Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
Еј сериозно бе,нели ќе танкаа?Прв пут у живот играм против Лал,а еве ги тиа водат у гости со Бруклин 20 разлика:pos:.
 
Со тројкиве вечерва на некои дроги се...
 
Капата доле за Блејк и Фармар , а за Гасол црн бумбар последниве 2 утакмици повеке одмага него ли шо помага. Колку е само фатен у раците , најголем трошач на топки е.
 
@Perfecto
Мислам дека Леброн првенствено потпиша за 16 милиони али моментално зима 19 или веќе може стигнал до 20, затоа што има прогресивен договор, односно му расте од сезона во сезона, зависно од неговите игри, а знаеме како ги одигра претходните сезони.

Сеедно, на оваа возраст и после ваква повреда ова е преголем договор за Коби, без разлика што е една од најголемите легенди на клубов. Ванлок спомна во темата за НБА, никој не е поголем од клубот, па дури ни Коби. Алекс Фергусон во Јунајтед имаше едно златно правило кога потпишуваше со некој играч, на почетокот одат финансиските детали и се остало, а на крајот последната клаузула од договорот на секој ебан играч гласеше: Никој не е поголем од клубот!


 
Секое куцање е слатко кога е постеризиран свињата Пирс. :)
tumblr_mwyex9gL1u1s2lf81o1_r1_400.gif
 
Весли Џонсон ги силува Детроит, само штета што у Лејкерс играат ликови ко Сакре. Ајде уште 1/4 остана, да се надеваме дека ќе победат затоа што не играат лошо.
 
Џонсон масакр ги стори...Ја извадија на крај некако, ама Фармар која глупост ја направи со слободните...
 
Џонсон 6/7 за три поени :vozbud:
Шон Вилијамс исто така одигра одлична партија, Гасол во нападот потфрли ама во одбраната беше океј.
(y) за Ник Јанг и изнудениот фаул у напад на 104-102.
 
Само еден интересен податок за Двајт што се жалаше како неможел да играл во пост кај нас кога беше, гледам статистика моментална во Хјустон ги има скоро истите ако не и помали бројки во споредба со лани кај нас единствена разлика е годинава се тие помлад тим и ги вади Харден ништо друго а Двајт е дрво, добро кажа Шек неговиот прајм тајм помина...
 
Коби одлично се покажува на тренинзите. Се очекува враќање во Петок. Ајде конечно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom