Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
Не можам да зборам за другите, ама јас уште од почеток не можев да го смислам.
Се беше ОК тоа што играше со повреда и што не беше 100%, ама смеењето како ретард кога тимот губи во МНОГУ наврати... е тоа јасно кажуваше каков карактер е. КЛОВН, кажав тогаш кажувам и сега. Не ми жал што не е во ЛА, жал ми е само што ЛА не зема ништо за возврат.
Голден Стејт има многу подобар тим и не ми е јасно зошто не отиде таму, Хјустон е сеуште проект во изведба.

Како и да е, нека им е со среќа и нему и на Хјустон.
Ќе им треба.

Покрај Хаким ке стане страшен центар, не е до толку клвон како што го мислиме секој сака да има напредок во кариерата.
И вие фановите на ЛА треба да се радувате да излезе некој како Гасол во 2009-10, зашто земањето звезди и градењето на дрим тим на двапати се покажа како голема грешка :)
 
Покрај Хаким ке стане страшен центар, не е до толку клвон како што го мислиме секој сака да има напредок во кариерата.
И вие фановите на ЛА треба да се радувате да излезе некој како Гасол во 2009-10, зашто земањето звезди и градењето на дрим тим на двапати се покажа како голема грешка :)
Пријателе, не зборуваш за руки или некој што играл само пар години во лигата. Дечкото ова му е 9та-10та година во НБА. Теле се учи, вол тешко учи. Не е дека од Двајт очекуваш да развие пост игра под кош, макар и 50% од репертоарот на Олајџувон? Или шут од полудистанца?:)
Момакот не може ни слободно фрлање да погоди, па и животот да му зависи од тоа...
Не очекувам да листаш наназад на темава, ниту јас имам воља да го направам тоа, па да ти цитирам дека ИСТОВО (и желбата да го разменат што поскоро штом ќе подпише договор) го пишував многу порано тука.


За ЛА не се секирај.
Ако историјата на правење шампионски тимови не ти е доволна. Лејкерс имаат договор со Time Warner Cable Inc. вреден над 2 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ за следните 15 години. Финансиите никогаш не се проблем во ЛАЛ, квалитетни играчи ќе дојдат, клубот убав пак ќе никне! (y)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Syn
Покрај Хаким ке стане страшен центар, не е до толку клвон како што го мислиме секој сака да има напредок во кариерата.
И вие фановите на ЛА треба да се радувате да излезе некој како Гасол во 2009-10, зашто земањето звезди и градењето на дрим тим на двапати се покажа како голема грешка :)

Хауард веке работеше со Хаким и не се виде никаков напредок...Како што ти кажаа погоре, теле се учи, вол не. Тоа и Баркли го посочи, зошто играчите како Хауард и Амаре тек во својата 9та или 10та сезона се решаваат на таков чекор. Истото и за Леброн, и он работеше со Хаким, ама ајде, сепак не е центар, па тоа што го учеше му доага само како плус. За разлика од другиве двајца кои одамна требаше да го направат тоа.
 
Гасол не е тоа што беше, минатава сезона не изигра добро и да не ја спомнувам повредата. Никој во тимов нареднава сезона нема да биде како во претходните години, дури ни Коби. Коби ќе има процес на заздравување и ќе си ја работи работата, ама нема да е тоа што треба да е.
Гасол како и другите, старее. Нормално е да не е тоа што беше некогаш. Ни Кобе не е тоа што беше некогаш, после повредава уште помалку. Но Коби старее како добро вино, постар е ама сеуште добар... повредава очекувам да го успори и да му ја намали стартноста. Не може да биде 90% од играта на тимот, но не ни мора и не ни треба да биде тоа. Ушто го има искуството, шутот и осетот за кошарка. Тој и Неш не треба да играат повеќе од 20тина минути по натпревар.

Искрено, ако Неш сака да си оди во претендент за титула, треба да го остават. Човекот дојде тука за да земе титула а сега многу тешко тоа, да не кажам неверојатно.

