Абе што збориш бе брат, тешко било Дурант да се вклопи. Дурант е скоринг машина што во било кој тим да игра ти гарантира 30+ поени во просек по сезона. Не заебавај, немој вакви муабети. Вестбрук е топ играч, ама искрено јас повеќе го сакам Дурант во тим отколку него. Вестбрук е дебил и знае да направи трипл дабл, а во следната текма да има 10 изгубени и 2 поени.
Нека остане Расел, не мора он да е воџа и прв носител на играта, сетете се каква улога имаше Фишер во тимот. Рендл нема теорија да стане класа играч, едноставно го нема тоа во него, најпрво дефанзивата му шкрипи, а во напад е лимитиран затоа што знае само ЕДЕН потег, оној со ролингот, плус шутот од дистанца му е просечен. Значи он ќе биде добар играч, ама никако врз него не може и не смее да градат екипа. За Кларксон убаво кажа Никац, ако не ја подобри дефанзивата ништо повеќе од 6ти играч нема да биде.
Ако можат и ако има можност одма нека загризаат за Дурант, има во него уште добри 4-5 врвни сезони. Секако мора центар да се пазари и не знам со пикот што ќе биде и што е достапно годинава.
Знам само за оној Инграм, е него ако го земат тоа официјално ќе значи ништо од Дурант.