Не дека ова е провокација, ама не му личи на тим што атакува за титула да изгуби од тим што во Премиер лига влегол преку плеј оф утакмица, а пред тоа 25 години не бил тука. Дека е така, доказ беше и нерешеното (читај пораз) на Ливерпул со Хул. Или двете со Стоук. Не иде вака работата браќа. Ќе си ја изгубите титулата оваа година многу поштено. Дали таа ќе лета во витрините на Челси, Арсенал, Ливерпул, или пак барнли (ми се гледа како посериозен тим за титула од Манчестер) или пак Тотенхем - не знам. Битно знам дека пола состав ваш го немате (Роналдо - Тевез) а тоа значи нема кој да ве вади како лани кога еден тим ќе ви се затвори. Слична приказна со Ливерпул, јеби га.
Сега - потпирајте се на Мајкл Овен. Дур не му се скршат нозете.
Не сметајте го ова како провокација, сепак е еден коментар на натпревар што заврши. Следниот мој овде (најверојатно) ќе биде по дуелот со Челси.
Едвај чекам да се сретнете со Анчелоти
Поздрав
(CYPA 1958)