Правилно би било, а и логично е, дека Коби 2014/15та ќе потпише за заначајно помалку пари. Ќе бидат истечени сите договори (освен последната година на Неш).
Зошто да не очекуваме и Гасол да потпише за (релативно) мала сума? На таа возраст никаде нема да добие многу пари. Зарем за неколку милиончиња разлика би отишол во некој тим како Торонто? Гасол е исто интелегентен играч, со искуство и со техника. Таквите играчи добро стареат.
За разлика од оние кои успехот го потпираат првенствено на атлетицизмот. Како Кловнот, на пример.
Мета ако не го амнестираат летово, не би бил лоша опција за ветерански минимум. (колку да истепа некој од време на време :) )

Другото е јасно, требаат нови млади играчи. Да се направи нешто како Сан Антонио што направи, спој од младост и искуство.

Не дека тимов не може и оваков каков што е, да влезе во плеј-оф следнава сезона, -може и тоа како може. Но паметната работа е да се фаќа фенерџиска позиција за следниот драфт кој ќе биде исклучително богат со играчи. Вигинс на пример е ѕвер, но има уште бар 2-3ца кои сигурно ќе бидат исклучителни играчи во НБА. Не дека ЛАЛ може толку ниско да падне на табелата за да има најголеми шанси за прв/втор/трет пик, ама во лотаријата се е можно. Можеме да се надеваме, и не случајно Купчак никако не сакаше да го размени пикот од првата рунда за 2014та.
Токму тоа лето следната година во ЛА истекуваат сите договори. Се е можно, и иако тешко некој од звучните слободни агенти да биде заинтересиран, овој клуб има долга историја на привлекување на добри играчи во летниот период. Ќе видиме Мич Купчак и се е можно! :)
 
Искрено,Хјустон повеќе од конференциско финале ништо поише неможе.Оклахома ке ги гази како сака така, па така да сите со нетрпение ја чекаме утакмицата со Хјустон каде Мамбата сигурно нема да остане рамнодушен и ке распали.Главите горе дечки ништо не е загубено!;)
 
Оклахома се во озбилна регресија, изгубија доста со одењето на Харден. А сега и Мартин си отиде, клупата им е озбилно поплитка. Не се повеќе јасен фаворит на западот.
 
Едвај чекам да си иде мајмунов. Поодвратен и пластичен играч немало во НБА, attention-whore и што уште не. Нејќам такви играчи, кој и да е, нек се гони у 3 лепе.
Нека се деси фијаско на тимов, па конечно луѓето да се свестат дека треба да се вложи во структура, во квалитет и да се има константност, дур ова не се среди Лејкерси за жал нема бел ден да видат. А и раковедењево на клубов е на исто рамниште како КК Куманово, врска немаат што прават.
 
Breaking news: Информација од психијатарот на Двајт, зошто ЛА немаше шанса да биде одбран како дестинација:

;)
 
Фала Богу, тоа е очигледно уште од изминатава сезона, дури и да останеше Двајт а не се земеше титула следнава година тоа ќе се посакуваше.

Сеа не знам како е ситуацијава со селари капов можностите за сезонава, али моја желба е Пековиќ! Ич нејќам Гасол да игра центар, а така ќе биде најверојатно...

Му верувам на Купчак, доколку се е во негови раце ќе се деси пак некој ненормален трејд, но ме плаши тоа што и нему му истекува договорот догодина како и на 90% од играчите, па може да се задесат пиздарии со Бас џуниор...
 
Ja vi rekov deka 2014 ke doe Lebron, pa vie kako sakate mislete. :P
Ne najozbilno, pratam nekoi americki a i srpski forumi, se shushka na golemo deka e mozno Lebron da bide Ezerdzija od slednata godina.
Тоа што ќе го бркаат не значи дека ќе го земат. :) ЛеБрон освојува титули, не му е потребен друг тим, многу тешко да го смени Мајами. Фактот што е слободен дава простор да се мисли дека има шанси да оди на др. место, али...
 
