Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
Бркот изјавил дека според неговите пресметки многу поефективно било да играат Хауард и Кларк или Гасол и Кларк на терен отколку Хауард и Гасол заедно па затоа и му ја десеткуваше минутажата на терен на Пау во вчерашниот меч и како за инат Пау изигра добро и му докажа дека не е играч за ротација туку една од најбитните алки во тимот. Мене стварно не ми е јасно како не може да ги укомпонира најдобриот центар во лигата и една од најдобрите 4ки, па ало бре бркоња не ја играј онаа твоја гнасна игра, прилагоди го тимот на играта која му одговара.
Искрено душа ме боли што најверојатно нема да влеземе во плеј оф, со ваков тим да не успееш во плеј оф да влезеш треба да си чудо на природата...
 
За Пау да кажам првин, чоеко значи не е 4ка, центар е шо понекогаш можи да погоди од полудистанца. Го донесоја во ЛАЛ да игра на местото на Бајнам, оти овај го цвикна коленото. Откако се опорави Бајнам , Пау играше ситни минути на позиција 4, двајцата ја почнуваја утакмицата , Одом по 2 минути го менваше Бајнам, и Бајнам цела утакмица му беше замена на Пау, на крајот од утакмицата никогаш не беа заедно.
Е сега сите бараат Двајт и Пау да играт заедно, сето то е убо само шо нема смисла, а нема смисла зато шо ако играат двата кај шо му одговара најмногу , т.е. околу рекетот ќе ја згуснат одбраната , а со то автоматски се губи смислата да го имаш Неш на теренот , кој треба да навлези во рекетот за да створи ситуација за поени.

Второ, Брко налета на веќе оформен тим шо не можи да игра по неговио систем, то е то шо знај, и го донесоја да го примени тој систем, и ќе се адаптира колку шо можи и знај. Сите барат да го смени системот на игра, епа сфатете не можи. Ако го викните Фил Џексон, ќе му речите ај не играј триаголник, смени си го системот? Нема , оти тој е продуктот шо го нуди, со тој и се проби на пазарот.

Трето, Феникс во славните деној на Д'Антони играја подобра одбрана од овие сматоците наши и то шо немаја стопер ко Двајт под кошот. Можи примаја по 110 поени ама даваја по 120. Сеа ќе речите многу примаја, ама сфатете ако играш игра со повеќе possessions шо викат Америте, ќе примаш повеќе поени, зато шо автоматски и другио тим игра со повеќе поседувања на топката. Овие нашите се стари, бавни, летаргични. Коби не е способен да игра одбрана со минутажата шо ја добива, Пау бавен е, Неш чорба е го газат ко мало дете, Двајт отко се врати од операција поќе со рацете мафта него шо се движи. И сега ако не можиш да се ослониш на најдобрите играчи да си ја бркат работата , на кој ќе се ослониш.

Во плејоф не влегват шо не влеват, треба 70% од следните утакмици да земат, му останва да забавуваат до крајо на сезоната, ако најдат начин да играт подобро и влезат во серија на победи нека му ја дума лигата другата година.
 
Друже Гасол во Европа играше 5ка во НБА е 4ка. Или ако подобро сакаш откако е во Лејкерс он е стартна 4ка, со тоа што првин излагаше Бајнам и влегуваше Одом па се трансформираше Пау на позиција 5. Значи игра и на двете позиции без проблем, тоа е уште еден квалитет плус кој не знае да го искористи скапаницава на клупа. Ај објасни ми како е возможно да НЕ МОЖЕ да го смени системот кога гледа дека не функционира. Да немавме добри играчи ќе разберев, ама со овој тим бе... А за триаголниците на Фил, дали мислиш дека би требало нешто да се менува во тој поглед кога тој принцип на игра му донесе 11 титули? :) Проверена работа е тоа, за овој тим измислени ќе бидат триаголниците, Хауард ќе дојде до израз и ќе ги постигнува резултатите што се очекуваат од него, е единствено Неш нема да ја игра неговата препознатлива игра бидејќи ќе служи за пренесување на топката, нешто како Фиш на времето.
Викаш давал Феникс 120 а примал 110 и тоа е тоа. Да ама Феникс го играше Стадемаер на 5ка и Мерион на 4ка, мислам дека веќе ти е јасно колку брза игра може да се оствари со овие играчи. А Хауард и Гасол ја немаат таа брзина, исто и Коби ја нема брзината на Барбоса, па затоа ТРЕБА да го смени овој принцип на игра, бидејќи го води тимот во бездната, руши негативни рекорди.
Аххх...
 
Значи 7 години во Мемфис игра центар, и главен центар во ЛА, по потреба 4ка пошто можи да погоди од полудистанца. Епа мене не ми звучи ова на 4ка. Гасол самиот рече дека цела кариера лебот си го заработва играјќи околу кошот и сака да добива повеќе топки таму, ама не можи со оглед на системот и персоналот. Значи потребен е играч што ќе ја развлечи одбраната за да има простор Неш да навлези и да проигра, или Коби да оди силно на кошот. Па и зато процентот на реализација на Коби е толку висок, зато шо голем дел од поените му се од положување.

еве ја транзицијата на Гасол од 5ка во 4ка
2010-2011-REG
2011, под Фил, реализација од поле 53%
2011-2012-REG
2012, под Браун, реализација од поле 50%
2012-2013-REG
2013, Дантони, реализација од поле 43%

Во кошарката шо се игра моментално Гасол не можи да биди 4ка, со оглед дека сите играт со ниски постави, бавен е и стар. Колку шо е проблем за противниците во напад, толку е проблем за ЛАЛ во одбрана, значи исто ко да е бескорисен. Исто како шо Данкан и Гарнет беа 4ки и сега играат центри, истата улога мора да ја има и Гасол. Умре времето на "кулите близначки" шо ги имаја Спарси, Рокетси и Селтикси. Ти мислиш дека ланскиот "успех" со Бајнам ќе се пренеси оваа година со Двајт. Бајнам не напрај живеачка од асистенции од Гасол, чоеко можеше сам да си креира ситуација за да поентира, а Двајт е неспособен офанзивен играч кој се ослонва на атлетицизам, а не на вештина. Дантони дури и презеде некои форми на напад од тетратката на Браун за да ја искористи височината на двајцата, како А-сетот што е основна форма на напад на Мајами.
Муабетот ми е кошарката константно еволуира, до степен што се губи традиционалниот центар и се игра повеќе европски, со пикенрол, и сето то е заслуга на нашиот Дантони и неговиот систем. Земи ги за пример Спарси, од кули близначки до брзиот систем што го играат денес, односно солиден центар, солиден плејмејкер и мноштво на шутери. Попович не игра со истиот тим од пред 10 години, него ги собра потребните парчиња за тимот да функционира во рамките на системот што сака да го примени. Никси го играат системот на Дантони, и то со признание на Вудсон, само што оваа година го имаат тимот што можи да направи системот да функционира.
 
Ради тој европски баскет Хауард е дрво, ДРВО, дури и просек за нба стандарди а и секако за она што тој навистина го може, има предиспозиции знаеме какви, да биде убедливо најдоминантен под обрачите ...
Другар еден редовно ги прати Шек, Реџи и компанија уз оние нивни дискусии и на тапет им бил баш Хауард и ми пренесае што рекол Шек а тој токму тоа го кажал, рекол, знаете зашто бев толку добар ? Зашто бев силен, јак, и тоа максимално го користев, носев се пред себе а Хауард тоа не го прави, воопшто не ги користи неговите физички предиспозиции и константно форсира европска кошарка што е деструктивно и за него и за тимот.

И тоа е апсолутно точно а доаѓа од човек кој знаеме што значел за Лејкерс, нека си го земе за персонален тренер на месец дена, од корен треба да си ја смени играта Хауард зашто вака не ја бива. Хауард нема никаква самодоверба а тоа се должи на кошарката која ја форсира, се губи, делува грдо за око и е апла лесен за чување што всушност нели, тоа никако не би смеело да е случај. Моментално нема ментор, не знае кај тера, а ја верувам во него, сите веруваме во него, се радував на неговото носење зашто околу него може да се прави тим ко и околу Шек што се тераше кога Коби стана она што е денес. Значи носењето на Хауард е полн поготок за тимов но тука и застанаа со добрата работа оние од горе, све остало е. (n)
 
За Пау да кажам првин, чоеко значи не е 4ка, центар е шо понекогаш можи да погоди од полудистанца. Го донесоја во ЛАЛ да игра на местото на Бајнам, оти овај го цвикна коленото. Откако се опорави Бајнам , Пау играше ситни минути на позиција 4, двајцата ја почнуваја утакмицата , Одом по 2 минути го менваше Бајнам, и Бајнам цела утакмица му беше замена на Пау, на крајот од утакмицата никогаш не беа заедно.
Е сега сите бараат Двајт и Пау да играт заедно, сето то е убо само шо нема смисла, а нема смисла зато шо ако играат двата кај шо му одговара најмногу , т.е. околу рекетот ќе ја згуснат одбраната , а со то автоматски се губи смислата да го имаш Неш на теренот , кој треба да навлези во рекетот за да створи ситуација за поени.

Второ, Брко налета на веќе оформен тим шо не можи да игра по неговио систем, то е то шо знај, и го донесоја да го примени тој систем, и ќе се адаптира колку шо можи и знај. Сите барат да го смени системот на игра, епа сфатете не можи. Ако го викните Фил Џексон, ќе му речите ај не играј триаголник, смени си го системот? Нема , оти тој е продуктот шо го нуди, со тој и се проби на пазарот.

Трето, Феникс во славните деној на Д'Антони играја подобра одбрана од овие сматоците наши и то шо немаја стопер ко Двајт под кошот. Можи примаја по 110 поени ама даваја по 120. Сеа ќе речите многу примаја, ама сфатете ако играш игра со повеќе possessions шо викат Америте, ќе примаш повеќе поени, зато шо автоматски и другио тим игра со повеќе поседувања на топката. Овие нашите се стари, бавни, летаргични. Коби не е способен да игра одбрана со минутажата шо ја добива, Пау бавен е, Неш чорба е го газат ко мало дете, Двајт отко се врати од операција поќе со рацете мафта него шо се движи. И сега ако не можиш да се ослониш на најдобрите играчи да си ја бркат работата , на кој ќе се ослониш.

Во плејоф не влегват шо не влеват, треба 70% од следните утакмици да земат, му останва да забавуваат до крајо на сезоната, ако најдат начин да играт подобро и влезат во серија на победи нека му ја дума лигата другата година.
Oва ^^.

Момци, не го следам форумов пошто сезонава ги гледам Лејкерси на снимки, често и недела дена покасно... и избегавам форуми за да не го видам резултатот.

Гледам добар муабет се води и едуциран. Како што напиша и момаков погоре, играта еволуира и денес се игра брза кошарка. Лејкерси ги гази времето и концептот на овој состав на тимот е во диспаритет кон играта што денес се игра. Во нападот можат да се носат и со ваква игра, ама во одбраната не. Овој тим едноставно не може да брани во транзиција и тоа ги јебе повеќе од било што друго.
Мене целата надеж ми е дека Хауард (ако воопшто остане во ЛА) следната сезона ќе се опорави од повредите доволно за да биде макар 2 третини од одбранбениот играч што беше во Орландо.
 
Ради тој европски баскет Хауард е дрво, ДРВО, дури и просек за нба стандарди а и секако за она што тој навистина го може, има предиспозиции знаеме какви, да биде убедливо најдоминантен под обрачите ...
Другар еден редовно ги прати Шек, Реџи и компанија уз оние нивни дискусии и на тапет им бил баш Хауард и ми пренесае што рекол Шек а тој токму тоа го кажал, рекол, знаете зашто бев толку добар ? Зашто бев силен, јак, и тоа максимално го користев, носев се пред себе а Хауард тоа не го прави, воопшто не ги користи неговите физички предиспозиции и константно форсира европска кошарка што е деструктивно и за него и за тимот.

И тоа е апсолутно точно а доаѓа од човек кој знаеме што значел за Лејкерс, нека си го земе за персонален тренер на месец дена, од корен треба да си ја смени играта Хауард зашто вака не ја бива. Хауард нема никаква самодоверба а тоа се должи на кошарката која ја форсира, се губи, делува грдо за око и е апла лесен за чување што всушност нели, тоа никако не би смеело да е случај. Моментално нема ментор, не знае кај тера, а ја верувам во него, сите веруваме во него, се радував на неговото носење зашто околу него може да се прави тим ко и околу Шек што се тераше кога Коби стана она што е денес. Значи носењето на Хауард е полн поготок за тимов но тука и застанаа со добрата работа оние од горе, све остало е. (n)

Двајт баш сака да игра како Шек, и страшното е шо тренираше со Олаџувон, а од него поарен нема. Па уште бара да повеќе да играт преку него, и вчера отишол до степен да шета послем утакмица со статистиките и да потенцира дека шутнал само 5 пати, а потполно го занемари фактот дека 5 пати му ја зедоја топката од раце во утакмицата со Булси. Уште пострашно е што Гасол цвета ко ќе не е тој на теренот, подобро го игра пикенролот со Неш, макар и да не добие директна асистенција пикенролот му дава можност да заземи добра пост позиција од каде што можи да поентира по волја, а Двајт не е никаква закана од таква ситуација, нити ќе погоди од поле, нити ќе погоди слободни.
 
Како што поминува времево се повеќе станува јасно дека така наречената "Dwightmare" сага се враќа т.е Нетси подготвуваат понуда за Howard во која најверојатно трет тим би бил Минесота со тоа што Love би завршил кај нас Lopez во Минесота а drama-queenot Howard во неговите сакани Нетси ова искрено ме плаши зошто ако го изгубиме Howard не бе било добра идеа затоа што е донесен за иднината но се гледа дека чоекот мака мачи во ла ла ленд не е среќен па кој курац некој што не е горд да го носи дресот на оваа франчиза поарно да го нема но потоа што? Пиковите ги немаме Неш и Коби им завршува времето полека полека така да ако замини ќе останиме со прстот во уста и ќе гледаме како другите тимови не газат јас мислам дека повеќе во моментов не повредува играта на Коби затоа што наместо да ги намали шутевите и да игра поагресивно да го напаѓа кошот (иако е стар знам дека е тоа минимално) но сепак подобро би било да смени нешто затоа што Долги 2ки и 3ки очигледно еднаш на 10 утакмици му успева да загреј а се врати на неговота стара навика т.е 7-22 шут и така натаму што сакам да кажам е тоа дека подобро би било во оваа ситуација која и да е е да му одстапи место на Howard како главен носител на офанзиванта игра а не да брка рекорди и да форсира лоши шутеви искрено во моментов подобро би гледал Коби со 10 асистенции од кој 80% за Howard неголи Коби со 7-22 шут и Лејкерси одново со нов пораз сакам да направи нешто слично ко Wade што му го одстапи местото на Lebron како главен носител на играта. Тоа е мое мислење сакам да чуем ваше посебно за трејдот кој се "спрема" :)
 
Не сум фан на езерџиите, ама само што го прочитав, па да споделам што вели Коби..

“Obviously, this isn’t working,” Lakers star Kobe Bryant told Yahoo! Sports after the Chicago loss.
“I’ve tried to go out of my way to get (Howard) the ball. Sometimes I end up looking like an idiot, because I get up in the air, I’ve got a shot, but I try to find him. But he thinks I’m going to shoot, so his back is turned. I’m trying to think about getting him the ball a lot — take care of him as much as I possibly can. It takes me out of rhythm a little bit, but I’m fine with that. If that’s going to help our team, I’m more than willing to do that.
“I’ve constantly tried to help him out, tried to talk to him,” Bryant continued. “Two o’clock in the morning, three o’clock in the morning. Texting him. Sharing reading materials. Anything to try and help him.
“He’s coming off a major surgery in a market where it’s just merciless; where there’s demands and responsibilities of athletes. It’s been tough on him.”
 
Јас мислам трејд нема да се случи под услов конечно да профункционира системот, а то ќе се случи само ако Коби и Двајт престанат да ја бараат топката. Двајт ко шо спомнав погоре е офанзивно лимитиран и зависи од останатите играчи да му створат шанса да поентира, а Коби ја стопира играта/ офанзивниот тек со барање на топката и форсирање шутој преку изолации, со што непотребно се троши, а остатокот од тимот се осеќа неинволвиран во нападот што пак влијае врз желбата за игра. Ако почни да се движи топката се отвараат опции за сите играчи да дојдат до лесни поени што го храни моралот на тимот. Макар и да не влезат во плејоф, ако тимот почни да победува се крева самодовербата и надежта за титула во следната година. Секој треба да си ја знај улогата, не можи да речиш пикенрол играме, а Неш ја префрла топката преку пола терен и му ја дава на Коби да прај "магија". Треба да се има јасен идентитет и да се форсира играта на системот, а не да се задоволуваат егата на двете суперѕвезди.
 
Нетси подготвуваат понуда за Howard во која најверојатно трет тим би бил Минесота со тоа што Love би завршил кај нас Lopez во Минесота а drama-queenot Howard во неговите сакани Нетси
Ако по некоја случајност се деси ова, рачунајте дека сме погодиле џек пот.
Хауард е сенка од оној играч што беше, а помина и повеќе од доволно време од потребното за опоравување. Лов би се вклопил во овој тим на ЛА многу лесно, одлична 4ка: скокач, шутер, скромен играч што секогаш дава се од себе. По Гасол има уште пар сезони во себе, а да не се лажеме не повеќе имаат и Коби и Неш. Таман за заокружување на кариерите.

Само едно не ми е јасно, што добива тука Минесота и зошто би се сложиле?
Иако ако добро се сеќавам на последната екстензија нешто го заебаа Лов, не му понудија максимална плата туку таман малку повеќе одколку макс. плата што ќе имаше ако потпишеше со нов тим.
 
Ако по некоја случајност се деси ова, рачунајте дека сме погодиле џек пот.
Хауард е сенка од оној играч што беше, а помина и повеќе од доволно време од потребното за опоравување. Лов би се вклопил во овој тим на ЛА многу лесно, одлична 4ка: скокач, шутер, скромен играч што секогаш дава се од себе. По Гасол има уште пар сезони во себе, а да не се лажеме не повеќе имаат и Коби и Неш. Таман за заокружување на кариерите.

Само едно не ми е јасно, што добива тука Минесота и зошто би се сложиле?
Иако ако добро се сеќава на последната екстензија нешто го заебаа Лов, не му понудија максимална плата туку таман малку повеќе одколку макс. плата што ќе имаше ако подпишеше со нов тим.
Minesota го добиваат Лопез и мислам пар пика ако не се лажам единствен проблем за Лов е што мачи повреда годинава со раката и ми е страв да не се повредува пак башка тоа е класа играч и како што кажа скромен но читав на форум на ЛА Nation имаше статија од доктор што спцеијализира за повреди како од Howard и вика дека минимум 1 и пол година треба до 80% да дојди а за 100% опоравен да биди со таква операција била скоро невозможна и вика дека моментално Howard со таква повреда е едвај 50% спремен па сега да размислиме...
--- надополнето: 23 јануари 2013 во 20:55 ---
The Brooklyn Nets are preparing to make another run at Dwight Howard, according to a source.
The feeling out of Brooklyn is that Howard can be had for the right price because of the Lakers’ struggles and long-term commitment to a collection of pieces that just don’t seem to fit or compliment Howard’s assortment of skills.
According to sources, (Nets General Manager Billy) King was planning to contact the Minnesota Timberwolves in order to gauge their interest in a three-team trade that would send Kevin Love to the Lakers, Brook Lopez to the Timberwolves and Dwight Howard to the Nets.
 
Добро би се вклопил Лопез во Минесота, само што е подложен на повреди, а Минесота веќе имаат добар центар во Пекович, така да не гледам нешто да добијат со трејдот освен ако не го трејдуваат и Пекович за некој периметарски играч.
 
...на ЛА Nation имаше статија од доктор што спцеијализира за повреди како од Howard и вика дека минимум 1 и пол година треба до 80% да дојди а за 100% опоравен да биди со таква операција била скоро невозможна и вика дека моментално Howard со таква повреда е едвај 50% спремен па сега да размислиме...
Така нешто и јас читав и очигледно е дека Хауард не е истиот играч. Дали ќе се опорави сосема? Дали Лов во рака е подобар од Хауард на гранка? (или само во нашата фантазија)

Едно што гледам е дека не се труди како во деновите во Орландо, дури ни во брзањето назад во одбрана ниту брзањето напред во напад. Одбраната му е таква да ЛА имаат подобар дефанзивен скор без него одколку со него... Башка како иде рокот за размени, само чекам кога ќе почне да се пренемага како сака да го сменат и каде.

Јас лично би го земал Лов и мислам дека следнава сезона ЛА би бил многу подобар тим.

П.С. Да не пренесувам се, прочитај ја оваа добра статија:
http://www.silverscreenandroll.com/...yzing-dwight-howards-lakers-defensive-numbers
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom