Дап, Артест е една од причините за недостатокот од мотивација... уште едно или две одсуства му остануваа?
Ама проблемот со одбрана на кец и двојка (кога Коби е на клупа) останува... страв ми е и да помислам што ќе прави Вестбрук во серијата ако Браун не смисли нешто...
А не гледам што може да твикува, Рамон нема да може да остане меѓу него и кошот, Блејк уште помалку. Споено со фактот дека ЛА традиционално слабо бранат пик&рол... Оклахома има изразена предност.
Перкинс како стои со повредата?
Само целосна доминација на Бајнам и искри од Коби не вадат во оваа серија. Да бидам искрен мислам дека Оклахома е најтежок противник до титулата... Ако ОКЛ падне ете уште една титула!
Уште една и се враќа, 7 утакмици беше суспендиран, една со Сакраменто од регуларен дел на сезона и сега 5 се изиграа од плејоф серијава, што значи уште оваа во Денвер текма ја пропушта и толку. Или на 7миот натпревар се враќа, или на првиот со Оклахома.
Искрено вчера вечерта легнав многу тажен.Таква игра на Коби Брајант да не биде крунисана за победа е стварно жално.Значи не е нормален.Бајнам како и секогаш ќе го критикувам за неговата неконстантност.Дечково мора да разбере дека титули се освојуваат со скокови (Пет Рајли).Едноставно ја нема онаа борба кај него како што ја имаше на времето Шек заради тоа за мене компарациите се глупави.Барнс истотака нека иде нека се леши зошто од 25 шута серијава и 2 погодени тројки...
Браво за Денвер, ја направија серијава за памтење.
Гасол дефинитивно беше човек на вечерта а сега гледате колкава разлика е Артест за луѓето што ги чува: Галинари никаде го немаше.
А на крај, и покрај (релативно) слабата вечер, Коби погодува бранета тројка кога е најважно!
LoL за Мајк Браун кога и по 7 утакмици пробува да игра смал-бол со нагетси... им го еба водството се додека не се сети дека не мора да парира така на Џорџ Карл. ЛА мора да проба да најде подобар тренер летово.
Фил врати се!!! --- надополнето: 13 мај 2012 во 08:36 ---
(мислев дека на плејоф темата постирам, ама не смета ни тука да има)
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.