Фан клуб: Мајами Хит!

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Губиме на полувреме од Шарлот, 60-45... Лабаво некако почнавме, дали оти веќе трети ден во серија како играме, незнам... Да се надеваме дека ќе се поправат второ и ќе ги добиеме Бобкетси :)
 
се враќаме полека :) намалија на 1 разлика на 1минута до крај на 3/4
 
Одлична 3/4, на минус еден сме, примивме само 10 поени, одбрана на ниво... ЛеБрон слабо некако во напад, но во одбрана одличен, украде три топки... Батие одлично се местеше под кошевите и изнудуваше контра-фаул... Вејд изгледа ја повреди малку ногата (скочен зглоб), но се врати сега на крајот на четвртината... Идеме уште подобро до крај :)
 
Победа од 96-95, тешко издвојувана, Вејд даде кош на 2.9 секунди до крај :D
Сега сме со скор од 3-0, ЛеБрон даде 35 поени, 6 скока, 7 асистенции и 2 блокади, Бош имаше дабл-дабл, над 20 поени имаше и над 10 скока, за другите ќе си видите статистика :D
 
Видовте какво забивање не му признаа на Леброн? Топката се удри од главата на противникот и се врати низ обрачот, судиите не видоа :pos:

Кој го најде тоа одма нека го стави, најјак моменет беше, ЛеБрон забива, еден рипа (мислам White) и со главата ја вади топката од кош, а топката цела влезена, и нема кош :pos:

Од официјалната на фејсбук најдов статистика...

The HEAT Win!
95 - Charlotte Bobcats vs 96 - Miami Heat... Leaders - LeBron James 35 points, 7 assists, 6 rebounds, 3 steals and 2 blocks. Chris Bosh 25 points, 6 rebounds and 2 blocks. Mario Chalmers 15 points and 4 assists. Dwyane Wade 10 points and 4 assists. Norris Cole 5 points. Udonis Haslem 4 points and 6 rebounds.
 
Честито нека ни е, малце слабо првото после се повампири Џејмс, а и Вејд погоди кога требаше.Забивање и рампата беа моментите.:D
 
уф како пријатно ме изненади Бош изгледа му викале да биде малку поагресивен, како викнав само кога ја закуца многу моќно делуваше, ама после стресни моменти до максимум, претпоследен напад Вејд кога ја изгуби мислев крај е и после победоносните поени кога ги постигна мислев топката ќе испадне надвор а да не зборувам за последниот шут на бобкетс срцето не знаев кај ми е

и дали приметивте кога противниците одат во контра а позади нив е Џејмс некако не се одлучуваат на влез тука ја смируваат играта хахахаххаха

ме радува што овој тим кога САКА да игра посериозно може во секое време да одигра врвна одбрана и да го натера противникот на грешки, кога се на паркет заедно Батие, Вејд и ЛеБрон мислам дека се најдоброто одбранбено трио во лига

вчера само една тројка и не знам колку е паметно Вејд и Леброн да не шутираат за 3 ама се додека функционира тактиката "сигурни поени" не се бунам, и од слободни имаа одличен процент

и дај нека се залечува побрзо Кари од оној Ентони ми се плаче не можам да го гледам веќе Питман е за него Хауард, и уште стојам до тоа дека Кол треба прва наместо Чалмерс

инаку еве го моментот


:pos:


:vozbud:


:vozbud: :vozbud: :vozbud:


утре со Минесота на гостински терен
 
Вечерва во 2 по полнок играме на гостински терен кај Минесота.Добра екипа имаат овие, ама ние сме подобри :)
 
Повторно тесна победа, овој пат над Минесота на гости со 103-101... Кош постигна Вејд на 4,6 секунди до крај по прекрасниот цепелин (популарно наречен) од страна на Џејмс :D

4-0 :icon_mrgr:
 
Леле каква инфаркт завршница,на 6 секунди до крај губевме 1 разлика и Вејд мајсторски му се отвори на Џејмс(изведуваше од аут) кој му даде одлична топка до него и кош:vozbud:,после за Минесота имаше 4 секунди за напад но за наша среќа утнаа за три поени:) ! 2011 ја завршивме со победа,во 2012 се надеваме на титула,напред МАЈАМИ!!!
 
Батие рака на срце е звер во одбрана ама мора да поработи на офанзива да биде малку корисен, се што шутна промаши
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom