За Пау да кажам првин, чоеко значи не е 4ка, центар е шо понекогаш можи да погоди од полудистанца. Го донесоја во ЛАЛ да игра на местото на Бајнам, оти овај го цвикна коленото. Откако се опорави Бајнам , Пау играше ситни минути на позиција 4, двајцата ја почнуваја утакмицата , Одом по 2 минути го менваше Бајнам, и Бајнам цела утакмица му беше замена на Пау, на крајот од утакмицата никогаш не беа заедно.
Е сега сите бараат Двајт и Пау да играт заедно, сето то е убо само шо нема смисла, а нема смисла зато шо ако играат двата кај шо му одговара најмногу , т.е. околу рекетот ќе ја згуснат одбраната , а со то автоматски се губи смислата да го имаш Неш на теренот , кој треба да навлези во рекетот за да створи ситуација за поени.
Второ, Брко налета на веќе оформен тим шо не можи да игра по неговио систем, то е то шо знај, и го донесоја да го примени тој систем, и ќе се адаптира колку шо можи и знај. Сите барат да го смени системот на игра, епа сфатете не можи. Ако го викните Фил Џексон, ќе му речите ај не играј триаголник, смени си го системот? Нема , оти тој е продуктот шо го нуди, со тој и се проби на пазарот.
Трето, Феникс во славните деној на Д'Антони играја подобра одбрана од овие сматоците наши и то шо немаја стопер ко Двајт под кошот. Можи примаја по 110 поени ама даваја по 120. Сеа ќе речите многу примаја, ама сфатете ако играш игра со повеќе possessions шо викат Америте, ќе примаш повеќе поени, зато шо автоматски и другио тим игра со повеќе поседувања на топката. Овие нашите се стари, бавни, летаргични. Коби не е способен да игра одбрана со минутажата шо ја добива, Пау бавен е, Неш чорба е го газат ко мало дете, Двајт отко се врати од операција поќе со рацете мафта него шо се движи. И сега ако не можиш да се ослониш на најдобрите играчи да си ја бркат работата , на кој ќе се ослониш.
Во плејоф не влегват шо не влеват, треба 70% од следните утакмици да земат, му останва да забавуваат до крајо на сезоната, ако најдат начин да играт подобро и влезат во серија на победи нека му ја дума лигата другата година.