Без намера да ја расипам забавата. Дај погледајте ги работите барем малку реално: Леброн нема зошто да дојде во ЛА.
Зошто би доаѓал, ставете се на негово место...
Пари? Веќе има макс плата и игра во држава каде нема данок на личен приход. Во Калифорнија данокот за тие со големи плати е накај 15%. Ова е една од причините зошто кловнот го одбра Хјустон, во Тексас исто така нема данок на плати.
Титули? Мајами зема 2 последователни.
Друга причина....?
Дајте објективност малку, на страна можност за непредвидени работи (тешки повреди на Вејд и/или Бош и слично), шансите за Леквин во ЛА се минимални кон никакви. Ништо на што треба да се гледа со нетрпение, не го задржувајте здивот.
Да, теоретски се е можно. Теоретски е можно да направиме групњак со Адријана Лима. Можеме да и понудиме, е сега дали ќе прифати тоа е веќе нешто сосема друго... нели?
На страна што не го сакам ЛеКвин како карактер, не е дека не си го сакам клубот за кој навивам и нормално дека ќе признаам дека тимот ќе биде многу појак со него.
Се спомна и Кармело Ентони, па зарем навистина сакате еден 30годишен ’Мело во Лејкерси, да го закотви клубот со макс договор? Да се фаќаат за врат со Коби кој да шутне повеќе шутови?
Ако веќе фантазираме за играчи што ќе го донесат тимот до титула и ќе бидат иднина на тимот, зошто да не зборуваме за играчи како Кајри, Лов, Рондо, Пол Џорџ...
Вакви играчи многу тешко ќе дојдат во ребилдинг клуб, па макар се викал и ЛА Лејкерс. Коби ќе наполни 35 наскоро, Неш 39-40, Гасол има 33...
Треба нова крв цело ново јадро на тимот, и тоа не може само преку потпишување на слободни агенти, туку мора преку драфтот да се најдат барем пар солидни играчи. А за тоа треба лош пласман и учество во лотаријата за драфтот.
Нема подобра прилика од сега за малку намерно „спуштање„ во следната сезона. Следниот драфт ќе биде преполн со добри играчи, еден од најјаките драфтови воопшто. Ќе се смееме како пола од клубовите ќе се натпреваруваат кој ќе има полош пласман.
Ама мора така да биде. Треба на една година да се вратат лузерите како Ибанкс, Гаудлок, Морис, или да се потпишат недрафтувани играчи. Мора следнава сезона да бидеме фенерџии. Таман Коби ќе си одмори една година, пола сезона не треба ни да влезе во игра (а зошто не и цела, Гаудлок ќе го мења

).
Исто така следнава сезона е добра прилика за да се отиде под селари капот за да се избегне новиот исклучително висок данок (за повторувачи на даноците за луксуз).
Мислам дека тоа го спрема Купчак, затоа ЛА не потпишаа со ниеден агент досега иако имаше солидни опции. Кларк го оставија да отиде за само 4мил (втората година од договорот му е опција на тимот). Очајно ни треба плејмејкер а не му понудија договор на Калдерон, или на Дарен Колисон.
Се мириса на ремонт. Очекувам Неш или можеби и Гасол да го разменат а Мета да го амнестирааат. Само со амнестија на Мета не можат да отидат под капот, ќе мора најмалку Неш да го разменат за неколку послабо платени играчи кои ќе влезат во ротацијата.
Се надевам дека Гасол ќе остане.
Со среќа нека ни е.