Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
http://hangtime.blogs.nba.com/2013/07/05/howard-picks-houston/
А ова на официјалнава страница на нба шо е или само шпекулации од некои медиуми?

Официјалната e, ама не е секогаш 100% сигурна и тие незнаат што се случува во главата на Двајт.
--- надополнето: 6 јули 2013 во 04:21 ---
Следете тука како е што е, цело време клаваат ако има нешто ново, сега за сега Двајт е 50-50 зборува со Мич Купчак во ЛА.
http://bleacherreport.com/articles/...s-d12-reportedly-chooses-to-sign-with-houston
 
The following statement has been issued by Lakers General Manager Mitch Kupchak.

"We have been informed of Dwight's decision to not return to the Lakers. Naturally we're disappointed. However, we will now move forward in a different direction with the future of the franchise and, as always, will do our best to build the best team possible, one our great lakers fans will be proud to support. To Dwight, we thank him for his time and consideration, and for his efforts with us last season. We wish him the best of luck on the remainder of his NBA career."

Обајвено на официјалната ФБ страна на ЛАЛ
 
Објави и самиот на ФБ дека ке се приклучи на Хјустон.
Редно време е за реконструкција на тимов
 

Сеа барем на сите ви е јасно дека е гнида од човек.
Останувам на тоа од предходно. Боље сме без него. Иднина со таков лик, само во циркуз.

Сеа иде подосадниот дел од животот што сме Лејкерс фанови.

Прва реалност што треба да се соочиме, Коби останува на 5-те прстени.
Втора. Наредни 2 (можда и 3) сезони ќе бидат лабави.

Многу работи треба да се сменат за да тргне работава, пошто моментално сме веј билоу зиро.
Тргнувајќи од бркоњата. Дур не заврши неговата ера и да сме едина екипа во НБА, не зиаме..
Што побрзо ремонт, толку помалце чекање. (би играл ко Бостон, само Коби би го задржал)

Останува да се надеваме во чуда на Купчак, ама и тие се веќе сведени на минимум, знаете од кого..

Ни честиташе мајмунот, за многу години нека е :pos:

Еdit. Ја наљутија мамбата, коа ќе се врати има да ги расплаче брадите, циркузантите и кинезите на Хјустон. 82 им дава :icon_lol:
 
Коби после одлуката на Двајт ја постнал сликава

17591_10151750568312223_2106995250_n.png


нека пуши кур бебето, ич не ми е криво што си отиде, какво градење на тим со него какви бакрачи, ни Л од лидер нема во него, ме демантираше во секој поглед, преценето гомце, а мислев е убедливо најдобар центар во лигава. Мрсул никаков, класичен лузер, ништо повеќе.
 
Барем сега е сигурно. Двајт е во Рокетс. Глупостите завршија.
 
Момци, одамна ви реков и напишав дека кловнов не е човек туку разгалено детенце. Не може со таков лик да се гради иднината на франшизата.
Тоа е тоа, предстојат тешки времиња. Не заради тоа што верзијата на Двајт од предходната сезона толку многу ќе фали (во нападот сигурно не), туку затоа што сега многу потешко ќе биде да се носат други играчи во ЛА.
Но Мич е ѕвер, Мич може чуда да направи и само од него очекувам некое чудо. Нормално само ако ретардот Џим Бас го остави да си ја работи работата.

Да се вратиме на размената на Бајнам за Хауард. Бајнам не заигра ни еден ден во Филаделфија (освен куглање). Бајнам сега ќе бараше макс договор со екстензија на 5 години, мислите дека ќе беше добро за клубов да се врзе 5 години со играч кој почесто беше повреден одколку не?

Ако се размисли реално, ЛА не се заебаа многу со оваа размена. Да останеше Хауард, секако ќе бевме во ќар. А ќе останеше ако тимот играше подобро и ако тренер на ЛА беше Фил Џексон.
Лејкерс ги заеба Џим Бас со идиотските избори за тренер. Тренер кој ги истроши старите играчи на ЛА, ги истолчи во прав со огромна минутажа. Сето тоа за да си ја заштити работата, неспособен да води ваков состав на тимот.
Зошто и на дете му беше јасно дека играта на Д’Антони НЕ Е КОМПАТИБИЛНА СО ОВОЈ СОСТАВ НА ЛА.
Но не му беше јасно на Џим Бас.
 
Бас да најде финасии само, а останатото да го препушти на Мич тогаш имаме полн погодок. За наредна сезона има многу добри слободни агенти особено Мело и ЛеБрон, еден од овие двајца 100% ќе биде езерџија.
 
Бас да најде финасии само, а останатото да го препушти на Мич тогаш имаме полн погодок. За наредна сезона има многу добри слободни агенти особено Мело и ЛеБрон, еден од овие двајца 100% ќе биде езерџија.

Леброн ако освои уште еден прстен(а големи се шансите оваа сезона) тешко дека ќе го напушти Мајами, и ако би го напуштил мислам дека би се вратил во Кливленд(мое мислење). Мело од друга страна мора да земе некоја титула оти ќе стане звезда во заборав.

п.с Не е ова провокација, али многу ми се смешни фановите на ЛА. До вчера сите го браневте и каравте за Двајт, одевте со глава низ ѕид кога повеќето ви тврдеа дека е циркузант и не е играч на кој може да се ослони еден тим како ЛА, а вие упорно измислувавте повреди го мачеле итн итн.
 
Па го мачеле повреди и тоа е факт. Сите доктори кажаа дека треба време да помини за операцијата на грбот. И можеше да се види дека атлетицизмот на Двајт, го немаше како порано. Факт.

Но сите рационални фанови на Лејкерс, можеа да ја видат инфантилноста во Двајт; по неговите изјави (кога ќе беше малку критикуван или ќе имаше скор од 8-6-7), по неговиот говор на тело и сл...Е за тоа нема операција, за тоа нема рехабилитација - карактер си е. Или секогаш ќе го одбираш полесниот пат, или ќе стоиш со една организација и ќе бидеш епитом за лојалност, истрајност и восхит(читај Дирк).

Ова година ќе биде тешка за Лејкерс, но што е тука...блидин прпл-јелоу фо лајф!
 
ЛеБрон нема да дојде во Лејкерс, нема потреба и нема да се случи во блиска иднина нешто слично на тоа. Нормално е да влезеш во сезона со залет кога ги имаш имињата Двајт, Коби, Гасол, Мета и Неш. И слеп ќе претпостави дека таков тим ќе оди далеку, но згрешивме. Двајт не беше единствениот проблем во LA и Гасол ако останува во тимот не значи дека е хардкор езерџија, титан или нешто слично, туку сите тие коментари што ги читате се од очај на некои Лејкерс фанови. Ајде да бидеме реални и да си прифатиме дека Гасол не е тоа што беше, минатава сезона не изигра добро и да не ја спомнувам повредата. Никој во тимов нареднава сезона нема да биде како во претходните години, дури ни Коби. Коби ќе има процес на заздравување и ќе си ја работи работата, ама нема да е тоа што треба да е.
 
п.с Не е ова провокација, али многу ми се смешни фановите на ЛА. До вчера сите го браневте и каравте за Двајт, одевте со глава низ ѕид кога повеќето ви тврдеа дека е циркузант и не е играч на кој може да се ослони еден тим како ЛА, а вие упорно измислувавте повреди го мачеле итн итн.
Не можам да зборам за другите, ама јас уште од почеток не можев да го смислам.
Се беше ОК тоа што играше со повреда и што не беше 100%, ама смеењето како ретард кога тимот губи во МНОГУ наврати... е тоа јасно кажуваше каков карактер е. КЛОВН, кажав тогаш кажувам и сега. Не ми жал што не е во ЛА, жал ми е само што ЛА не зема ништо за возврат.
Голден Стејт има многу подобар тим и не ми е јасно зошто не отиде таму, Хјустон е сеуште проект во изведба.

Како и да е, нека им е со среќа и нему и на Хјустон.
Ќе им треба.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom