 2 сезони кога, утакмицата беше скроз иста на денешнава.
- Натпреварот и тогаш заврши 2-1 за Манчестер
- Арсенал го отвори резултатот, со гол на Адебајор
-Манчестер немаше игра, но само 5 мин. по примениот гол, Галас направи МИЗЕРЕН пенал играјќи со рака една сосема безопасна топка, по што се се сврте во наша корист
 
Хахахахахаха Хелз зверко е ова:pos2::pos2::pos2:

Мора да признаете дека без овој човек Лигава нема да личи на тоа што личи сега . Па аплаузи му даваат хахахаха се посрав :):) звер!
 
Честито победа ѓаволи. Нема да навлагам во тоа кој имал среќа и како. Победа си е победа.
Само денес ни оддалеку не го видов оној Манчестер со кој игравме во ЛШ пред четири месеци. Да ли се должи на заминувањето на Роналдо или на упорното инсистирања Гигс и Сколс се уште да играат( на сметка на Андерсон на пример) не е мое да кажам пошо веројатно вие си знаете подобро.
Поздрав од мене и се гледаме во Јануари пак!:helou:
 
Честито победа. Играта и на двата тима не ме бендисуваше, ама тоа е. Се играше многу прљаво и имаше многу грешки. Ама добро, и тие се луѓе.

Него овие од Сител прв пат да не гледаат фудбал? Галас во пасивен офсајд а тој прима топка и ја спушта кон ван Перси:pos2:
 

No Doubt - Rooney, United's new penalty taker :pipi:

Се согласувам сосема со изјавата на САФ и Вејн. Флечер денеска беше одличен на теренот, да не речам диригетнска палка на Јунајтед. На моменти дури и не бев сигурен дали е тоа стварно Флеч ... :pos2:
 
Како фан на Манчестер секако ми е мило за победата али лесно можеше и да биде поинаку.Како и да победа си е победа или уште еднаш се потврди она:ЦЕЛТА ГИ ОПРАВДУВА СРЕДСТВАТА! Навивачите на Арсенал можат повеќе да бидат бесни на својот Диаби отколку на судијата на за пеналот над Руни.Дефинитивно имаше контакт, а дали Руни ќе ја стигнел топката или не тоа и не е баш важно, фаул си е фаул.И малку коментар за нашиве играчи:

Флечер цар во средината, најдобра партија шо сум ја гледал од него досега.Дефинитивно е наследникот на Сколс.

Руни права 10-ка игра пожртвувано, се враќа назад, го даде пеналот...и стигна со бројката од 4 гола по 4 одиграни кола со што се потврдува дека ќе биде сезонава наш играч борј еден.

Гигс малку почнува да ме нервира али ОК е во второто помогна неговото искуство.Мислам дека сепак повеќе треба да седи на клупа и да игра од 70 мин. натаму.

Фостер дефинитивно е СЛАБ на удари од далечина и треба да поработи на тоа.Ако беше ВДС сигурно ќе го одбранеше ударот на Аршавин за 1:0.

И за крај според мене играчот на Манчестер на овој натпревар, кој друг ако не ЕВРА :vozbud:.:zver: е невиден.Појак лев бек Манчестер немал во последнава деценија!!!!

Останатите на висина на задачата.

Многу значајна победа која сигурно ќе го подигне моралот на екипата за следните предизвици кои ги очекуваат: Тотенхем, Бешикташ, Шити...
Честитики и одиме напред кон нови победи :helou:
 
Нека ни е честито победата и нека се множат!: )

Инаку повозбудлив натпревар не сум гледал долго време, посебно второто полувреме.

На многу пати ќе добиев инфаркт на натпреваров.:vozbud:Посебно кога Дими и Нани ги промашија шансите во продолжението, и кога Арсенал го даде голот од офсајд.Ако не беше офсајд имаше да кршам се по дома.:smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom