Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
Се воздржував сезонава да коментирам на форумов од аспект на повеќе главоболки кои ги доживеав јас а и сите вие поради оваа лоша сезона која и се очекуваше па како завршува сезонава мислам дека време е за комплетен што би рекле Америве „Оверхаул“ на екипава почнувајќи од тренерот па со добар пик и така натаму... Мислам дека на овогодинешниот драфт ќе имаме прилично висок пик бидејќи сепак ЛА Лејкерс франчизата е премногу добра да се игнорира и премногу позната во спортскиот свет а како и во светот на бизнисот сите тие големи спонзорски договори со разни ТВ компании и слично да не напоменам и добрата клима во градот. Оваа година мислам ќе имаме топ 4 пик можеби звучам лудо но мислам дека баш поради таа репутација која ја има стекнато оваа франчиза мислам дека нема НБА да си дозволи а исто така и нашиве газди да бидиме долго на дното затоа што една респектабилна организација како оваа не заслужува да не биде во ситуација за титула, затоа да се надеваме дека наследникот на Коби ќе дојде на овој драфт и ќе градат околу него секако под менторство на „Црната Мамба“. Новата ера на Лејкерс започнува со овој драфт! Let's Go!
 
Повредите се очекувани, види го колкав е висок и недоволно ојачан, а се тепа со волови под кошеви.
Тек преклани прв пат баскет фатил во рака. :)

Центрите мора од почеток да почнат со озбилни физички припреми, посебно на ноги и грб.
 
Рестартов ќе трае две години. Се надевам грешам. Едини стабилни луѓе во Лејкерс моментално се Мич и Коби. Спремете се за врвни гласини, разочарувања и надежи летово. :)
 
Јас од следнава сезона се надевам само на добар пик, и на добро развивање на рукито на Лејкерси.
ОК, сепак не само тоа... Се надевам и дека нема да не закопаат со донесување на Кармело, Бош, или друг таков за максимална плата.
 
10155786_612547598831982_3136684562306753406_n.jpg
 
Од ова лето очекувам добар пик, отпуштање на бркот, донесување на правиот тренер со правилен систем кој му одговара врз основа на играчите и да го гради тимот врз тој систем, подобрување на одбраната во иднина. А за идното лето здравје боже Кевин Лав и уште некој енд ви ар бек ту бизнис :D
 
Бркот не го отпуштаат, освен во некоја минискулно малку веројатна варијанта каде во ЛАЛ летово доаѓа ЛеКвин и потоа на драфтот лапаме топ3 пик. Само така стануваат претенденти за титулата, и само така е можно Принглс да добие нога во задницата.

Јас лично не го сакам ЛеКвин во Лејкерси, ниту Кармело, Бош или било кој од макс агентите што би можеле да се достапни летово.
Кевин Лов следната година, може. Денг и/или Окафор може, за прифатливо ниска плата.

Така да, очекувајте да го гледате Бркот и следната сезона. Да бидеме искрени, ова што се случува оваа сезона не е негова кривица (освен тоа што дозволи тимот да победи во некои утакмици каде не смееше да победат).
 
Бркот не го отпуштаат, освен во некоја минискулно малку веројатна варијанта каде во ЛАЛ летово доаѓа ЛеКвин и потоа на драфтот лапаме топ3 пик. Само така стануваат претенденти за титулата, и само така е можно Принглс да добие нога во задницата.

Јас лично не го сакам ЛеКвин во Лејкерси, ниту Кармело, Бош или било кој од макс агентите што би можеле да се достапни летово.
Кевин Лов следната година, може. Денг и/или Окафор може, за прифатливо ниска плата.

Така да, очекувајте да го гледате Бркот и следната сезона. Да бидеме искрени, ова што се случува оваа сезона не е негова кривица (освен тоа што дозволи тимот да победи во некои утакмици каде не смееше да победат).
Не е негова кривица целосно ама и тој има удел во тоа јас мислам поради неговиот смешен систем се должи оваа сезона на толку повреди а сакам да го отпуштат летово затоа што сакам новиот тренер да го гради тимот според неговите потреби а не идната сезона да го отпуштат па дури се уиграат со нов тренер да биде прекасно... А доколку би менувале што мислиш кој тренер е фаворит да го замени?
 
Бркот има уште една година договор, а да бидеме реални Лејкерси и догодина нема да бидат многу подобри од сега (освен ако не се случи чудото за кое зборував некој пост погоре). Затоа и скоро сигурно ќе си ја одработи следната година.

Инаку јас би сакал на клупата на ЛАЛ да видам некој од браќата Ганди, боље Стен пошто Јеф нема активно тренирано одамна. Прва желба ми беше Тибодо, ама тој веќе потпиша продолжеток на договорот со Чикако. Рик Аделман (ако добие клоца од Минесота) е супер тренер со добар систем, но треба да се почека драфтов: пошто ако драфтуваме добар плејмејкер тогаш Принстон нападот нема да биде за нас.
Ако некако се решат на руки тренер, прв избор би ми бил Дерек Фишер (освен ако не реши да игра како играч уште една сезона).
 
Читам како главни фаворити за замена биле Џеф, Бајрон Скот, Џери Слоун, Кевин Ојли(од Јукон), Стив Кер и Лајонел Холинс... Вака прочитав како главни фаворити
 
Слоун не се враќа у профи кошарка. Стив Кер ќе иде кај Фил Џексон у Никси да го воведуваат триаголникот како главен напад.

Бајрон Скот и Лајонел Холинс?
Не треба, фала! :)

Исто Калипари (од колеџ) НИКАКО!
 
Слоун не се враќа у профи кошарка. Стив Кер ќе иде кај Фил Џексон у Никси да го воведуваат триаголникот како главен напад.

Бајрон Скот и Лајонел Холинс?
Не треба, фала! :)

Исто Калипари (од колеџ) НИКАКО!
Лајонел Холинс не е лош јас мислам баш и дефанзивно ориентиран е а Бајрон Скот ја познава културата на тимот и како да се победи би можел да биде добар тренер мислам..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom