Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
Како сеуште да не му е јасно дека има предност во голмански простор. Абе кога оди на топка, нека крене тоа коленицата, нека нокаутира играч на 2-3 натпревари па да се плашат противнички играчи во негов простор а не вака они му се газди а тој пустиот се плаши. Еве види го и за голот, се двоуми дали да излезе. Јас искрено overall сум разочаран од Мињоле, од тоа до сега што го има покажано во дресот на Ливерпул.

Мислев дека замената на Суарез ќе биде побезболна ама излгеда дека ќе треба месец-два додека се воиграат без него. Вакви утакмици тој ги решаваше во 30та минута. Сега и без Стариџ, потешко.
Вчера Ливерпул почна да биде конкретен кога се врати на дијамант поставеност, со двајца во шеснаесетник (Борини и Бало). Борини кога влезе му направи простор на Бал да игра а пред тоа заспаниот среден ред не ствараше никаков притисок и цела одбрана беше на грб на Бало и овој нормално, не можеше ништо да направи.

Дијамант поставеност со Џерард/Џан-Ален-Хендо во средина ќе донесе резултати. Кога играме со петорица средни играчи, без разлика дали офанзивни или дефанзивни играта ни се гуши, премногу и не се знае кој игра дефанзива, кој офанзива, кој креира, кој брани...
Ќе им треба време.

Не е така лесно како што изгледа. Зборам конкретно за ситуацијата од последниот гол.

Синоќа е најубав пример за тоа, пуштаат длабинска топка, а голманот не стигнува до неа ради тоа што има од другата страна има побрз играч и има свој одбранбен играч што трчкара покрај него. Треба стартна брзина на голманот, и доста добар преглед на играта. Како Ноер и Лорис што прават ... Но и најдобриот голман има проблем кога има брзи играчи од другата страна. Сети се на мечот меѓу Баерн и Реал.
Еве, гледам, сега пробуваат нешто такво и со Де Геа, ама и он имаше епизода како Мињоле на последниот меч.

Тоа што Мињоле е линијаш на нафрлени е нешто што најмногу мразам кај голмани.
 
Pa i De Gra aber nema od nafrleni topki.
Top golman si e Mignolet, ne e kriv sto ima umreni lugje pred nego, Dejan Lovren.
 
Ловрен е посебна приказна. Самопрогласениот лидер на одбраната на Ливерпул :)
 
Мора да играме со два напаѓачи, иначе не иде. Ламберт треба да стартува со Вест Хем. Не иде со тројца техничари никако, премногу се, им фали комплетирањето на акциите. Мора да ја стабилизираме играта, ете сега е повреден Стариџ, да стартуваат Бало и Рики таман со Борини на клупа. Дополнителен напаѓач сам по себе си влече опасност и држи дефанзивни играчи на себе, што остава простор за другите да креираат акции, а додека тоа се случува, еден техничар и другиот напаѓач се доволно да ја избушат одбраната. Ламберт мислам би бил идеалка за тоа. Мора така да играме поготово сега кога и Борини остана.

Сакаш да ми кажеш дека оваа сезона Ален не си ја врши својата работа?
Не знам, не играше доволно за некоја пресуда да дадам, али познавајќи го сметам дека не би си ја вршел како што треба. Али добро, сега кога и Џан е повреден ќе се најде место за него, до зима. На зима ќе мора да се земе некој кој ќе ја стабилизира средината, да не повторувам кој. Ете сега сме со Џерард и Хендо само како првотимци, Џан повреден, а Лукас и Ален како играчи на кои не можеш да се потпреш. У секој случај ќе имаат бајаги време и утакмици сите да се докажат, овојпат сезонава стварно ќе биде долга со сите натпреварувања.[DOUBLEPOST=1410966923][/DOUBLEPOST]Аа да, и Мињоле треба да добие конкуренција. Го кажував и за Реина тоа, а и за кој било голман би го рекол. Сметам дека не можеш да имаш успешен клуб ако немаш конкуренција на голманската позиција. Не треба да се замени, али ко што рекоа некои, треба да му гори малце под нозе.
 
Pa i De Gra aber nema od nafrleni topki.
Top golman si e Mignolet, ne e kriv sto ima umreni lugje pred nego, Dejan Lovren.
њтф? Порано не искачаше, од кога почна да работи со Крис Вудс лани, искача. Ај баш обрни внимание на наредната утакмица. Но и за Мињоле и за Де Геа и за било кој не значи дека треба по секоја ко мува без глава да искача.

Ловрен језда не се снаоѓа баш на почетоков ама фацата на Мињоле кога топката е во воздух е како некој да му вперил пиштол, треба да поработи на тоа.
 
Ја мислам најбоље да го земеме Тафарел.
Пошто возраста не игра улога кога станува збор за голман.
Голманите се како виното, што постари толку се подобри.
И, честито победа, каква - таква 3 бода. :pipi:
 
Ја мислам најбоље да го земеме Тафарел.
Пошто возраста не игра улога кога станува збор за голман.
Голманите се како виното, што постари толку се подобри.
И, честито победа, каква - таква 3 бода. :pipi:

Ако е така, Реј Клеменс да си го вратиме, а?
 
Ќе има нешто за Лудогорец-Ливерпул во Софија? ако планирате нешо или некое инфо за посебни карти од нашиве агенции пишете... или пак ако се организира нешо.
 
Балотели и Борини ќе газат у напад, му треба на копилето еден до него што ќе му трча и што ќе му ствара простор и шанси, со Ламберт ќе се гушат.
 
Ламберт е повеќе за импакт од клупа, нешто како со Саутемптон, 70-80та минута.
 
Море нека се врајча Стариџ и Ловрен на клупа оти ништо не прајме вака. Креативност, завршница 0. Кога можеше дијамантот да направи 10 победи со ред лани, зошто Роџерс не игра така, макар и со играчите што ги има на располагање не ми е јасно. Се гледа дека во 4-5-1 е ептен загушливо и нема кој да завршува акции
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom