- Член од
- 14 април 2012
- Мислења
- 33.562
- Поени од реакции
- 69.852
Како сеуште да не му е јасно дека има предност во голмански простор. Абе кога оди на топка, нека крене тоа коленицата, нека нокаутира играч на 2-3 натпревари па да се плашат противнички играчи во негов простор а не вака они му се газди а тој пустиот се плаши. Еве види го и за голот, се двоуми дали да излезе. Јас искрено overall сум разочаран од Мињоле, од тоа до сега што го има покажано во дресот на Ливерпул.
Мислев дека замената на Суарез ќе биде побезболна ама излгеда дека ќе треба месец-два додека се воиграат без него. Вакви утакмици тој ги решаваше во 30та минута. Сега и без Стариџ, потешко.
Вчера Ливерпул почна да биде конкретен кога се врати на дијамант поставеност, со двајца во шеснаесетник (Борини и Бало). Борини кога влезе му направи простор на Бал да игра а пред тоа заспаниот среден ред не ствараше никаков притисок и цела одбрана беше на грб на Бало и овој нормално, не можеше ништо да направи.
Дијамант поставеност со Џерард/Џан-Ален-Хендо во средина ќе донесе резултати. Кога играме со петорица средни играчи, без разлика дали офанзивни или дефанзивни играта ни се гуши, премногу и не се знае кој игра дефанзива, кој офанзива, кој креира, кој брани...
Ќе им треба време.
Не е така лесно како што изгледа. Зборам конкретно за ситуацијата од последниот гол.
Синоќа е најубав пример за тоа, пуштаат длабинска топка, а голманот не стигнува до неа ради тоа што има од другата страна има побрз играч и има свој одбранбен играч што трчкара покрај него. Треба стартна брзина на голманот, и доста добар преглед на играта. Како Ноер и Лорис што прават ... Но и најдобриот голман има проблем кога има брзи играчи од другата страна. Сети се на мечот меѓу Баерн и Реал.
Еве, гледам, сега пробуваат нешто такво и со Де Геа, ама и он имаше епизода како Мињоле на последниот меч.
Тоа што Мињоле е линијаш на нафрлени е нешто што најмногу мразам кај голмани.