Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?

  • Вкупно гласачи
    100
Клајн е најконстантен.[DOUBLEPOST=1455930806][/DOUBLEPOST]Хендерсон е господ за сите наши во средина. Човекот се враќа од повреда, очекувате да биде Пирло и Стиви во едно.
 
Пoвредaтa нa Хендo не е ни сaнирaнa кaкo штo требa, oднoснo е oд тaкoв тип штo мoже дa oсеќa честo бoлкa и дa се пoвтoрувa, oднoснo не се знaе кoгa мoже пaк дa дoбие силни бoлки, кaкo штo рaзбрaв
 
Клајн е најконстантен.[DOUBLEPOST=1455930806][/DOUBLEPOST]Хендерсон е господ за сите наши во средина. Човекот се враќа од повреда, очекувате да биде Пирло и Стиви во едно.

Секогаш го заборавам Клајн. :D А баш ми се свиѓа како игра. Одличен е. Презадоводелен сум од него. Еден од подобрите трансфери на Ливерпул последниве неколку сезони.
 
Реално постои можност барем пола од овие имиња да не бидат тука и следна година. Најголем прашалник останува Стариџ.

Тоа што Клоп вика дека има квалитетни играчи, не значи дека истите нема да си заминат. Што ќе ти се квалитети кои се појавуваат еднаш на неколку утакмици.

Трансфер политиката да се донесат ѕверови или “идни ѕверови“ на Ливерпул не иде веќе мнооогу време. Не успеваат да привлечат големи имиња, лошо им оди предвидувањето на иднината со “талентите“ што ги зимаат, исто е и со оние “ѕвезди за сиромашни“ од типот на Лалана. Очекуваме тие играчи да бидат ѕвезди на тимот, а реалноста е дека не се ништо повеќе од “едвај првотимци“. Толку се плука по Милнер, а ликот не игра нешто послабо од порано. Ама порано не се очекувало од него да биде играч што ќе прави нешто повеќе од тоа да им помогне на останатите кои ја правеле разликата. Кога веќе не можат да привлечат некое поголемо име, барем нека земат некој што ќе биде просек константно на утакмиците. Барем нема да фрлаат толку пари и ние нема после секоја победа со разлика повеќе од 2 гола да ги сметаме за конкуренти за титула. Со една ѕверска утакмица и три катастрофални, нема стигнување подалеку од ова.

Секако дека секогаш можеш да си го испотиш гзот и да го одврзеш ќесето и да донесеш играч на место, али други се тие... :)

Со Грујич како аквизиција и КоЛкер како позајмица.....сериозно....тоа ви предзнак дека на Лето ќе се прави Чистка?
Сериозно мислите дека на лето ќе си заминат 12 играчи и ќе дојдат нови..../?
 
Со Грујич како аквизиција и КоЛкер како позајмица.....сериозно....тоа ви предзнак дека на Лето ќе се прави Чистка?
Сериозно мислите дека на лето ќе си заминат 12 играчи и ќе дојдат нови..../?

Никаде не реков дека 12 играчи ќе си одат/дојдат. Ја праам муабет за едно 4-5 играчи. Немаме ниту еден асален голман, немаме константна одбрана, средниот ред ме потсеќа на парталчиња зашиени како едно платно, немаме крила...

А и чистка од типот на бркање на Лалана, Ален, Енрике, Балотели мора да има. Коа веќе се пуваат на млади таленти, ете им места кои можат да ги заменат со млади, непреплатени играчи.
 
Колку побрзо ќе сфатите дека Мињоле и наредна сезона ќе е број 1, толку подобро за вас.
 
Нели Џерард кочеше у средина ?

Сите беа добри поред Џерард и Суарез.Сеа истите тие неможат 5 паса да поврзат. Срединава ни е лоша одкога си отидоа Алонсо и Маскерано.
И одбраната ќе биде подобра кога пред неа ќе застане еден Гундоган пример.
Хендо не е лидер нит има квалитет за да биде главен играч од средина. Он ти е Пипен а нас ни фали Џордан за да бидеме топ.
 
А и чистка од типот на бркање на Лалана, Ален, Енрике, Балотели мора да има. Коа веќе се пуваат на млади таленти, ете им места кои можат да ги заменат со млади, непреплатени играчи.
1. Пола на клупа пола на терен
2. Пола на терен пола ни во состав
3. Три утакмици за 2 години
4. Позајмен

Очигледно имаме различна перцепција за зборот „чистка“ кога станува збор за играчи во еден клуб :)
 
Чистка е Лалана,Ален,Лукас(иако може да остане на клупа) Балотели,Бентеке,еден централен(кој било),Фланаган,Енрике,Мињоле,Илори,Алберто,Тешеира,Виздом.
Џан клупа, Хендо зависи од форма.Стариџ ако се повреди пак.

Едини сигурни ми се Кутињо,Фирмино,Клајн и Морено.

И ова не е чистка ?
 
Последно уредено:
@Peja989 Зошто не е и исфрлање на ѓубрето од клупа класифицирано под "чистка"?Треба чистка и на нив, и тие играчи што играа во ФА и Капитол сезонава нема ниеден што задоволил со изданијата во континуитет. Подобро да се исфрли повеќе од половина од екипата(иако е тоа нереално) и првотимци и нивните замени.
Со оглед на тоа што не сме кадарни да се засилуваме со имиња, јас сум задоволен со трансфери како Матип. Солиден, млад и желен за докажување играч > Лукас, Шкртел, Енрике, Ален итн. Овие ги знаеме веќе што и како можат, нема да напреднат, толку им е. Треба трансфери ко Клајн. Не беше име ниту класа, а играше солидно во Сотон, не е платен многу, најконстантен е цела сезона. Да имаме во екипава уште 2-3 Клајновци друг ќе е муабетот.
 
Нема теоретска шанса Клоп да продаде 10тина играчи и да купи нови 6-7. Ќе направи смена на 3-4 играчи максимум. И нема Мињоле да е дел од чистата, колку и да не ни е по ќеф тоа.
 
Чистка е Лалана,Ален,Лукас(иако може да остане на клупа) Балотели,Бентеке,еден централен(кој било),Фланаган,Енрике,Мињоле,Илори,Алберто,Тешеира,Виздом.
Џан клупа, Хендо зависи од форма.Стариџ ако се повреди пак.

Едини сигурни ми се Кутињо,Фирмино,Клајн и Морено.

И ова не е чистка ?

1. Клупа - прва постава
2. Клупа - ни во тим
3. Клупа - прва постава - ни во тим
4. На позајмица
5. Прва постава - клупа (преплатен)
6. Вратен од повреда после година дена - резерва
7. Нема изиграно 3 утакмици 2 години
8. Прва постава
9. Нема изиграно 2 утакмици 2 сезони, праќан по позајмици, принудно вратен
10. Позајмица
11. Младинец (под наводници, пошто има 22 години, далеку од прва постава или резерва).
12. Позајмица
13. Прва постава
14. Прва постава - капитен
15. Повреден - прва постава

Од наброениве горе, може да се заклучи дека 70% од играчиве не постојат кога станува збор за прва постава. Чистка, сензационална, каква што најавуваш ти кога ќе пишеш „не можам да ги гледам веќе“ мислиш на првотимците и оние кои најчесто се прва постава. Мислиш на Хендо, Милнер, Сако, Шкртел, Џан, Бентеке, Ален, Лалана. Не можеш да најавуваш сензационална чистка а ако бараш отстранување на Алберто, Илори, Флано, Виздом, Лукас, Енрике, Тешеира. Не е тоа чистка, тоа е отстранување на дед вуд. Чистка е кога треба да се менуваат првотимците. Овие немаат 10 утакмици се' на се' изиграно за Ливерпул бе брат :)

Како и да е, не знам ти како очекуваш клубот да нема и играчи кои се со мизерен квалитет, кои ќе дремат на клупа, нема да играат по 2-3 месеци а сепак ќе бидат спремни да играат за клубот и нема да сакаат да си одат. Ако мислиш дека Ливерпул е клуб кој може да задржи играчи како Лалана, Бентеке, Џан, Хендо, Сако, Ловрен за да добиваат шанса во купови и да играат еднаш во 2 месеци, си се заебал. Впрочем, не знам кој клуб на планетава земја во моментов е таков освен топ5 тимовите, кои ќе ги тргнеме на страна. Мислам на Реал, Барса, Баерн, Јуве и еве Сити со катаљарда преплатени играчи ќе го ставиме тука.

Затоа ви велам, престанете да си правите бајрам на умот, дека ќе има којзнае каква чистка на играчите, дека ќе летаат којзнае колку првотимци и дека ќе се носат класа играчи. Грујиќ, Кокер и Матип треба да ви биде предзнак дека ќе се носат далеку од сензационални играчи: Се разбира, не се исклучува можност да се донесе едно име, кое ќе направи бум ама не ми е сигурно, тоа е барем мое мислење. Ако дојде, добро дошол, ако не, никому ништо зошто не сум го ни очекувал.[DOUBLEPOST=1455981498][/DOUBLEPOST]
@Peja989 Зошто не е и исфрлање на ѓубрето од клупа класифицирано под "чистка"?Треба чистка и на нив, и тие играчи што играа во ФА и Капитол сезонава нема ниеден што задоволил со изданијата во континуитет. Подобро да се исфрли повеќе од половина од екипата(иако е тоа нереално) и првотимци и нивните замени.
Со оглед на тоа што не сме кадарни да се засилуваме со имиња, јас сум задоволен со трансфери како Матип. Солиден, млад и желен за докажување играч > Лукас, Шкртел, Енрике, Ален итн. Овие ги знаеме веќе што и како можат, нема да напреднат, толку им е. Треба трансфери ко Клајн. Не беше име ниту класа, а играше солидно во Сотон, не е платен многу, најконстантен е цела сезона. Да имаме во екипава уште 2-3 Клајновци друг ќе е муабетот.
Еве на Бодо му реплциирав, прочитај да видиш што мислам и што подразбирам јас под чистка на играчи. Да не се повторувам :)
 
Клајн е најконстантен.[DOUBLEPOST=1455930806][/DOUBLEPOST]Хендерсон е господ за сите наши во средина. Човекот се враќа од повреда, очекувате да биде Пирло и Стиви во едно.
Aj da te prasam tebe i site drugi...koga ste go videle hendo onaka maski da iskliza da vleze vo duel ili nesto slicno...nikogas covekot e mekusar i ne e za kapiten na lfc...na pocetok se protivev no se uvide deka milner e najkonstanten i zasluzuva kapitenskata...covekot gine na teren ...
 
Аман не го викај Кокер срамота е !!:)
Мило ми е што се сложуваш со останатиот дел од постот :)[DOUBLEPOST=1455982736][/DOUBLEPOST]
Aj da te prasam tebe i site drugi...koga ste go videle hendo onaka maski da iskliza da vleze vo duel ili nesto slicno...nikogas covekot e mekusar i ne e za kapiten na lfc...na pocetok se protivev no se uvide deka milner e najkonstanten i zasluzuva kapitenskata...covekot gine na teren ...

Ако Хендерсон во овој клуб, во овој состав не покажува жар и муда, покрај Шкртел, не знам кој покажува.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom