@Vanlok Аделман најави пензија, сега барат дозвола да го интервјуираат Тибодо, а во обзир се и Џорџ Карл, Бајрон Скот, Курт Рамбис, Џеф Ван Ганди, Еторе Месина, Џон Калипари , Кевин Оли
И Д’Антони најави пензија кога го напушти Њу Јорк, па со свежо опериран колк дотрча во ЛА кога го викнаа на разговор...

Не го отпишувајте Аделман, најавите за пензија се можеби и договорени (малку веројатна е целата работа, ама сепак).
- Тибодо, ако добро ме држи сеќавањето, неодамна потпиша екстензија со Чикаго. Инаку ОДЛИЧЕН тренер и добар избор!
- Џеф Ван Ганди, можеби... ама сепак не. Брат му Стан, може, дефинитивно може!
- Џорџ Карл, добар ама не доволно добар за Лејкерси.
- Бајрон Скот, види кај Џорџ Карл (само полош).
- Еторе Месина, види кај Џорџ Карл и Бајрон Скот (само понеспремен за НБА главен тренер).
- Курт Рамбис, никако.

Хајлајт: Во Минесота беше очаен, Кевин Лов го држеше на клупа а во нападот го фаворизираше Дарко Миличич. Може да остане како помошник тренер, и ништо повеќе.
- Џон Калипари, тапа. Не знам дали гледавте нешто од колеџ фајнал форот, ама редовно го надигруваат другите тренери иако имаше можеби најдобар тим. Нетси не го отпуштија за џабе.
- Оли. Можда, ако се друго отпадне. Но во тој случај, ако веќе Лејкерси сакаат да пробаат со руки тренер...
... зошто не и Дерек Фишер?
Момакот најверојатно ќе се пензионира после плејофот, и се зборува дека е заинтересиран за тренеска работа. Важи за интелегентен дечко и познавач.
Инаку читав дека во игра е и Стив Кер и Крижевски (иако Кер најверојатно ќе иде во Никси).