Нц, во НБА никогаш не се прави фаул на последен напад, тоа само во Европа. Ради атрактивност е ова, знаеш Америте мора да бидат поразлични од другите.
Конечно едно добро утро да имам, станувам и пуштам резултати на мобилен и глеам затемнето името на Мемфис и ми падна камен од срце, па уште кога видов дека сме тепале... па па па, милина. Пау ѕверотиња, колку само знае да го искористи присуството на Двајт во рекетот тоа е чудесија. Неговата интелигенција му го дозволува тоа, знае каде да се постави и кога да се постави, а плус и во одлична форма е, си ги дава оние неговите полу хороци и шутеви од ролинг.
Море а што да се каже за Блејк? Се претплати човеков во последно време на клучните тројки, пу пу да не го урочам само нека продолжи вака.
Моментот на утакмицата беше Микс коа закуца од страна ала Коби.

Ајде сега да се надигруваме со Спарси, му се удри од глава калкулирањето на Поп.