Ден 2.....
Сеуште не ја знам причината поради која не играме со формација 4-4-2?
Се плашам дека инаетливоста на Роџо ќе го удри тврдо по глава што дури и нас ќе не здоболе сред сезона.
До такво нешто сеуште не е дојдено...ама со 3 неповрзани паса за 5 кола....натаму иде работата.
Имаме очигледен 4-4-2 состав....имаме играчи што и подобро може да се вклопат во 3-5-2 формација...
Никако немаме состав кој може да ротира цела сезона во 4-3-3 формација.....посебно не без Кутињо.
Кутињо го потенцирам затоа што тој е единствен кој што може да не му се забележат грешките за играње на принудна позиција Лево крило.
После Стерлинг.....ниту еден играч неможе да игра лево.....добро може Лалана.....ама кое фајде!
Одбраната....
Освен што одбраната ни изгледа како најголемите дудуци да се собрале во неа.....Играчите пред нив помогнаа и те како во тој дел.
Колку ли само се нервирам коа видам пас од некои си 30 метри пред гол да влезе во 16тник (сличен на оној како пеналот на Гомез).
Општо како тим се браниме ...катастрофа!
Да потенцирам...добра одбрана не значи сите набиени во 16тник......добра одбрана значи не поминување на центарот од страна на нашите противници!
Во сета оваа збрка после утакмицата со манјун....сакам да прашам .....
Кога ќе се врати Стариџ......каде ќе игра а да останат во игра Бентеке, Кутињо и Фирмињо?--и во моментот одма иам флешбек на таа 4-3-3 формација.
Искрено се надевам дека се ќе се среди....затоа што опасно лошо ќе биде да се најдеме во ситуација да бараме нов менаџер сред сезона.
ПС. Шо му фали на тимов бре....