Без намера да ја расипам забавата. Дај погледајте ги работите барем малку реално: Леброн нема зошто да дојде во ЛА.

Зошто би доаѓал, ставете се на негово место...
Пари? Веќе има макс плата и игра во држава каде нема данок на личен приход. Во Калифорнија данокот за тие со големи плати е накај 15%. Ова е една од причините зошто кловнот го одбра Хјустон, во Тексас исто така нема данок на плати.
Титули? Мајами зема 2 последователни.
Друга причина....?

Дајте објективност малку, на страна можност за непредвидени работи (тешки повреди на Вејд и/или Бош и слично), шансите за Леквин во ЛА се минимални кон никакви. Ништо на што треба да се гледа со нетрпение, не го задржувајте здивот.
Да, теоретски се е можно. Теоретски е можно да направиме групњак со Адријана Лима. Можеме да и понудиме, е сега дали ќе прифати тоа е веќе нешто сосема друго... нели? ;)

На страна што не го сакам ЛеКвин како карактер, не е дека не си го сакам клубот за кој навивам и нормално дека ќе признаам дека тимот ќе биде многу појак со него.

Се спомна и Кармело Ентони, па зарем навистина сакате еден 30годишен ’Мело во Лејкерси, да го закотви клубот со макс договор? Да се фаќаат за врат со Коби кој да шутне повеќе шутови?
Ако веќе фантазираме за играчи што ќе го донесат тимот до титула и ќе бидат иднина на тимот, зошто да не зборуваме за играчи како Кајри, Лов, Рондо, Пол Џорџ...
Вакви играчи многу тешко ќе дојдат во ребилдинг клуб, па макар се викал и ЛА Лејкерс. Коби ќе наполни 35 наскоро, Неш 39-40, Гасол има 33...


Треба нова крв цело ново јадро на тимот, и тоа не може само преку потпишување на слободни агенти, туку мора преку драфтот да се најдат барем пар солидни играчи. А за тоа треба лош пласман и учество во лотаријата за драфтот.
Нема подобра прилика од сега за малку намерно „спуштање„ во следната сезона. Следниот драфт ќе биде преполн со добри играчи, еден од најјаките драфтови воопшто. Ќе се смееме како пола од клубовите ќе се натпреваруваат кој ќе има полош пласман.
Ама мора така да биде. Треба на една година да се вратат лузерите како Ибанкс, Гаудлок, Морис, или да се потпишат недрафтувани играчи. Мора следнава сезона да бидеме фенерџии. Таман Коби ќе си одмори една година, пола сезона не треба ни да влезе во игра (а зошто не и цела, Гаудлок ќе го мења :) ).

Исто така следнава сезона е добра прилика за да се отиде под селари капот за да се избегне новиот исклучително висок данок (за повторувачи на даноците за луксуз).
Мислам дека тоа го спрема Купчак, затоа ЛА не потпишаа со ниеден агент досега иако имаше солидни опции. Кларк го оставија да отиде за само 4мил (втората година од договорот му е опција на тимот). Очајно ни треба плејмејкер а не му понудија договор на Калдерон, или на Дарен Колисон.

Се мириса на ремонт. Очекувам Неш или можеби и Гасол да го разменат а Мета да го амнестирааат. Само со амнестија на Мета не можат да отидат под капот, ќе мора најмалку Неш да го разменат за неколку послабо платени играчи кои ќе влезат во ротацијата.
Се надевам дека Гасол ќе остане.


Со среќа нека ни е.
 
Vanlok, брат не знам како ти се пишуваат олку големи постови, сакам на се ова што го пиша да ти реплицирам али дај болје скајп видео разговор да напраиме, ме мрзи да пишувам :D
 
Абе Ванлок во ред сето тоа ама јас ти викам што се шушка по форумиве. Инаку и јас не сакам Леброн да дојде во Лејкерс. Лично моја желба е Дјурент ама он нема шанси да си оди од ОКС, така да нека земат некој од младиве и идни ѕвезди, како што направија со Коби.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom