Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
Не сум фан на Ливерпул ама поради Клоп до некаде го следам. Залудно е да се размислува за тоа да се избрка Клоп. Пред да дојде Клоп Ливерпул не беше ни за во ЛЕ а еве сега скоро сигурно игра во ЛШ и со тоа автоматски му се отвараат многу врати и се враќа престиж. Да, сезонава се чини можеше и повеќе во смисла директен пласман за ЛШ ама никако титула, за тоа Челзи беше предобар. Исто така видете со кој тим Клоп успеа да освои четврто место. Тоа е за секоја пофалба иако немаше Европски куп па и тоа малце му беше во корист.

Тие што бараат веднаш титула не се реални и не го рангираат Ливерпул таму каде што реално е. Најважно е што со Клоп има напредок и со макотрпна работа Клоп ќе успее и повеќе само не треба очекувањата да стануваат нереални.
 
Игорче, со должна почит али немаш поима што збориш. Клоп си е сам одговорен за своите трансфери, сам си е одговорен за играчите што ги има и сам си даваше изјави дека ова е негов тим, тимот што го посакува. Затоа изговорот „видете со каков тим“ паѓа во вода, затоа што ова е негов тим. Сам Клоп одбива пари за да прави трансфери, сам купува треторазредни играчи и сам тера со глава во ѕид против условно кажано послаби противници и јаде шамари дома и на гости.

Никој не бара веднаш титула освен оние како Бодо, Маринети и не знам кој друг беше на форумов кои што со самото доаѓање на Клоп одма мислеа дека само топ играчи ќе доаѓаат, оние кои што не му ја ни прателе кариерата на Клоп пред да дојде во Ливерпул. Од мене и од таквите како мене, оние кои се критички настроени нема да начекаш никаде дека бараме нити дека очекуваме титула. Јас искрено ни следна година не очекувам титула, нит па трофеј во Европа. Очекувам максимум до 1/4 финале во ЛШ и пласман преку лига во ЛШ следна сезона со освоен ФА/Карлинг. Годинава знаев дека не можеме да помирисаме титула, без разлика што не играме во Европа, едноставно овој тим нема квалитет. Клоп сам е виновен што овој тим е толку квалитетен зошто три преодни рокови он не се засилува квалитетно и за тоа ама баш никој не му е крив.

Иначе, тоа што тимот пред да дојде Клоп не бил за во ЛЕ е глупост, затоа што со тој тим Клоп стигна до финале во ЛЕ. Со неквалитет не се стига до финале во ЛЕ, со неквалитет се испаѓа у групна фаза, па ако сака менаџери нека ти бидат Анчелоти, Клоп, Конте и Симеоне.[DOUBLEPOST=1495403237][/DOUBLEPOST]
Исто така видете со кој тим Клоп успеа да освои четврто место.
Трофеј ќе му дадат или?

Иначе, со негов тим.
 
Не ги толкувај зборовите 100%, Клоп мора тоа да рече, не може да каже нешто друго ако сака да има успех со тој тим. Не сме во негова кожа и не знаеме што бил проблемот со трансферите ама има икс фактори за тоа дека трансфери не успеваат, мислам дека Ливерпул не беше доволно секси летово па Клоп, поред мене, добро постапи да не зема играчи само колку да се земат туку си рече ако не можам тие што ги сакам не земам никого. Некојпат и не е до парите, за џабе и милијарди да му дадеш.

Ти викаш дека тимот пред Клоп бил за во ЛЕ или подобар затоа што Клоп стигна до финале со нив. Ок, тоа е теза твоја. За џабе ако немаш тренер на клупа кој успева да извади максимум и повеќе од тоа. Веруј ми, во Дортмунд ги направи некои играчи да изгледаат како вонземјани. Гроскројц кој сега се врти низ втори лиги под Клоп успеа да стане светски шампион со Германија. Улогата на Клоп е видлива и тоа како. Покрај сите слабости што Ливерпул уште ги има па и поради Клоп, неговиот досегашен прогрес е за секоја пофалба.
 
Морам да ги толкувам како што се, не може да кажува едно а да мисли друго. Во август ако излезе со изјава дека ќе атакува на титула а заврши пример 7мо место пак ќе биде исто, не сме требале така да ги толкуваме? Не сме во негова кожа ни јас ни ти ама не можеш ти мене да ми кажуваш за трансферите на Ливерпул и како функционира клубот исто како што не можам јас да ти кажувам на тебе за Дортмунд. Ти знаеш 15 пати повеќе за клубот кој што ти го пратиш, исто како што јас знам толку пати повеќе за Ливерпул, така?

Јас знам дека некогаш не е до парите, тоа ни се случи нас со Алексис, кој не одјеба и покрај тоа што доби подобри услови ама тоа збори со други, не со мене. Јас знам дека играчот дали ќе дојде не зависи само и само од тоа кој ти е менаџер и знаев дека Клоп нема да атакува на топ играчи, исто како што не атакуваше ни во Дортмунд, туку на андерачивери кои ги претвараше во ѕверови. Знаев дека сака да игра играчи вон позиција, нешто што правеше во Дортмунд, што го прави и сега тука со пар првотимци. Мене тоа не ми е чудно, затоа што сум го очекувал.

Што конкретно е за пофалба, те молам ти како аутсајдер кој го гледа Ливерпул поради Клоп пар пати сезона и гледа пристрасно а не објективно, пошто го сака Клоп поради тоа што тој го има направено за твојот тим? Што повеќе има направено од Роџерс? Што повеќе има направено од Рафа? Што повеќе има направено од Далглиш? Зборам за сега, за до овој момент, не за тоа што може и тоа што ќе го направи во иднина, туку за до сега, нема апсолутно ништо и тоа е факт.

Слабостите на Ливерпул се слабости на Клоп. Кој сакаш прашај, ќе ти каже дека одбраната е најслабиот дел од теренот на Ливерпул а најјак играч од тој дел е Клајн, кој е воедно и просек. Милнер, играч на Роџерс го игра бек а зошто не купува бек, не знае ни сам. Матип и Клаван, негови играчи, онака, ајде можеби Матип отскокнува малку а овој сиромавиов не сакам ни да го коментирам пошто мислам дека ни децата не му знаат дека игра у Ливерпул. Ловрен, сувишно е да се збори за мисирот, па уште и му даде нов договор со 100к неделна плата, апсурд.

Затоа ти викам, не ми објаснувај за Ливерпул, пошто си пресубјективен према Клоп и дефинитивно немаш поима како стојат работите во клубот.
 
Клоп има услови како ниеден менаџер досега. Резултатите не му се ништо подобри од Рафа или Роџерс досега. За натака ќе видиме. Ама досега само некој што не го прател клубот ќе речи дека направил којзнае што. Или некој за инает ако зборува :coffee:
Лани имаше цела сезона курташак да си игра во ПЛ да се привикнува, за оваа сезона пак истите глупости да му се случуваат па уште и изненадено да делува. 3 трансфер периоди имаше на располагање, плус пари и одврзани раце да си го скрои тимот за сега да дојдиме на муабет - ами видете каков тим имаше. Кутриот, со Јованович и Поулсен беше приморан да игра :(
Уствари тимот не е воопшто лош. Треба засилувања секако, ама ни вака не е лош во однос на конкуренцијата. Со оглед на тоа дека и конкурентите ќе треба да носат еден тон играчи значи и не сме толку лоши. Одбраната е ужас ама се средува лесно и тоа. Нормално, не со давање 100к на имбецилот Ловрен да му ебам жената јас него. После некој друг ќе е крив што Клоп морал со Ловрен да игра назад. Како да нема очи да види што прави моронот.
Летово мора да се спружи со пари и да донеси играчи без многу натегања. Мора да го надогради тимот па после да не е курле крив што не одела работата и да мора 4то место трофеј да му биди. Или скраја да е, играњето во ПЛ да се смета за трофеј
 
Епа тоа е работата, он имаше триесе кола за условно кажано привикнување и да завршеше 12то место, никој немаше да му земе за зло ама да го рачунам како трофеј пласманот во квалификациско коло за ЛШ, никад.
 
Никој не го рачуна тоа за трофеј освен Бодо. И тој пошто мора го рачуна инаку до пред скоро само титули се броеја
 
Добро Бодо си води инает иначе да не му барам постови тука од бркање играчи, носење имиња, Ловрен цепеницата капитен итн итн...
 
Нека напиши сега да видиме што ќе се смета за успех наредна сезона :icon_lol: Да нема после отстапки и менување ставови
 
Дај бидете малце реални, сезонава имаше и доста повреди. Единствена грешка на Клоп сезонава според мене беше што не купи добар лев бек (со тоа на утакмиците кога играше Лукас, на негово место ќе беше Милнер). Ливерпул после долго време игра убав фудбал, конкурентен е со сите и покажува квалитет. Е сега што многу често имаше киксови со слаби екипи е друг муабет, ама Клоп покажа дека може да се носи со сите!
До година со добар стопер, лев бек и голгетер очекувам многу поуспешна сезона(топ 4 без проблем и борба за титула до крај + некој куп)!
 
Дај бидете малце реални, сезонава имаше и доста повреди. Единствена грешка на Клоп сезонава според мене беше што не купи добар лев бек (со тоа на утакмиците кога играше Лукас, на негово место ќе беше Милнер). Ливерпул после долго време игра убав фудбал, конкурентен е со сите и покажува квалитет. Е сега што многу често имаше киксови со слаби екипи е друг муабет, ама Клоп покажа дека може да се носи со сите!
До година со добар стопер, лев бек и голгетер очекувам многу поуспешна сезона(топ 4 без проблем и борба за титула до крај + некој куп)!
Ама и премногу го скастри тимот па и додатниот напор кај некои играчи резултираше со повреди. Јануарито беден месец беше за Ливерпул, барем во ФА купот мислам дека можевте подалеку да догурате.
 
Ама и премногу го скастри тимот па и додатниот напор кај некои играчи резултираше со повреди. Јануарито беден месец беше за Ливерпул, барем во ФА купот мислам дека можевте подалеку да догурате.
Нема дискусија и нема оправдување, тотално си во право! Ама да кажеш дека Клоп не донел напредок во Ливерпул е смешно...прво играчите се препородени како да не се оние истите од лани. Плус не ни треба "инстант успех" (ко второто место на Роџерс), и после пак да не нема нигде 5-10 години!
Нека се гради тимот полека, нека растат младите играчи и конечно Ливерпул да биде фаворит во секој натпревар!
 
Премногу сте субјективни и не знам зошто искрено ама ќе ви помине :D

Не можеш да кажеш „ги препороди играчите, како да не се оние од лани“ кога он им беше менаџер лани а не Де Бур.
 
Премногу сте субјективни и не знам зошто искрено ама ќе ви помине :D

Не можеш да кажеш „ги препороди играчите, како да не се оние од лани“ кога он им беше менаџер лани а не Де Бур.
Не беше. Прва сезона му беше оваа. Уствари и тоа не е сигурно. Можно е да откриеме дека не бил Клоп менаџер и дека доаѓа летово па наредна сезона да се препородат
 
Не беше. Прва сезона му беше оваа. Уствари и тоа не е сигурно. Можно е да откриеме дека не бил Клоп менаџер и дека доаѓа летово па наредна сезона да се препородат
Да да, лани му го препишуваме како успех тоа што стигнал до финале во ЛЕ ама не ни бил менаџер, ова му е прва сезона. Глеам Бодо ми се бламира со статистики на фб, како Клоп освоил најмногу поени во прва ЦЕЛА сезона, споредувајќи го со Рафа, Роџерс и Далглиш, без да напомене дека пример Рафа и Роџерс пред таа прва сезона Рафа и Роџерс имаа цели 0 (со букви НУЛА) утакмици за привикнување а од друга страна избраниот имаше 30 кола во ПЛ плус домашни и евро купови.[DOUBLEPOST=1495458829][/DOUBLEPOST]И се разбира, го занемарува фактот дека Рафа прва сезона освои ЛШ :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom