Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
Се наежив кога го слушав Коби. Кога го покажаа столчето на кое седеше Џери Бас ми дојде да заплачам искрен да бидам. Ја гледав само прва четвртина и си легнав. Сега гледав хајлајтси и статистика, Лејкерси ја изиграа можеби најдобрата партија сезонава. Отворете box score на Nba.com и ќе видите дека ваква статистика му е потребна на Лејкерс во иднина. Мислам дека 6 или 7 играчи имаше Лејкерс со над 10 поени. Тоа е тоа, тимска игра, секој го дава максимумот. Двајт конечно издоминира во рекет, само нека продолжи вака. Кларк 14 поени 16 скока. :cuc: И да не набројувам понатака, сите изиграа добро. Следни се Портланд, нема потреба од никаков дополнителен муабет тука, се освен победа е рамно на катастрофа.
 
Слава му на Џери, сега тек прочитав... :(

Нема друг власник на тим во историјата на НБА со талентот на Џери Бас. Секогаш знаел да одбере прав менаџмент, прав тим за победа. Никогаш не се либеше да го одврзе кесето кога требаше, легендарно е она неговото во одговор на прашање од ГМ-от со кој буџет да планира да работи... „Кажи ми кој е играчот, па јас ќе ти кажам кој е буџетот„.

Џери Бас ги направи Лејкерси она што беа и се во последниве децении, да се надеваме дека на син му барем нешто наследил и дека ќе му дојде умот пред да го закопа клубот.
 
Реакција на играчите за натпреварот, но и за Д-р. Џери Бас
На крајот од видеото е Хауард кој признава дека имал разговор со Мич кој го убедувал да остана во ЛАЛ и самиот кажа дека ова е клубот каде е најдобро да ја завршиш својата кариера.
Е сега нека јадат гомна тие американските новинари дека Хауард немал никакви разговори со никој од одговорните на ЛАЛ веќе месец време и дека го исмејувал Коби за време на All-Star викендот.

А Holly Pears изјавила дека ќе се слечела гола ако ЛАЛ влезеле во play-off(Гуглајте ја), само како не и текна дека повеќе време е слечена него облечена.
 
Keep calm and trust Dwight. Ќе видите дека момаков ќе ја покаже својата класа и дека ќе биде предводник на ерата после Коби. Сега читав на нет, до крајот на трејд дедлајнот сакале да го донесат Дениел Гибсон од Кливленд, а сакале да се ослободат од Блејк, Морис, Духон и Ибенкс за да земат некој од пиковите на следниот драфт. Што е до мене Морис и Духон слободно нека летаат, а и Блејк, иако во моментов ни треба и замена за Неш, а боље решение од Блејк нема. На крај на сезона нека го шутнат слободно.
 
Дап само нека потпише Двајт, да го излечиме како што треба... и потоа без притисок да го размениме за некој што не е кловн.

Не можам веќе да го гледам како малодушно игра на секоја утакмица каде не играат исклучиво преку него и каде нема 20/10, не можам веќе да го гледам како ретардирано се смее на 15то промашено слободно фрлање, а тимот губи уште една утакмица...

На овој тим му треба една детална чистка и тоа почнувајќи со Двајт Хауард.
 
Ок ќе правиме муабет кога ќе дојде време за тоа. Јас не зборев само за оваа сезона, туку и за во иднина.
 
Што е до мене Морис и Духон слободно нека летаат, а и Блејк, иако во моментов ни треба и замена за Неш, а боље решение од Блејк нема...
Сите што ги набројуваш се плејмејкери. NBA веќе подолго време е дефицитарна со плејмејкери и дури ни Купчак не може да ги замени овие горе за плејмејкери... па уште и добри плејмејкери. Ако воопшто успее да најде некој што ќе се нафати да го земе Блејк или Духон макар на подарок, навистина треба веќе следниот ден под итно да му постават статуа преd Stаples центарот.

Морис барем е млад и игра одбрана, нешто што не може да се каже за 80% од сегашниов тим. Па побогу, на овој тим му фалат играчи што можат да играат одбрана (посебно во транзиција) и што можат да погодат барем еден од 3шута за тројка.
 
Сите што ги набројуваш се плејмејкери. NBA веќе подолго време е дефицитарна со плејмејкери и дури ни Купчак не може да ги замени овие горе за плејмејкери... па уште и добри плејмејкери. Ако воопшто успее да најде некој што ќе се нафати да го земе Блејк или Духон макар на подарок, навистина треба веќе следниот ден под итно да му постават статуа преd Stаples центарот.

Морис барем е млад и игра одбрана, нешто што не може да се каже за 80% од сегашниов тим. Па побогу, на овој тим му фалат играчи што можат да играат одбрана (посебно во транзиција) и што можат да погодат барем еден од 3шута за тројка.
Морис нека остане ич не ми смета, Блејк и Духон не сакам да ги гледам веќе во овој тим, нормално под услов да донесат некој поасален од нив, а ако планираат да донесат некое друго дрво ич нека не ги мењаат. И тоа беше шпекулација само, шпекулација дека на крајот на сезоната планираат да се ослободат од овие играчи, нормално не е реално да се ослободат од сите 4ца што ги набројав, но некој ќе лета тоа е сигурно. Не знам зошто Ибенкс сакаат да го менуваат, човекот игра одлично во одбрана...
 
Дап само нека потпише Двајт, да го излечиме како што треба... и потоа без притисок да го размениме за некој што не е кловн.

Не можам веќе да го гледам како малодушно игра на секоја утакмица каде не играат исклучиво преку него и каде нема 20/10, не можам веќе да го гледам како ретардирано се смее на 15то промашено слободно фрлање, а тимот губи уште една утакмица...

На овој тим му треба една детална чистка и тоа почнувајќи со Двајт Хауард.
Баш истово го мислев пред некој ден.
Нема иднина со ваков кловн.
 
Каква завршница у пм:vozbud:
--- надополнето: 23 февруари 2013 во 07:11 ---
Конечно на крај победа,и тоа те како тешко издвојувана,коби им лупна 40 поени:cuc::cuc:.само лошо е тоа што гадниве хјустон пак победија.Мислим дека сега заостанувамо 4 победе зад нив,мора сеа наредна да се победи со далас.
 
Што каква ... преседанска, ограбени Портланд, о-г-р-а-б-е-н-и, текмата беше фантастична, цела, уживав у баскетов, 27 промени на водство, навивам за Лејкерс ама искрено сеедно ми беше дали ќе победат или не ради одличната кошарка и воала, на крајов срамотилоци невидени, цела последна четвртина судиите ги ебеа у ребра Портланд со низа малоумни одлуки али тројката на Батум што му ја рачујнаа ко 2ка на 10 сек до крај беше врвот. Срамота !
 
Победата ќе ја имавме многу порано ако Неш немаше олку лоша шутерска ноќ. Незнам кога последен пат вака лошо погаѓал, али што е тука е, победата е најважна. Коби алал му вера 40п. 15/23 и конечно погоди тројка после 16 натпревари и таа му беше втора тројка во последните 16 натпревари. Недела е must win утакмица со Далас и таа со Денвер ќе биде тоста тешка.
 
Гледав распоред на Хјустон, ненормално лесен им е до крај на сезона, поголеми се шансите Јута да ја поебе и Голденстејт кои пак еве и они победија со Спарси, отколку Хјустон ...
А и Лејкерс немаат лесен распоред, ќе биде ебано тешко, а Коби не се ни сомнева у пласманот за плејоф, глејте шо вика

“It’s not a question of if we make the playoffs. We will.” Bryant said. “And when we get there, I have no fear of anyone — Oklahoma City, San Antonio, Denver … whoever. I have zero nervousness about that.”

преоптимистички делува ова, ми се свиѓа овој оптимизам кај него, денес беше активиран Kobe mode-от, али некако све ова ми делува задоцнето, треба да се перфектни до крај на сезона, перфектни, а и како што гледаме, нештата не зависат само од нив.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom