ако ги тепаме САС, ќе играме најверојатно со ОКЦ..
SAS намерно ќе темпираат за 2ро место, Поповиќ бега од ЛА како од грешен ѓавол пред сите плејоф-и.
И со право САС се совршен противник за ЛА, не можам детално ни стратешки ни статистички ова да го елаборирам во јасна форма... едноставно чуствувам дека е така.
Искрено повеќе сакам да ЛА да игра серија против САС одколку воопшто да иде во плејоф.
Јас мислам дека ако го оставеа Bickerstaff како тренер до крајот на сезоната мислам немаја да згрешат ќе беше некако ситуацијата како Мајк Вудсон од Њу Јорк играчите се порелаксирани и мислам истата ситуација ќе беше и кај нас ќе имаше повеќе слобода во играта како во офанзива и во дефанзива но што е тоа е мораме да кркаме тоа што сме си надробиле ќе влезиме во плејоф а таму со господ напред оптимиста сум мислам дека барем до финале на Западна конференција можиме да стасаме секако доколку трудот е тука и залагањето на останатите играчи!
Многу тешко со ОКС, многу тешко. Совршен противник сме за нив, имаат и бекови и крила кои совршено ја искористуваат слабоста на ЛА да брани влезови од брзи играчи, и не само во транзиција. Вестбрук и сите други имаат партии на кариерата против ЛА... Затоа и се нервирам кога ЛА играа толку слабо сезонава што не можеа да си дозволат да го играат Морис редовно барем 10мин по утакмица. Многу му фали искуство а нема ЛА подобар дефанзивен бек од него. Од Блејк ми се лоши кога го гледам (иако се труди)...
Туку ај да не јадеме бурек додека не се расчистат работите.
Во право си за Бикерстаф, многу поедноставна кошарка играше и се гледаше по резултатите. Д'Антони е грешка полоша од Браун, овој тим на ЛА е антитеза на цел тренерски концепт на Д'Антони... тоа за нападот, а насочувањето на играта во одбраната му се сведува на мрштење кога тимот ќе заебе работа.
Џим Бас е елементарна непогода за клубот. Разгаленото синче требаше да има доволно осет да го остави Купчак да го води клубот.
Мајк Браун беше грешка а сега Д'Антони е уште поголема грешка, не е фер и за нив што ги судиме по оволку малку време ама јас ова го тврдев уште на почеток кога ги ангажираа. За вакви тренери треба плеј како Пол, Роуз, Лилард... Стив Неш на 40г не е тоа.
Требаше или да ангажираат Брајан Шо, или ако сакаа проверен тренер, Рик Аделман. Зошто и триаголникот со Шо, или Принстон-от со Аделман совршено одговараат на тим како овој на ЛА, без добар класичен (и млад) плеј и со доминантни центри или центри кои одлично додаваат. Тоа ќе беше прав погодок.
Или дилање на Хауард за добар пакет од плеј-3ка-5ка, па носење на Стен ВанГанди (ама тоа тек од следна сезона).
Вака останува само Коби да го носи цел тим на своите ОГРОМНИ муда. Ќе видиме до кога...