Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
Дап, Двајт особено.
Треба да биде здрав кога ќе го спакуваме во украсна хартија и по продолжување на договорот, ќе им го испорачаме на тие што ќе понудат најдобар пакет од плејмејкер/ниско-крило-шутер/центар (и плус да земат некој од баластот).
Јас мислам дека нема да го чепкаат Двајт.
Ќе му дадат уште една сезона, е сега проблемот е што ако ја зезне и таа сезона, Коби не станува ништо помлад.
Ама и не е Двајт за продажба, му текна дека треба да игра кошарка, е сега малку касно му текна...
 
Абе какво трампање на Двајт не зборете на празно. Сум рекол неколку пати еве ќе кажам и сега, околу него треба да се гради тимот во иднина, со оглед на тоа дека Коби нема да трае уште долго, максимум уште две сезони. Земете во предвид дека момакот игра со повреди цела сезона, значи не го дава максимумот. Нека пројде сезонава, нека се средат сите глупости што му се издесија на тимов, па ќе видите следната сезона што е доминација од страна на Двајт, нормално ако е здрав.
Само МОРА да се корегира клупата следната сезона, на чело со тренерот кој не верувам дека ќе го мењаат дури и ако Лејкерси не влезат во плеј офот сезонава. Тоа Духон, Мухон, Сакре, Макре и компанија мора да летаат и да се земат евтини но играчи кои ќе бидат од драгоцена вредност за тимов.
 
Јас мислам дека нема да го чепкаат Двајт.
Ќе му дадат уште една сезона, е сега проблемот е што ако ја зезне и таа сезона, Коби не станува ништо помлад.
Ама и не е Двајт за продажба, му текна дека треба да игра кошарка, е сега малку касно му текна...
Кловнот си е кловн, не бива човек од него... ако на 27 години и по сите примадона драми не се уозбили: никогаш нема да го направи тоа. ЛА губат, а тој се кези како морон на изведување слободни каде утнал 9 од десет. Наместо да гризе за јајца од желба да направи нешто за тимот и да земе малку да подобри шут и игра во напад.
Башка му падна газот више не е тоа што беше (да, доволно време помина од операцијата за да можеме да го кажеме ова). Недостаток од атлетицизам плус недостаток од било каква финеса во играта = некорисен дибек. Каква иронија, најдобрата особина скокот -кај него е слабост во последните минути на тесен резултат: се молам тој да не ја фати топката пошто следи... ФАУЛ и промашени слободни фрлања. Само ве молам без споредби со Шек, пошто разликата е огромна: Шек беше доволно доминантен во повеќето такви случаи да закуца со 3ца што го фаулираат обесени за неговиот врат.
Ако ЛА најдат доволно глуп купувач што е толку загреан за „доминантен„ центар (со фул договор), за да даде одличен кец, солидна 3ка со јака одбрана и добар шут од далку, и пролазен центар... тоа ни синот на покојниот Бас не е доволно глуп да го одбие.

Плус НБА играта еволуира и доминантните центри стануваат се понерелевантни. ЛА многу тешко дека ќе изградат шампионски тим окулу Хауард, мислам дека сум и повеќе од реален кога велам дека неговата најголема вредност во моментов е како стока за размена.
 
Чекајте, нели му завршува договорот на Двајт летово, како ќе го разменат?
 
World Peace 80% шанса да игра против Нју Орлеанс, сега на Лејкерс Нејшн на ФБ изјавија дека коленото му заздравило толку бргу, нешто невидено до сега и највероватно ќе игра ако нема никаков оток до вторник.
А исто така и Џордан Хил побрзо од очекувано закрепнувал ако стасаме до втора рунда ќе се врати на првата утакмица 100%.
 
:pos::pos::pos::pos:
 
Се бива, можеби ако влезат во плејоф ќе направат пуздер и до финале ќе стасаат, а можеби и не :D.
Имаше таков случај, 99 година кога Њу Јорк од 8 место стигна во финале и изгуби од Сан Антонио 4 - 1. Кој памти, се сеќава какви лудница мечеви играа Никси тогаш, предводени од Спривел, Кемби, Хјустон, Лери Џонсон (тој со кривиот дрес), а имаа и еден смешен резерва центар Крис Дадли :D Ако добро памтам Џеф ван Ганди им беше тренер. Сепак не можеа против тогаш младиот Данкан, адмиралот, Ејвори Џонсон...
 
Ewing не играше до 2000 во Њу Јорк?
 
Ewing не играше до 2000 во Њу Јорк?
Да играше, тој играше и во плеј офот, но беше често повреден, и се докусури во источното финале, а можеби беше уште и пред тоа.
 
Момци многу ми ќутите нешто. :D Секој момент ќе почне мечот против Хорнетси, мора јако уште од старт за да набилдаат разлика па ако се отвори шанса да ги одмори Коби и Двајт, бидејќи во последно време минуваат по многу минути на паркетот, особено Коби. Али кога е во прашање Лејкерс сезонава, нека тепаат па за минутите не му ја мислам многу. :D Јута губи против ОКС 7 разлика на почетокот на 4/4, да се надеваме дека ќе ја одржат таа разлика.
 
Не бе овој не е здрав жими се. Ја заебал и физиката. Операција на коленото и по две и пол недели назад на играње утакмици... Само уште да ја заебе и психијатријата и се ќе биде океј. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom