Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
Стварно Двајт сношти можи најдобрата дефанзивна утакмица ја имаше сезонава, многу труд вложи, а и Гасол беше солиден. Две утакмици со ред повеќе од успешно сопираат тимови со напад од +105поени по натпревар, само шо се мн предвидливи во напад ама то е can't have it all
 
...мислам имаме добра шанса да ги поминеме LA STAND UP!

Можеби не баш добра шанса, ама реална шанса имаме.
Само да го контролираат Паркер и да продолжат да се трудат во одбраната. Запирање на грешките, посебно неизнудените (аман бркот нека го заборави Духон духачот), трудење во одбрана, скокање по секоја топка, брзање напред во напад и назад во одбрана... фундаментална кошарка и чуство/потреба за ургентност и итност -тоа што фалеше цела сезона.

Искрено да ви кажам ЛА толку се потпираше на Коби во нападот што го цедеа ненормални минутажи и за 20 годишник, каму ли за некој на 35г. Нормално дека затоа половично играше одбрана... иако Коби е одличен одбранбен играч кога сака (може) да се потруди. Момциве во ротациите сега играат кратки минути и се трудат максимум.
Можеби не е тоа господ-знае-каква-одбрана ама значително е подобра. Резултатот се гледа.
 
Одлично второ полувреме.
Гасол и Двајт изгазија у второ. Гасол мислам дека и 10 асиситенции направи во второ полувреме.
 
Што беше ова бе ....
Можеа и фаул да праат, немаше слободни да има али ипак изиграа добра одбрана, тоа е ... NBA. :)

oдиме у оути.
Нц, во НБА никогаш не се прави фаул на последен напад, тоа само во Европа. Ради атрактивност е ова, знаеш Америте мора да бидат поразлични од другите.
Конечно едно добро утро да имам, станувам и пуштам резултати на мобилен и глеам затемнето името на Мемфис и ми падна камен од срце, па уште кога видов дека сме тепале... па па па, милина. Пау ѕверотиња, колку само знае да го искористи присуството на Двајт во рекетот тоа е чудесија. Неговата интелигенција му го дозволува тоа, знае каде да се постави и кога да се постави, а плус и во одлична форма е, си ги дава оние неговите полу хороци и шутеви од ролинг.
Море а што да се каже за Блејк? Се претплати човеков во последно време на клучните тројки, пу пу да не го урочам само нека продолжи вака.
Моментот на утакмицата беше Микс коа закуца од страна ала Коби. :pos:
Ајде сега да се надигруваме со Спарси, му се удри од глава калкулирањето на Поп. :)
 
Мислиш на тоа дека секој фаул на играч без топка во последните 2мин се рачуна како намерен фаул?
Одлично правило, премногу циркузи се правеа (прават) врз Шекил и Хауард. Барем во последните 2мин да играаш чиста кошарка.

Исто и правилото за clear view faul, таман си е... кошарката не е рагби. Глупо е натпреварот да го реши некој копач од нива собран да прави фаули, наместо кошаркаш со вештина и знаење.
 
Мислиш на тоа дека секој фаул на играч без топка во последните 2мин се рачуна како намерен фаул?
Одлично правило, премногу циркузи се правеа (прават) врз Шекил и Хауард. Барем во последните 2мин да играаш чиста кошарка.

Исто и правилото за clear view faul, таман си е... кошарката не е рагби.
Да да, и за мене тоа е добро правило. Абе ај не ме зезај, Партизан на Душко Вујошевич губи 1 разлика, противникот има напад и 20 секунди до крај тој наредува да се прави лична грешка па после они да одлучуваат за судбината. Две утакмици така изгуби сезонава. Во НБА тоа ми се допаѓа, ако имаш муда реши ја у задња секунда, а не хек а Двајт хек а Шек...
 
Само нека ја задржат играва во одбранa од последниве 2 утакмици (со Спарс и оваа), Блејк да продолжи во ова темпо, (макар што немoра 20+, и 10+ поени по натпревар се доволни), Гасол и Двајт да продолжат вака да играат и имаме изгледни шанси за 2ра рунда плеј оф. Неш се враќа за 1ва утакмица така?
 
Тренерот на Коби и поранешен тренер на Џордан, Тим Гровер изјави дека повредата можи да се случи во било кое време, на било која возраст и дека минутите што ги играл не би требало да имаат никаква улога во настанокот на повредата. Дали држи вода муабетот не знам, ама ете мислење од чоек шо тренирал спортисти цела кариера.

Еве нешто интересно токму од Тим Гровер:
http://sports.yahoo.com/blogs/nba-b...dan-trainer-says-flu-game-231536159--nba.html

16 години потоа, Тим ни кажува дека Џордан јутаџиите го труеле со храна вечерта пред 38поенската утакмица во финалето кога демек играше болен од грип, а уствари бил наместен со „зачинета„ пица. Џордан нарачал пица пошто бил гладен... :)

Колку години ќе му требаат за да каже како и кој го заеба Коби?

И зошто баш сега го кажува ова, не читате малку меѓу редови? :)
Дефинитино на сите ни го потврдува тоа што сите го мислиме, но без да си ја загрози позицијата. Паметно.
 
Само нека ја задржат играва во одбранa од последниве 2 утакмици (со Спарс и оваа), Блејк да продолжи во ова темпо, (макар што немoра 20+, и 10+ поени по натпревар се доволни), Гасол и Двајт да продолжат вака да играат и имаме изгледни шанси за 2ра рунда плеј оф. Неш се враќа за 1ва утакмица така?
Можи да се врати , ама со ограничени минути, тешко дека ќе има некакво влијание на конечниот исход.

Да да, и за мене тоа е добро правило. Абе ај не ме зезај, Партизан на Душко Вујошевич губи 1 разлика, противникот има напад и 20 секунди до крај тој наредува да се прави лична грешка па после они да одлучуваат за судбината. Две утакмици така изгуби сезонава. Во НБА тоа ми се допаѓа, ако имаш муда реши ја у задња секунда, а не хек а Двајт хек а Шек...
Имаја foul to give и да го искористеја можи немаше да погоди Парсонс за продолженија.

Еве нешто интересно токму од Тим Гровер:
http://sports.yahoo.com/blogs/nba-b...dan-trainer-says-flu-game-231536159--nba.html

По 16 години кажува дека Џордан го труеле со храна вечерта пред 38поенската утакмица во финале кога демек играше болен од грип (а уствари бил наместен со „зачинета„ пица).

Колку години ќе му требаат за да каже како и кој го заеба Коби?

И зошто баш сега го кажува ова, не читате малку меѓу редови? :)
Дефинитино на сите ни го потврдува тоа што сите го мислиме, но без да си ја загрози позицијата. Паметно.
И други специјалисти кажаа исто, шо немаат никаква врска со Коби и не си ја загрозуваат позицијата, некои додадоа дека другите повреди во текот на утакмицата го натерале телото да компензира со преоптеретување на тетивата. Како и да е немаше сила на светот шо ќе го натераше да излези од утакмиците дури не се осигура победата, и Купчак му пријде, Бркот сигурно пробал во раните утакмици, на крајот од краиштата ако е стварно до минутажата сам си е крив.
Иначе Купчак изјави денес дека Бркот ќе останел тренер во наредната сезона со оглед на скорот од 28-12 од крајот на Јануари до сега.
 
...некои додадоа дека другите повреди во текот на утакмицата го натерале телото да компензира со преоптеретување на тетивата.
^^ ова.

А Бркот за себе гледа прво, плус ако не може да му каже на играч кога да седне тогаш апла гледаме сите каква грешка се направи во бирањето тренер. На Џим Бас му посакувам облекување во женска облека и блиска средба со вагон издрогирани припадници на Мандинго племето (предходно приморани цела година да апстинират од секс).
 
Нц, во НБА никогаш не се прави фаул на последен напад, тоа само во Европа. Ради атрактивност е ова, знаеш Америте мора да бидат поразлични од другите.
Конечно едно добро утро да имам, станувам и пуштам резултати на мобилен и глеам затемнето името на Мемфис и ми падна камен од срце, па уште кога видов дека сме тепале... па па па, милина. Пау ѕверотиња, колку само знае да го искористи присуството на Двајт во рекетот тоа е чудесија. Неговата интелигенција му го дозволува тоа, знае каде да се постави и кога да се постави, а плус и во одлична форма е, си ги дава оние неговите полу хороци и шутеви од ролинг.
Море а што да се каже за Блејк? Се претплати човеков во последно време на клучните тројки, пу пу да не го урочам само нека продолжи вака.
Моментот на утакмицата беше Микс коа закуца од страна ала Коби. :pos:
Ајде сега да се надигруваме со Спарси, му се удри од глава калкулирањето на Поп. :)
Кoби баш твитна одма по тројката на Парсонс, дека можеле да фаулираат, и Ван Ганди тоа го кажа али сепак овде среќа беше во прашање, одлична одбрана изиграа иако малата грешка што ја направија кога го удвоија Лин беше пресудна, али пак, Парсонс имаше све само не идеална позиција за три ...
Имаа простор да фаулираат на 2 секунди до крај, али нема везе, тепаа иако немаа баш сјајна партија, одбраната на крајот беше пресудна, Гасол и Хауард искинаа во тој сегмент, поготово вториов..
 
Можи да се врати , ама со ограничени минути, тешко дека ќе има некакво влијание на конечниот исход.

Имаја foul to give и да го искористеја можи немаше да погоди Парсонс за продолженија.

И други специјалисти кажаа исто, шо немаат никаква врска со Коби и не си ја загрозуваат позицијата, некои додадоа дека другите повреди во текот на утакмицата го натерале телото да компензира со преоптеретување на тетивата. Како и да е немаше сила на светот шо ќе го натераше да излези од утакмиците дури не се осигура победата, и Купчак му пријде, Бркот сигурно пробал во раните утакмици, на крајот од краиштата ако е стварно до минутажата сам си е крив.
Иначе Купчак изјави денес дека Бркот ќе останел тренер во наредната сезона со оглед на скорот од 28-12 од Јануари до сега.
Неш ќе се врати да само не се знае колку ќе биде спремен. А ова за личната премногу глупаво ја изиграа требаше фаул на 3-4 секунди до крајот да направат и готово. Инаку и јас сум за останување на Мајк човекот колко можеше го консолидираше тимот и успеја да го внесе во Плеј Оф а беше во незавидна ситуација и во минус од 6-7 победи ако не се лажам и успеја да го донеси до +8 што и не беше баш лесно. Со негови подготовки пред почетокот на наредната сезона мислам дека догодина слободно ќе се најдеме меѓу првите 3-4 на табелата во западната конференција, и секако со некое засилување од типот на Игуадала или нешто сличен профил на играч. :)
 
Кoби баш твитна одма по тројката на Парсонс, дека можеле да фаулираат, и Ван Ганди тоа го кажа али сепак овде среќа беше во прашање, одлична одбрана изиграа иако малата грешка што ја направија кога го удвоија Лин беше пресудна, али пак, Парсонс имаше све само не идеална позиција за три ...
Имаа простор да фаулираат на 2 секунди до крај, али нема везе, тепаа иако немаа баш сјајна партија, одбраната на крајот беше пресудна, Гасол и Хауард искинаа во тој сегмент, поготово вториов..
Не знаев дека имале foul to give, јас мислев дека биле во бонус.
 
Неш ќе се врати да само не се знае колку ќе биде спремен. А ова за личната премногу глупаво ја изиграа требаше фаул на 3-4 секунди до крајот да направат и готово. Инаку и јас сум за останување на Мајк човекот колко можеше го консолидираше тимот и успеја да го внесе во Плеј Оф а беше во незавидна ситуација и во минус од 6-7 победи ако не се лажам и успеја да го донеси до +8 што и не беше баш лесно. Со негови подготовки пред почетокот на наредната сезона мислам дека догодина слободно ќе се најдеме меѓу првите 3-4 на табелата во западната конференција, и секако со некое засилување од типот на Игуадала или нешто сличен профил на играч. :)
Не знам скептичен сум за то дали е се ова негова заслуга, мене ми личи како да попушти пред желбите на играчите и на крајот природниот талент и искуството шо го има тимот, опоравокот на Двајт и повампирениот Коби се причината за то шо влегоја во плејоф. Бикерстаф дури беше привремено само им ја даваше топката и се тргаше од патот, сами знаеја шо треба да напрат, до толку е талентиран тимов или барем беше до пред некое време.
 
Хаха која заслуга на Д’Антони бе, бидете среќни што имаме играч како Коби во тимот, да не беше он ќе си седевме сеа рамо до рамо со Вашингтон и Портланд и ќе гледавме Јута како игра во плеј офот. Овој е колатерална штета за тимот, нека се гони од тука што побрзо со се смрдливиот брк. Тренер што поима нема од препознавање на квалитетот и предностите на својот тим и не знае истите да ги искористи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom