Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
Неш може да оди на Гери Нил комотно, па во некои ситуации и на Ленард(нормално доколку дојде до превземање), зашто Ленард не е играч што знае да искористи мис меч ситуација, не е некој префинет шутер а и нема игра со грб према кошот. Мора да му стават фластер на Паркер и да го ограничат на минус 20 поени. Играчи за тоа има, Духон, Гаудлок, Морис, сите тие можат да го изморат Тони Паркер, али со ужасниве ротации на Д’Антони прашање е дали ќе се случи тоа.
 
Последнава со САС, Блејк многу јака одбрана му изигра на Паркер само 4 поени му дозволи но и Паркер не играше многу само 28мин но и тие беа фрустирачки за него. Ретко одбрамбени играчи го бранат по цел терен и затоа делуваше збунато кога ќе влезеше по рекет.
Треба да се почни со Духон или Морис кои се одлични во дефанзива имаат брзина за да истрчаат констра, а дури потоа во игра да влезе Светомир. Првите двајца имаат дефанзива но офанзивно се лимитираи, додека Светомир е подеднакво добар и на двете страни, а и ваква ротација за него би била по поволна.
 
И тој е лимитиран, во главата...
 
Не ме сфати изглеа, не да добива значајна минутажа, него симболична колку само да измори одредени играчи. Не губи ништо Лејкерси ако Духон ги одигра последните минута-две од четвртината и притоа му игра пресинг одбрана на Паркер т.е. да му досаѓа цело време, да не му дава слободно да си шета по теренот. Знам дека подобра опција е Морис, али за вакви “прљави“ работи во одбраната Бркот има доста избор.
 
Многу топки губи, баш некни колку влезе, можи 2-3 минути и 3 топки изгуби. Ај Неш ако се врати можи да ги комбинира со него и со Блејк, ама од него да очекувам да ја префрли топката и да го иницира нападот е исто ко да ја предавам утакмицата
 
Мора да му стават фластер на Паркер и да го ограничат на минус 20 поени. Играчи за тоа има, Духон, Гаудлок, Морис...
По обратен редослед, плус Гаудлок и Духон не би ставил во иста реченица со зборот одбрана. Како и да свртиме пак идеме на најголемата слабост на ЛА: рол-плеј играчи што играат добра одбрана ама знаат и да погодат шут за 3ка. Или барем така беше шред да се повреди Коби, сега уште поголема дупка е позицијата 2, бек-шутер.

Џоди Микс треба да ја пополни таа дупка ама на жалост игра на многу послабо ниво од тоа во предходниве сезони, во Фили. За тоа најмногу е крив тренерот, Микс е докажан шутер ама со слаба психа и доверба во себе.

Колку само ќе беше поинаку со еден мајстор за градење на доверба кај играчите, Фил Џексон.
 
Да да, маана му е тоа, а и пуцањето тројки од 10 метра, коа ќе шутне од далеку ми иде да му влезам преку монитор. Ај ваљда ќе го искористат Гаудлок, не е лош за ротација.

По обратен редослед, плус Гаудлок и Духон не би ставил во иста реченица со зборот одбрана. Како и да свртиме пак идеме на најголемата слабост на ЛА: рол-плеј играчи што играат добра одбрана ама знаат и да погодат шут за 3ка. Или барем така беше шред да се повреди Коби, сега уште поголема дупка е позицијата 2, бек-шутер.

Џоди Микс треба да ја пополни таа дупка ама на жалост игра на многу послабо ниво од тоа во предходниве сезони, во Фили. За тоа најмногу е крив тренерот, Микс е докажан шутер ама со слаба психа и доверба во себе.

Колку само ќе беше поинаку со еден мајстор за градење на доверба кај играчите, Фил Џексон.
Го делам мислењево со тебе али во ситуација кога немаме други играчи тогаш логично е да правиме вакви математики. Затоа и реков Гаудлок и Духон се играчи за ротација, да поиграат некоја минутка колку да ги одморат Неш и Блејк, а и да ги изморат противничките играчи колку толку.
Микс игра топло-ладно, најпрвин лошо ја започна сезоната па еден период после почна доста добро да игра и во одбрана и во напад, во напад со особено добри проценти.
Еве сега против Спарси даде клучна тројка и на фацата му се виде како е задоволен од тоа, имаше и стисната тупаница што е доказ за зглоемена самодоверба. Дај Боже неговата форма да е во нагорна линија за плеј офот, секако доколку влеземе таму.
А за Зенот, ќе премолчам, се знае што мислат сите фанови на Лејкерс околу тренерот.
 
Гаудлок и Духон се играчи за ротација, да поиграат некоја минутка колку да ги одморат Неш и Блејк, а и да ги изморат противничките играчи колку толку.
Ma Духон не би ставил во игра освен како некоја најпоследна опција во очај. Сериозно човекот е веќе во години и нема ни експлозивност, ни брзина, ни осет, ни техника... понекад знае да погоди шут и тоа е ама баш СЕ. Некад не може ни топка да пренесе на противничка половина без да ја изгуби.

Гаудлок има потенцијал, ама е премногу еднодимензионален во играта. Немаше напредок во играта ни во одбрана ни во плејмејкинг, затоа и го шутнаа - за бек шутер е премногу низок и недоволно добар ни во тоа. Се на се треба да добива шанса, зошто ако му тргне може да направи разлика.

Морис е дечкото кој би го ставал како примарна замена за главниот плејмејкер, осреден е и тоа во позитивна смисла (како плејмејкер). Одбрана игра добро, би го ставил во топ3 во тимот од тој аспект -плус ама баш никад не забушава во одбрана, за разлика од другите, и тоа за мене е секогаш на 1во место. Најголема слабост му е шутот од далеку и да не е тоа, Блејк не би видел минути во овој тим.
Штета што не му даваат повеќе шанси на Морис, дечкото има потенцијал и многу добра работна етика. Не знам дали знаете ама пред сите доаѓа и последен останува секој тренинг, дури и неколку недели пред другите стигна во тренинг кампот летово.

А за Зенот, ќе премолчам, се знае што мислат сите фанови на Лејкерс околу тренерот.
Баш ова не е за молчење, тука најмногу ја заеба работата Џим Бас. Прво со компироглавиот МБ а после и со Бркот. Нема представа што сака да игра тимот, мисли така се правело тим.
Немаме екстра плејмејкер, и затоа Брајан Шо (или самиот Џексон оваа сезона) со триаголникот, или Рик Аделман со Принстон нападот... ќе беа одлични за композицијата на овој тим.

Човече, 7seconds or less... KAKO НЕ БЕ, со ваква геријатрија од тим и на маалско дете му е јасно дека не можеш да правиш транзиционен напад.
Уф, како не изгуби интерес веќе и не почне да се занимава со бркање жени и хедонизам... само тоа го вади клубов.
 
Vanlok
Се имам искажано за Морис, одличен си е дечкото и не знам зошто не го користи Бркот мутав. Уште пред да се повреди Коби а кога отиде Артест на операција видов дека Бркот игра со 7 или 8 играчи, зависи од натпреварот, и уште тогаш кажав дека многу ги цеди играчите и дека кад тад ќе рикнат. Баш се сеќавам пишував зошто не го користи Морис, па одлична замена е човекот, како што истакна ти еден од најдобрите одбранбени играчи е во екипата. Исто и за Ибенкс не ми е јасно, солидна одбрана игра, а ја преседе цела сезона џабе. Да ги користеше овие играчи Бркоњата ружна и да ги лимитираше минутите на Коби, Светомир, Неш и компанија немаше да дојде можеби до толку многу повреди. Не можеби туку сигурен сум дека немаше да дојде до болницава што ни се случува сезонава.

За тренерот, намерно реков ќе премолчам, оти ако почнам да кажувам ќе му наредам се од прво до последно колено на Џим Бас, а и на моменталниов тренер. Уште кога дојде реков дека не е идеално решение за тимов, но ајде веќе кога дојде греота беше да не ја добие поддршката од фановите. Не може бе Бркот да е избраниот во конкуренција на Зенот, Шо, и Џери Слоун, значи не може. Тоа е знак на неписменост и тотално непознавање на кошарката од страна на тој што го ангажирал, а знаеме кој е тој.
Е поради неговата тврдоглавост и простотилук сега тимот трпи, се бори за да влезе во плеј оф и притоа го загуби Коби на подолго време.
 
Џабе спомнуваш, мести Лејкерс со фаулите.

Хаха, остај го нека пишува тој во темата дека Лејкерс мести со слободните, па само со Сакраменто уште во 3/4 почнаа да прават фаули над Хауард, сигурно имаше 3 или 4 фаули за 2 минути игра :)
 
Не можевме по некој случај ние да потпишиме со Т-Мак? Таман сега идеален ќе беше за замена за Коби...
 
Не можевме по некој случај ние да потпишиме со Т-Мак? Таман сега идеален ќе беше за замена за Коби...
Коби моментално со една нога е поарен од Т-Мак
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom