Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
:kafence::kafence:
10407174_819378391511692_1407630167281554943_n.jpg
 
Единствени вредни за гледање се последниве две, првите 3 беа очобол, катастрофа кошарка. Меѓу другото ќе имате лошо мислење за Расел, зашто имаат ултра глуп плејбук. Последниве 2 личеа на кошарка ако ги изгубија.
 
Не знам што очекуваш кога куп деца, кои првпат играат заедно, ќе ги натераш да играат Принстон шема на напад? Па уште и со Марк Медсен за тренер... :)

Всушност целата таа идеја со Бајрон Скот е добра за танкање, или поточно беше добра за танкање. Следнава сезона скоро невозможно е да го задржиме пикот, па макар и да бидеме со убедливо најлош скор во лигата.

Впрочем ова во најдобар случај му е последна сезона Бајрон Скот. Затоа нема потреба да ги заглупуваат младичите со Принстон шеми. Дури и да го вратат некако Рик Аделман од пензија, па со тоа да дојде пристоен практикант на Принстон нападот - пак останува проблемот дека ростерот на тимот тек почнува да се формира. За Принстон требаат серија добри шутери на сите позиции, и центар кој одлично додава. Со сета должна почит кон Хиберт (и потенцијалот на новиот руки центар Упшоу), ниеден центар во ростерот на ЛАЛ нема ни одблиску таков потенцијал за асистенции и додавање (како на пример еден Владе Дивац, кој беше центар на Принстон нападот на поранешните Сакраменто Кингс).

Денешни Лејкерси и Принстон се рецепт за пропаст, и не само заради Бајрон Скот.
Нека го носат Тибодо што поскоро, велам јас! (y)
 
Просечна акција од летнава лига: Кларксон/Расел ја пренесува топката во другата половина, застанува сите околу него трчаат 15 секунди, остануваат 5 каде мора да шутне... и така секој 3 посед. Медсен нацрта акција на 1.1 секунда пред крај каде шутот за победа треба да го земе Рендл и тоа да шутне тројка од скроз неизградена позиција. Не ни шутна рендл тогаш. Расел изгледа лошо и има многу ТО, зашто воопшто не се синхронизирани со тимот. Безброј пати им паѓаше топката од раце на играчи што прават backdoor cut. Барем последниве утакмици играа подобро, Ненс мислам ќе биде добар играч за од клупа, многу се труди, се бори за секоја топка. Браун солиден 3&D играч, Рендл уште не е во форма, многу форсираше на почеток + воопшто не се труди во одбрана барем box-out да праи, Јабари Браун е откритието лигава, може да испадне и он добар играч за од клупа, Кларксон гази, веројатно најдобриот играч на турнирот е, Блек исто подобрен и Апшо ќе видиме проект е он, мислам ќе помине пола сезона во д-лига.
 
Ќе ги погледам снимките, немав прилика до сега (дури и последните две утакмици од финалето тек сега детално и на раат ќе седнам ги одгледам).
 
Просечна акција од летнава лига: Кларксон/Расел ја пренесува топката во другата половина, застанува сите околу него трчаат 15 секунди, остануваат 5 каде мора да шутне... и така секој 3 посед. Медсен нацрта акција на 1.1 секунда пред крај каде шутот за победа треба да го земе Рендл и тоа да шутне тројка од скроз неизградена позиција. Не ни шутна рендл тогаш. Расел изгледа лошо и има многу ТО, зашто воопшто не се синхронизирани со тимот. Безброј пати им паѓаше топката од раце на играчи што прават backdoor cut. Барем последниве утакмици играа подобро,
Медсен како тренер изгледаше скроз изгубено, целата офанзива се базираше на импровизации од Кларксон, Рендл и Расел, дефанзивно беа ужас, посебно против Јута.
Лоши беа и скриновите за Расел у пик-ен-поп/рол ситуациите, или Расел ќе тргнеше порано, или соиграчот каснеше и тоа предизвикуваше многу ТО, никаков тајминг.
 
Треба треба, да ги учи копиљаците на цврстина. :)
 
Ако сакаме да бидеме сериозен тим вакви глупаци не ни требаат.
 
Панда е многу сериозен. Смртно сериозен! ;)

tumblr_m2xrxvWP5x1rtxen9o1_400.gif



Озбилно (!) требаат ветерани да работат со новите момци, Рон е малку преемоционален, ама освен тоа - добар дечко е.
 
Артест е емотивно и психички нестабилна личност, али најсериозен сум кога го викам ова, така да не знам како он ќе им помага на помладите. Не си прајте бајрами на мозокот дека овој би бил корисен за тимов, му ебам тоа амебовидниот мозок.
 
Зошто сметаш дека Рон не би бил корисен за клубот?
- ветеран е (чек)
- искусен е (чек)
- тврд момак е (чек)
- вреден е, и на тренинг и на утакмица (чек)
- некој што копиљаците дефинитивно ќе го респектираат (чек)
- ќе игра за минамалец (чек)


Лејкерси следнава година реално немаат никакви амбиции, надвор од развивањето на рукијата. Што може да заебе Рон? Ништо. Дали може да им пренесе знаење и цврстина на новите момци... О да, најмалку тоа.
Баш ќе ми биде кеиф ако Рон дојде назад во ЛАЛ. Рон е еден од добрите момци, без влакна на јазикот. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom