Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
Епа за жал тие се моменталните кандидати а не гледам списоков да се смени во иднина... :/
 
Ја би за Месина. Одличен тренер, одлично држење, човек со реноме ... баш таков ни треба
 
Месина повеќе е за помошник отколку за главен тренер. Не сум многу убеден дека ќе се снајде во НБА тим, додека за Европа е одличен.
 
Јас мислам дека Бајрон ќе го одберат на крај така ми мириса работава...
 
Џексон мене ме бендисува како како личност и како тренер дефанзивата му е на првото место но најважното нешто е тоа што знае како да се однесува со играчи и секогаш има добра атмосфера не за џабе Кари и Ли застанаа зад него да не го отпуштаат, ја смени културата во Голден Стејт и мислам дека доколку би го драфтувале Ексум Џексон или Скот би биле одлични тренери затоа што знаат да развиваат плејмејкери, Кајри го нарече Скот како втор татко и дека без него нема да бил играчот што е исто така Џејсон Кид кога беше во Нетс тренер беше токму Бајрон Скот... Ќе видиме долго ќе биде ова лето.
 
Мислам дека непромислен потег им беше отпуштањето на Марк од ГС. Да потфрли годинава со тимот што го имаше (во плеј-оф) ама па играа против претерано јак тим на Клиперс + им фалеше Богут. Мислам дека има добра филозофија и дека супер би се снашол во Лејкерс. Да не заборавиме дека ќе има уште поголема желба за успех да им покаже на ГС воглавно дека погрешија
 
basketball-zips2.png


Lakers stand up!
 
Најверојатно нашиве летово ќе бидат свртени и кон Кармело а читав доколку неможат да го земат Кармело најверојатно топ слободен агент за летово автоматски би бил Грег Монро...
 
Глејте го бе, нежен е и тенис кога игра :pos:
 
Кевин Лав ако одлучи да си оди летово нашиве освен пикот немаат што да дадат за трејд, ќе не наебе и тој...
 
Кевин Лав не е за лидер во Лејкерс, не знам зашо се крева толкава фама околу играчот. Статистиката што ја има во Минесота е ради тоа што игра сам. Далеку е од лидер и после Коби ќе треба да се бара уште некоја ѕверка за да го замени, со Лав сме го накршиле.
 
Човекот е ЛИЛАРД!!!!! Само што нема шанси да си оди од Портланд :( Се би дал да го облече дресот на Лејкерс, каква мудоња е дечкото тоа е страшна работа, таков играч му треба на Лејкерс после Коби.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom